Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Проблеми со временските промени имаат веќе не само старо, туку и младо....тоа е на жалост.
...кога се нема одговор секогаш времето е криво и кај младите и кај повозрасните! :(
Дали имате проблеми со честите и ненадејни промени на времето ( барометарскиот притисок) ??
Деновиве мислам кажуваа и за сончева бура, дали таа има сличности со Сончевите Пеги во август 1972, тога= имав напади на вертиго 3 месеци, па пиев Торекан...
вчера попладне имав напад на Вертиго а и на спазми во желудник, можно ли е и до кај нас да имало влијание на поларната светлина и геомагнетските бури, а читав и за црвено небо во Србија ??
...нормално дека наглите промени делуваат кај човекот, но само како тригер на уште посилно потенцирање на некои симптоми кои се резултат како последица од други здравствени проблеми.

...штом е спрегата комбинација вртоглавица и дигестивни проблеми, често пати имање на „скриена желудачна кила“, или проблем со жолчка или погрешна исхрана во нагли обилни оброци или проблеми со столица со запек знаат да дадат не само вртоглавици туку и покачен крвен притисок и тахикардија во моментот, а со самото празнење на желудникот или излегување по голема нужда, народски кажано, „притисокот врз крвните садови се намалува“ и симптомите ќе се повлечат или барем ќе се намалат,
...инаку да не спомнеше „спазам на желудникот“, тогаш вртоглавицата би била од друга природа, дали склеротични промени на мозокот, дали проблеми со средното уво.
...инаку, подалеку од лекот Торекан (тиетил-еразин малат, група фенотиазин), има многу незгодни несакани дејства, затоа денес многу поретко се применува!
 
Последно уредено:
Член од
24 јули 2022
Мислења
12
Поени од реакции
3
Здраво на сите
Би сакала да ве замолам совет и решение за
fatigue syndrome
и за
Adrenal fatigue syndrome

Би благодарам.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.865
Поени од реакции
8.426
Здраво на сите
Би сакала да ве замолам совет и решение за
fatigue syndrome
и за
Adrenal fatigue syndrome

Би благодарам.
Решение кај ендокринологот кој ја правел дијагностиката и дошол до таа дијагноза. Ние тула на графчиња не гледаме. А можно е некој да улета со клизачи од google.com но тоа нема да ти помогне, туку само ќе те збуни уште појќе.
 
Член од
24 јули 2022
Мислења
12
Поени од реакции
3
Па јас немам дијагноза но чувствувам вакви симптоми па било каков совет е добредојден...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.865
Поени од реакции
8.426
Па јас немам дијагноза но чувствувам вакви симптоми па било каков совет е добредојден...
1. Запиши се на фитнес или најди си некое хоби.

2. Престани да се занимаваш со глупости!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.192
Поени од реакции
10.159
Премореност,немање на енергија чувство на умор но се нема потреба за спиење и слично
Така ли...аха....не сум знаела дека така се вика таа работа.
Кога човек не е физички уморен нема многу потреба за сон, нормално, ако си по цел ден дома и само седиш....убаво ти пиша кадаифчо, оди некаде во некој клуб, барем сега вие младите може да бирате, на секое ќоше има, дали аеробик, зумба, јога, планинарско друштво, пливање и др.
Прашање е зошто немаш енергија, дали ти е поради психички проблеми немаш воља или пак поради некој недостаток на витамини...немам појма.
Потруди се да си го смениш начинот на живеење.:)
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
IMG_20240531_160956.jpg
Се работи за жена, собираме мислења, носам протеза од пред 2 месеца, има зголемени лимфни јазли на врат под јазик, и под мишка, може ли да е од протеза, дури еден доктор не прати на ЦТ да се провери но тоа многу зрачи, се сомневаме на лимфома, колку мож да открие оваа крвна слика
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Прегледај го приврзокот 418871
Се работи за жена, собираме мислења, носам протеза од пред 2 месеца, има зголемени лимфни јазли на врат под јазик, и под мишка, може ли да е од протеза, дури еден доктор не прати на ЦТ да се провери но тоа многу зрачи, се сомневаме на лимфома, колку мож да открие оваа крвна слика
...па споредувајќи ги добиените резултати со референтните вредности, резултатите се добри, за да има нешто тука како знак „за нешто“ мора да биде вредноста многу многу повисока или многу многу пониска , барем половина од референтната вредност (P-LCC пример што е за нијанса помала таа состојба на блага тромбоцитопенија може да е како резултат на несакано дејство на некој лек или од друго потекло, но не поврзано со вашето сомневање на лимфома), со лимфоцити и леукоцити нормални вредности ќе мора дополнителни дијагностички анализи за да би се рекло дека е лимфома.

