Едно мое гледиште на работите, а вервам и голем дел ќе се согласат.
Големиот залак за нас ЛШ, не излажи ни даде лажна надеж дека сме екипа за тој калибар, ама не сме. Требаше уште барем 2 сезони да се игра лига европа, да се напрај хемија, тим да се склопи кај шо играчите ќе играт барем 3 сезони заедно. Ние секоја нова сезона различна постава вадиме, зато беа и тие резултати во ЛШ. Сменавме 5,6 тренери во неполни 5 години. И то е проблем.
За во иднина мое гледиште ни треба тренер со реноме, со искуство да склопи тим да се остај да поработи неколку сезони па да добиеме некаков продукт.
Самите порази во ЛШ, ни беа очекувани за до душа дома имавме шанси да победиме, ако не и бод да скиниме сигурен сум во то.
Исто така негативните резултати, напраја револт и критика кај навивачите, полу празна сала и тн. Шо не е изговор, како шо велиме и кога гувиме и кога водиме ќе те бодриме.
Се надевам од наредна сезона ќе почни да се работи поќе на маркетинг, земете еден дуќан турнете од теретана дел незнам барајте чаре редно е да имаме фан шоп.
Честита да ни е титулата, дај боже да се полнат пелистерските витрини, вака спортска Битола не била времиња.
САМО ЕДНО ИМЕ ЗНАМ ПЕЛИСТЕР БИТОЛА