Screenshot 05-31-2024 23.58.00.png


...побарајте второ мислење, доколку има протеза можеби тоа е и причината, а за каква протеза се работи вградена ли, инплант нешто?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.865
Поени од реакции
8.426
Прегледај го приврзокот 418871
Се работи за жена, собираме мислења, носам протеза од пред 2 месеца, има зголемени лимфни јазли на врат под јазик, и под мишка, може ли да е од протеза, дури еден доктор не прати на ЦТ да се провери но тоа многу зрачи, се сомневаме на лимфома, колку мож да открие оваа крвна слика
Доколку има зголемени лимфни јазли тогаш ЦТ е следниот чекор. После тоа се врши одстранување на еден лимфен јазол и се праќа на патологија. Лабораторихата е во ред, сепак ова не исклучува лимфом. За еден индолентен лимфом без таканаречените "бета симптоми" е потребно следење на состојбата од онколог.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
носам протеза од пред 2 месеца,
... инфекцијата по целосна артропластика на колкот или коленото може да биде катастрофална, но не спомнувате ништо околу болка, нестабилност на протезата и нефункционалноста ни на кое место е поставена за да би се поврзало со зголемени лимфни јазли, а велите протезата поставена пред два месеци.

...искрено не знам зошто, ама ете имам пречувство дека лимфаденитис (медицински термин за воспалени и зголемени лимфни јазли), што најчесто се должи на инфекција на друго место, а што ако е околу протезата ткивото инфицирано?

...околу 600 лимфни јазли имаме во нашето тело, ама лимфните јазли може да се почувствуваат само под вилицата, под рацете и во пределот на препоните како што е случајот кај вас како генерализиран лимфаденит што може да биде предизвикана од инфекција која се шири низ крвотокот или друга болест која влијае на целото тело.

...доколку се оди во тој правец многу е важно да се најде причината за инфекцијата под претпоставка дека тоа е причина за лимфаденитис (зголемени лимфни јазли) и брзо да се започне со лекување зависно дали е инфекцијата (брис, биопсија) од бактерија, вирус, габа се оди итно со терапија со антибиотици, антивирусни или антифунгални средства дадени преку уста, IV или инјектирање.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.379
Можно ли е ова да е тромб?
ајдеееее, од каде пак таква идеја, тоа ти е некоја кожна промена или имунолошка реакција само на едно место имаш, да не те касна нешто?

20240602_213550.jpg

...ова е твоја слика, да споредиме со други слики што би можело да биде иако ти ништо не кажа околу ова твоја кожна промена, дали те чеша, дали ја има на повеќе места и на која локација е ова, кога си приметил дека ти избило, дали си бил викендов во природа си пиел алкохол или едноставно е некоја алергиска реакција ако си јадел да речеме јајце или нешто што така изреагирало твоето тело...итн.

пример 1
Cercarial dermatitis ("swimmer's itch") кожни везикули со дијаметар од 5 mm предизвикани од безопасни паразитски ларви (церкарии) од различни видови Trematode со појава на чешање помеѓу вториот и четвртиот ден по инфекцијата.

CercariaDermatitis.JPG


пример 2

еве како изгледа местото после остранување на крлеж и имуна реакција од негов убод!

800px-Site_of_tick_removal.jpg 800px-Tick_after_removal.jpg


пример 3

понекогаш при конзумирање на алкохол излегуваат вакви црвени промени на коѓата кои не чешаат и самите исчезнуваат после два три дена ако не се пие воопшто алкохол и тоа најчесто излегуваат на нозете.

Screenshot 06-02-2024 23.19.44.png
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2024
Мислења
5
Поени од реакции
5
ајдеееее, од каде пак таква идеја, тоа ти е некоја кожна промена или имунолошка реакција само на едно место имаш, да не те касна нешто?

Прегледај го приврзокот 419124

...еве како изгледа местото после остранување на крлеж и имуна реакција од негов убод!

Прегледај го приврзокот 419125

...остранетиот крлеж!
Дада само на едно место, го приметив кога се вратив од трчање, не приметив дека ме касна нешто, иначе имам густа крв и покачен HCT и хемоглобин па стално су на штрек за овие работи, фала за одговорот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom