Воспитување на дете кога живееме во близина на баба и дедо

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
Небитно е во која држава се наоѓаш, ако си одлучил дека ќе создаваш фамилија, треба да си спремен да преземеш чекори кои се надвор од зона на комфор.
И не треба да заработуват којзнае колку, или да прават чуда, се е до решителноста и спремноста на луѓето. Не секогаш сме имале пари, баш напротив, но од прв момент сме живееле далеку од нашите, иако сме жртвувале и одмори и излегувања.

Работа се наоаѓа, и во Македонија помина времето кога беше страшно ако те избркаат од работа, небитно на професијата. Веќе се мачат да најдат кадар во секоја област, па не е изговор за тоа што некој се тутка со мама и тате, а сака приватност, па уште и сите да му се клањаат.

Очигледно тебе те одгледале и израснале истите луѓе од кои сега се плашиш дека ќе ти го оштетат детето, не гледам дека ти биднало нешто лошо, а нема да му биде ни на детето со тоа што еднаш ќе касне храна која не е по препорака. Ако почнеш да „гуглаш“ за сите можни несакани ефекти кои може да се случат, ќе ти биде страв да излезеш од дома и ќе живееш на прашок и суплементи (хинт, оди побарај видеа со зеленчук и овошје под микроскоп да видиш какви буби имаш таму).
Реалноста е дека таквите екстремни ситуации се статистичка грешка. Човекот во текот на еволуцијата немал ни 1% од условите што ги има сега, па пак преживувал, и тоа не толку одамна, пред само 70 години во Македонија се имаат пораѓано дома и од страна на рандом селски баби, а децата им спиеле на ржани рогозини, во иста соба со уште 10+ луѓе, немале чешми по дома и имале „полски вециња“. Малку пред тоа цел свет бил во страотни војни, немале ни да јадат и живееле во мизерија од хигиена, па пак се родиле деца, пак преживеале и не сме уништени како вид. Немој само да пребараш како било во среден век, по логиката од сега, не требаше никој да преживее.

Не викам дека се неспособни, туку разгалени и непринципиелни. Не треба да си којзнае колку успешен за да ги знаеш и почитуваш овие работи. Ако до толку ги мразат тие старите, треба да си соберат парталите и да се тргнат во свое, а не од една страна убаво е некој да помага во секој можен аспект, ама од друга и треба да ни игра како што ќе свириме.

Погрешна ти е процената, ниту имам љубомора, ниту ме интересира кој што добил, единствено не почитувам дволичност и лажно глумење на жртви. Животот и човечките односи се премногу едноставни, проблемот е што луѓето не се искрени поради Х причини и ситни бенефити, па после кукаат на страна.
Апсолутно, човекот преживувал во секакви услови.
Зошто ти се пресели во Аус? Зарем во МК не можеше да преживееш? Или сакаше подобар квалитет на живот?
Каков телефон користиш? Nokia 3310 или смарт?
Ако развиеш некаква болест, сакаш да те лекуваат по протоколи од пред 50 години или со нови?

Во човечката природа е да сака подобро. И секој родител го сака најдоброто за своето дете, и нормално дека ќе следи нови препораки од релевантни здравствени институции, а не совети од баба и дедо кои гледале дете пред 30 години и од тоаш до денес немаат никаква допирна точка со тематиката.

Мене муабетот не ми беше за повремено давање храна која родителот не ја одобрува, туку за константно преминување граници и на некој начин превоспитување на детето. И останувам на мислењето дека таа помош што се нуди не треба да се условува, пошо е во најдобар интерес на детето.
И не ја сфаќам опсесивноста со давање чоколада и газирани пијалоци на деца, ниту па можам да разберам зошо на темава упорно се збори дека ваквата исхрана е дел од некој здрав баланс.
Најбрзо растечки рак меѓу младата популација е рак на дебело црево. До толку што многу земји и ги намалуваат возрасните граници за скрининг од 60 на 40 години, и многу доктори советуваат самоиницијативна проверка во 30тите. Никој не знае кој е причинител, но сите се согласни дека исхраната игра најголема улога. Па кој сака може да прочита повеќе, како цревната флора во најраните години влијае долгорочно. А и не мора, може да остави се во рамките на статистички грешки.

Јас верувам дека нашите родители не израснале со најдобри намери на ум, но знаењето и достапноста до информации во тоа време беше скоро непостоечка. Јас се сеќавам кога одевме по родендени ко деца секоаш имаше кока кола како пијалак, и демек за да не настинеме, за да не е толку газирана кока колата, родителите ставаа лажичка-две шеќер во чашите :facepalm:
Јас еве израснав на езеро, летно време по цели денови на плажа, не паметам ниту моите родители, ниту некој други родители да се замараа со мачкање со креми со заштитен фактор. Горевме, но тоа се сметаше ко чекор поблиску до потемен тен.
Денес кога скоро сите знаеме колку е штетно сонцето и таа директна изложеност, зошто да не се заштитиме?
Аииии само немој за вегетаријанство/веганизам кај деца наметнато од страна на родителите. Тоа никако не го поддржувам и апсолутно сум против експериментирање и наметнување таков lifestyle на детето уште од мали нозе. Ако ти како родител сакаш да живееш таков живот океј, ама немој да лечиш сопствени фрустрации преку детето. Кога ќе порасне само нека си одлучи дали ќе јаде месо или не.

И знаеш како би постапила во таква ситуација? Никако преку децата, туку директно и отворено преку родителите. Би ги седнала двајцата и би ги едуцирала преку power point презентација, со студии и факти и аргументи против вегетаријнство кај деца, кои се несакани ефекти и последици од тоа.
Ама јас иам примери во околина кои се вегетаријанци поради религиозни причини. Генерации уназад израснале како вегетаријанци, сеа и децата ги растат исто. Не гледам да им фали нешо, ни физички ни ментално. Башка малото е 2 недели разлика со моето, а во сите milestones е понапредно, струја е. Кои се тие студии кои се против вегетаријанство? Те прашувам искрено, пошо тука ставот е дека нема негативни последици, баш напротив. Башка во сите градинки на дневно мени има две опции, една е со месо/риба, друга е вегетаријанска.
И не гледам зошо овој начин на живот е "лечење фрустрации на родителот", а пример пренесување религиозни верувања се смета ко традиција. :)

Исто е ова со тоа "тие што немате деца на темава најгласни сте". :)
Значи, се согласувам. Егото на страна, и почитување на туѓо мислење.

Ова не е реплика за тебе, туку за забелешката од погоре.

Што е поентата на тоа "вие не разбирате, немате деца" ? Немаме деца и немаме право на објективно мислење? Да, многу работи се учат со искуство, ама затоа и мислењата и ставовите не се секогаш константни туку се подложни на варијации. Искуството како такво секогаш ќе ви биде огромен плус, ама џабе ти е искуство ако не прифаќаш критика, сугестија, помош, поддршка, и мислиш дека си само ти најдобар во тоа што го правиш.

Немањето деца, не значи дека не може правилно да ги резонираме нештата и да расудуваме. Па сите имаме браќа и сестри со деца, пријатели, другарки, другари, роднини. Тука си правиме муабет на една општа тема. Инаку има и такви кои имаат деца а многу често не знаат што да прават и што ги снашло (не зборам за никој конкретен лик од темава, туку за реални примери од мојот живот кои секојдневно ги гледам).

Без разлика што немам деца, сметам дека имам доволно искуство со бебиња, доенчиња, мали деца, па и тинејџери и си земам за право да кажам што е правилно, а што погрешно (посебно од медицински аспект, кога е во прашање психофизичкото здравје на децата). Секако вие може да се согласите со моето мислење или не, може да го прифатите или не, ама пак ќе кажам тука сме да си правиме муабет, да водиме конструктивни дебати, преку кои може да се преиспитаме себе и своите ставови и да научиме нешто ново, зошто да не.

Се што е умерено е океј, се што е претерано не е океј. Баланс мора да има.
Поентата што Агда се обидува да ти ја долови е дека немаш објективно мислење, колку и да мислиш дека имаш :)
Исто ко ваљда тебе што те нервира кога имаш пациент кој се прави доктор преку гугл, а ти имаш практично искуство и години учење теорија во позадина.

Кога ќе станеш родител, ќе видиш колку од размислувањата ќе ти бидат базирани на инстинкт, а не на ум. Кога ќе те фаќа паника пошо доаѓа вечер и се приближува witching hour, знаеш дека те чека 3 часа плачење на детето, а ти си беспомошен буквално. Е кога ќе го поминеш тоа, секој ден со месеци, кога ќе ја прележиш првата сериозна настинка и видиш колку брзо може да им ескалира состојбата ( од прво закашлување до прием на итна поради гушење во 3 часа ), или колку една скокната дремка може да ти го заебе денот, и многу ситуации кои ни на крај памет не ти доаѓаат кога од твоја гледна точка размислуваш што значи и опфаќа грижата за дете, ќе те видам дали ќе зборуваш за здрави баланси, или дали Лестер ќе остави било која следна ситуација која може да ја контролира да оди во делот на статистичка грешка, па да си ја чука главата цел живот.

Идните мамички и татковци нека ја намалат иронијата на темава :D Да не биде нисам знајала. Се што ќе кажете, јас нема вака, јас нема така, јас ќе правам вака, а не така, ама се ќе ви се мавне од глава. Прашајте паталец, а не гаталец ;)
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.820
Поени од реакции
10.431
Идните мамички и татковци нека ја намалат иронијата на темава :D Да не биде нисам знајала. Се што ќе кажете, јас нема вака, јас нема така, јас ќе правам вака, а не така, ама се ќе ви се мавне од глава. Прашајте паталец, а не гаталец
Ај онаа со кафето дојде и не тегнеше за уши ама ова е чекор подалеку.
Не очекував.
Зарем му посакуваш лошо на идни родители или уште полошо на идни неродени деца?

Секој/а има право да каже вака или така, не мора да му велиш еј ама ти ќе го јадеш стапот, ќе видиш дека ќе го јадеш.
Малициозно е.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
Ај онаа со кафето дојде и не тегнеше за уши ама ова е чекор подалеку.
Не очекував.
Зарем му посакуваш лошо на идни родители или уште полошо на идни неродени деца?

Секој/а има право да каже вака или така, не мора да му велиш еј ама ти ќе го јадеш стапот, ќе видиш дека ќе го јадеш.
Малициозно е.
Шо туку ми извртуваш зборови? Не му посакувам лошо на никому, најмалце на деца.
Кој ми ја сфати поентата, арно. Кој не, ќе ја сфати кога ќе му дојде време.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.820
Поени од реакции
10.431
Шо туку ми извртуваш зборови? Не му посакувам лошо на никому, најмалце на деца.
Кој ми ја сфати поентата, арно. Кој не, ќе ја сфати кога ќе му дојде време.
Шо ти е поентата? Ќе го јадите стапот кога ќе ви дојде време? Ќе видите дека ќе го јадете стапот.
Не е тоа посакување нешто лошо?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.903
Поени од реакции
35.760
Апсолутно, човекот преживувал во секакви услови.
Зошто ти се пресели во Аус? Зарем во МК не можеше да преживееш? Или сакаше подобар квалитет на живот?
Каков телефон користиш? Nokia 3310 или смарт?
Ако развиеш некаква болест, сакаш да те лекуваат по протоколи од пред 50 години или со нови?

Во човечката природа е да сака подобро. И секој родител го сака најдоброто за своето дете, и нормално дека ќе следи нови препораки од релевантни здравствени институции, а не совети од баба и дедо кои гледале дете пред 30 години и од тоаш до денес немаат никаква допирна точка со тематиката.

Мене муабетот не ми беше за повремено давање храна која родителот не ја одобрува, туку за константно преминување граници и на некој начин превоспитување на детето. И останувам на мислењето дека таа помош што се нуди не треба да се условува, пошо е во најдобар интерес на детето.
И не ја сфаќам опсесивноста со давање чоколада и газирани пијалоци на деца, ниту па можам да разберам зошо на темава упорно се збори дека ваквата исхрана е дел од некој здрав баланс.
Најбрзо растечки рак меѓу младата популација е рак на дебело црево. До толку што многу земји и ги намалуваат возрасните граници за скрининг од 60 на 40 години, и многу доктори советуваат самоиницијативна проверка во 30тите. Никој не знае кој е причинител, но сите се согласни дека исхраната игра најголема улога. Па кој сака може да прочита повеќе, како цревната флора во најраните години влијае долгорочно. А и не мора, може да остави се во рамките на статистички грешки.

Јас верувам дека нашите родители не израснале со најдобри намери на ум, но знаењето и достапноста до информации во тоа време беше скоро непостоечка. Јас се сеќавам кога одевме по родендени ко деца секоаш имаше кока кола како пијалак, и демек за да не настинеме, за да не е толку газирана кока колата, родителите ставаа лажичка-две шеќер во чашите :facepalm:
Јас еве израснав на езеро, летно време по цели денови на плажа, не паметам ниту моите родители, ниту некој други родители да се замараа со мачкање со креми со заштитен фактор. Горевме, но тоа се сметаше ко чекор поблиску до потемен тен.
Денес кога скоро сите знаеме колку е штетно сонцето и таа директна изложеност, зошто да не се заштитиме?
Финтата е што јас сум се преселил, не сум барал од некој да ме рани и уште да му давам наредби. Јас немам против тоа што некој би се преселил, или да трча да работи, а и да наредува. Јас ги коментирам луѓе што ем чекаат од нивните, ем изиграваат шерифи по дома, ако им поминува нема гајле, ама не се тие виновни туку нивните што цел живот се безгласни букви. Од такви безгласни е отидена и државата упм.

Исто не почитувам и премногу ситничење и курчење врз другите, а истите ние сме локале како да нема утре. Тие децата се почнати да се прават во нас, носат днк од татковците кои научно докажано имаат далеку понизок тестостерон од нивните татковци, и од мајките кои секоја втора има пробано цела палета на наркотици и се што постои од алкохол. Да не правиме муабет за телефоните обесени на појас и констатна изложеност на мајкровејв бранови од сите можни комуникации.

За да ме разбереш, еве ти еден пример колку е отидено се упм, а демек сите новиве „свесни“ за да се грижат за себе и за децата ;)
  • In the 1950s it was estimated that 1 in 25,000 children was diagnosed with Autism.
  • In 1970s and 1980s, about one in 2,500 children was diagnosed with ASD.
  • In 2000, the US Centre for Disease Control (CDC) reported that the prevalence of ASD had reached 1 in 150 children.
  • In 2004 this figure had reached 1 in 125 children
  • In 2006 The figure was one in 110 children
  • In 2008 this figure reached 1 in 88, based on the CDC’s ADDM network of 14 monitoring areas across the US. These ranged from 1 in 208 in under-populated states to one in 47 in populated eastern states.
  • In March 2013, the US National Health Statistics Report indicated that 1 in 50 children across the US were diagnosed with ASD. In populated US cities this is already 1 in 27 children.
1717079766338.png

За тоа со храната, слободно да ги храните како што сметате дека треба, искрено последно што имам намера е да убедувам и да му докажувам на некој како да го храни своето дете, или уште помалку како да го одгледува.

За 5 години од сега ќе разговараме за нови работи кои „ги испитале и пронашле“, иако во суштина работите се максимално едноставни, системот е дизајниран за профит, не за да ти даде здравје, ако сакаш здравје треба да се вратиш на основна и што е можно посвежа храна, одгледувана во помали количини без употреба на секакви глупости (возможно само ако се преселиш на село и ја одгледуваш сама), да зголемиш физичка активност (15-20к чекори дневно) и тн.

Нашите родители не израснале со буџетот кој го имале, и ние ќе ги растеме со буџетот што го имаме, имало периоди кога дома живеевме со 8к месечно и сме јаделе тоа што можело да се купи (читај манџи и месени глупости да те држат сит). Ако имале и тогаш 10 пати по толку, сигурно ќе се замарале да купуваат „органско“ и поскапи варијанти на месо, а не Паризер и посебна салама.

Литература имало секогаш, прашањето е дали имале време и желба да читаат, во поглед на исхрана немаме направено некој прогрес за здравје, туку повеќе за индустријализација и масовно производство на храна.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.893
Ама јас иам примери во околина кои се вегетаријанци поради религиозни причини. Генерации уназад израснале како вегетаријанци, сеа и децата ги растат исто. Не гледам да им фали нешо, ни физички ни ментално. Башка малото е 2 недели разлика со моето, а во сите milestones е понапредно, струја е. Кои се тие студии кои се против вегетаријанство? Те прашувам искрено, пошо тука ставот е дека нема негативни последици, баш напротив. Башка во сите градинки на дневно мени има две опции, една е со месо/риба, друга е вегетаријанска.
И не гледам зошо овој начин на живот е "лечење фрустрации на родителот", а пример пренесување религиозни верувања се смета ко традиција.
Емке ти може имаш примери во околина со вегетаријанци на кои не им фали ништо, ама ја имам примери од околина со деца жртви на "фрустрациите на родителите" кои се слабокрвни, неухранети, со забавен раст и развој, проблеми со циклусот кај млади девојчиња и сл.

Кај мене има разлика меѓу вегетаријанство, и омнивори кои практицираат здрав и нездрав начин на живот. Тоа што јас се обидувам да ви го кажам е дека не може да ги заштитите децата од "нездравата храна", може само да им покажете што е здраво и да им наметните некои поздрави навики на живот , а кога ќе тргне во градинка, школо и сл. само ќе почне да бара да јаде исто што и врсниците и тоа е сосем нормална и здрава љубопитност што се јавува кај едно дете.

Поентата што Агда се обидува да ти ја долови е дека немаш објективно мислење, колку и да мислиш дека имаш :)
Исто ко ваљда тебе што те нервира кога имаш пациент кој се прави доктор преку гугл, а ти имаш практично искуство и години учење теорија во позадина.

Кога ќе станеш родител, ќе видиш колку од размислувањата ќе ти бидат базирани на инстинкт, а не на ум. Кога ќе те фаќа паника пошо доаѓа вечер и се приближува witching hour, знаеш дека те чека 3 часа плачење на детето, а ти си беспомошен буквално. Е кога ќе го поминеш тоа, секој ден со месеци, кога ќе ја прележиш првата сериозна настинка и видиш колку брзо може да им ескалира состојбата ( од прво закашлување до прием на итна поради гушење во 3 часа ), или колку една скокната дремка може да ти го заебе денот, и многу ситуации кои ни на крај памет не ти доаѓаат кога од твоја гледна точка размислуваш што значи и опфаќа грижата за дете, ќе те видам дали ќе зборуваш за здрави баланси, или дали Лестер ќе остави било која следна ситуација која може да ја контролира да оди во делот на статистичка грешка, па да си ја чука главата цел живот.

Идните мамички и татковци нека ја намалат иронијата на темава :D Да не биде нисам знајала. Се што ќе кажете, јас нема вака, јас нема така, јас ќе правам вака, а не така, ама се ќе ви се мавне од глава. Прашајте паталец, а не гаталец ;)
Сфаќам јас што е поентата на Агда, но мојата поента е дека иако немам искуство од прва рака да бидам мајка, мојот капацитет да разберам и анализирам информации ми овозможува да дадам свое видување околу воспитувањето на децата. Моите ставови се изведени од огромен корпус на човечки искуства, научни истражувања, културни набљудувања и стручни мислења кои опфаќаат различни дисциплини како психологија, социологија и медицина. Тоа дека не сум објективна затоа што не сум мајка е скроз погрешно. Напротив, мислам дека мојот недостаток на лично искуство како мајка не ја намалува релевантноста на информациите што ги давам, туку ми овозможува пообјективно и понепристрасно гледиште, ослободено од предрасуди и субјективности кои ги придржуваат личните искуства на родителите.

И не знам зошто упорно ги ограничувате родителството, грижата и љубовта кон децата само на биолошки врски? Зошто пример се потценува мојата улога на тетка? Зарем јас како тетка немам значајна улога во негувањето и обликувањето на животот на моите внуци? Зарем јас не се грижам за правилен раст и развој на моите внуци?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.820
Поени од реакции
10.431
И не знам зошто упорно ги ограничувате родителството, грижата и љубовта кон децата само на биолошки врски? Зошто пример се потценува мојата улога на тетка? Зарем јас како тетка немам значајна улога во негувањето и обликувањето на животот на моите внуци? Зарем јас не се грижам за правилен раст и развој на моите внуци?
Немаш, не си родила, а кога ќе родиш ќе видиш ти - ќе ти се удри сето ова што го пишуваш од глава.

Не, не сум јас малициозен, ти појма си немаш.
И така.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.893
Немаш, не си родила, а кога ќе родиш ќе видиш ти - ќе ти се удри сето ова што го пишуваш од глава.

Не, не сум јас малициозен, ти појма си немаш.
И така.
Океј. Тогаш да не коментираме политика, оти не сме политичари. И да не гледаме фудбал оти не сме фудбалери.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.820
Поени од реакции
10.431
Океј. Тогаш да не коментираме политика, оти не сме политичари. И да не гледаме фудбал оти не сме фудбалери.
И да не учествуваш во сообраќај оти точкаш (возиш точак де), немаш возачка.

Исто, да не ги менваш бришачите на колата пошто не си механичар.

Непишани Божји заповеди, јбг кога не сме ги знаеле, чоек учи додека е жив.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.483
Поени од реакции
28.804
Емке ти може имаш примери во околина со вегетаријанци на кои не им фали ништо, ама ја имам примери од околина со деца жртви на "фрустрациите на родителите" кои се слабокрвни, неухранети, со забавен раст и развој, проблеми со циклусот кај млади девојчиња и сл.
Ok, ama imas i bezbroj primeri kaj sho ciklusot doaga na 8 godini poradi preterano jadenje meso.
Nemoj pa od obratni frustracii druga belja.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.967
Поени од реакции
12.499
Емке ти може имаш примери во околина со вегетаријанци на кои не им фали ништо, ама ја имам примери од околина со деца жртви на "фрустрациите на родителите" кои се слабокрвни, неухранети, со забавен раст и развој, проблеми со циклусот кај млади девојчиња и сл.

Кај мене има разлика меѓу вегетаријанство, и омнивори кои практицираат здрав и нездрав начин на живот. Тоа што јас се обидувам да ви го кажам е дека не може да ги заштитите децата од "нездравата храна", може само да им покажете што е здраво и да им наметните некои поздрави навики на живот , а кога ќе тргне во градинка, школо и сл. само ќе почне да бара да јаде исто што и врсниците и тоа е сосем нормална и здрава љубопитност што се јавува кај едно дете.
Ама секое второ дете е слабокрвно, не мора да е вегетаријанец за да спаѓа во таа категорија.
Што подразбираш под неухрането? Пошо имаш примери кај шо родителов трча по цели денови по детево за да касне ШТО БИЛО, ама не јаде, не може сосила да му тураш. Иам деца во околина кои за цела година не ставиле кг, не од што некој лечи фрустрации, туку детето не јаде.
А и тоа со рани циклуси, повеќе примери сум видела во деца кои редовно јадат месо. И месото кое го јадеме, којзнае што се нема во него. Посебно пилешкото.
Кога ќе дојде време самото да побара чоколадо, јас ќе бидам прва што ќе му дадам ( секако во умерена количина ). Ама пред тоа не оправдувам. Посебно не од некој што не е мајка или татко.

Сфаќам јас што е поентата на Агда, но мојата поента е дека иако немам искуство од прва рака да бидам мајка, мојот капацитет да разберам и анализирам информации ми овозможува да дадам свое видување околу воспитувањето на децата. Моите ставови се изведени од огромен корпус на човечки искуства, научни истражувања, културни набљудувања и стручни мислења кои опфаќаат различни дисциплини како психологија, социологија и медицина. Тоа дека не сум објективна затоа што не сум мајка е скроз погрешно. Напротив, мислам дека мојот недостаток на лично искуство како мајка не ја намалува релевантноста на информациите што ги давам, туку ми овозможува пообјективно и понепристрасно гледиште, ослободено од предрасуди и субјективности кои ги придржуваат личните искуства на родителите.

И не знам зошто упорно ги ограничувате родителството, грижата и љубовта кон децата само на биолошки врски? Зошто пример се потценува мојата улога на тетка? Зарем јас како тетка немам значајна улога во негувањето и обликувањето на животот на моите внуци? Зарем јас не се грижам за правилен раст и развој на моите внуци?
Сфаќам дека си видела се, таква ти е професијата, ама тоа што упорно се обидувам да ти докажам е дека не можеш да ја видиш вистинската слика на нештата, пошо немаш искуство од прва рака. За последен пат, апсолутно не го мислам во некаква лоша конотација. И ова го зборам од искуство, јас пред да станам родител имав многу цврсти ставови околу многу работи, на крај испадна се спротивно од тоа што го замислував. Реалноста со дете е далеку од таа што си ја замислува некој кој нема дете.

За детето се битни сите фигури, и сакам да верувам дека сите работат во негов најдобар интерес. Ама не може ти ко тетка да носиш самостојни одлуки околу детето. Исто ко шо не можат ни бабите/дедовците. Примарна и најтесна фамилија на тоа дете се родителите, тоа е нивно дете и мое мислење е дека треба да се почитуваат нивните одлуки.

Толку од мене на темава, се разврза во ептен погрешни правци.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.319
Поени од реакции
6.760
Ама секое второ дете е слабокрвно, не мора да е вегетаријанец за да спаѓа во таа категорија.
Што подразбираш под неухрането? Пошо имаш примери кај шо родителов трча по цели денови по детево за да касне ШТО БИЛО, ама не јаде, не може сосила да му тураш. Иам деца во околина кои за цела година не ставиле кг, не од што некој лечи фрустрации, туку детето не јаде.
А и тоа со рани циклуси, повеќе примери сум видела во деца кои редовно јадат месо. И месото кое го јадеме, којзнае што се нема во него. Посебно пилешкото.
Кога ќе дојде време самото да побара чоколадо, јас ќе бидам прва што ќе му дадам ( секако во умерена количина ). Ама пред тоа не оправдувам. Посебно не од некој што не е мајка или татко.


Сфаќам дека си видела се, таква ти е професијата, ама тоа што упорно се обидувам да ти докажам е дека не можеш да ја видиш вистинската слика на нештата, пошо немаш искуство од прва рака. За последен пат, апсолутно не го мислам во некаква лоша конотација. И ова го зборам од искуство, јас пред да станам родител имав многу цврсти ставови околу многу работи, на крај испадна се спротивно од тоа што го замислував. Реалноста со дете е далеку од таа што си ја замислува некој кој нема дете.

За детето се битни сите фигури, и сакам да верувам дека сите работат во негов најдобар интерес. Ама не може ти ко тетка да носиш самостојни одлуки околу детето. Исто ко шо не можат ни бабите/дедовците. Примарна и најтесна фамилија на тоа дете се родителите, тоа е нивно дете и мое мислење е дека треба да се почитуваат нивните одлуки.

Толку од мене на темава, се разврза во ептен погрешни правци.
Ako i e takva profesijata i ako e tetka ne znachi deka znae i deca da gleda.
Edno e "dojdi Tetino" drugo e da go istera medju noze i pravilo da go porasni!
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.714
Поени од реакции
8.736
Ako i e takva profesijata i ako e tetka ne znachi deka znae i deca da gleda.
Edno e "dojdi Tetino" drugo e da go istera medju noze i pravilo da go porasni!
Стварта е у знаењето околу нутриционизам и тоа како функционира човечкото тело....врска нема со тоа од каде излегуваат децата.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.802
Поени од реакции
24.735
Финтата е што јас сум се преселил, не сум барал од некој да ме рани и уште да му давам наредби. Јас немам против тоа што некој би се преселил, или да трча да работи, а и да наредува. Јас ги коментирам луѓе што ем чекаат од нивните, ем изиграваат шерифи по дома, ако им поминува нема гајле, ама не се тие виновни туку нивните што цел живот се безгласни букви. Од такви безгласни е отидена и државата упм.

Исто не почитувам и премногу ситничење и курчење врз другите, а истите ние сме локале како да нема утре. Тие децата се почнати да се прават во нас, носат днк од татковците кои научно докажано имаат далеку понизок тестостерон од нивните татковци, и од мајките кои секоја втора има пробано цела палета на наркотици и се што постои од алкохол. Да не правиме муабет за телефоните обесени на појас и констатна изложеност на мајкровејв бранови од сите можни комуникации.

За да ме разбереш, еве ти еден пример колку е отидено се упм, а демек сите новиве „свесни“ за да се грижат за себе и за децата ;)
  • In the 1950s it was estimated that 1 in 25,000 children was diagnosed with Autism.
  • In 1970s and 1980s, about one in 2,500 children was diagnosed with ASD.
  • In 2000, the US Centre for Disease Control (CDC) reported that the prevalence of ASD had reached 1 in 150 children.
  • In 2004 this figure had reached 1 in 125 children
  • In 2006 The figure was one in 110 children
  • In 2008 this figure reached 1 in 88, based on the CDC’s ADDM network of 14 monitoring areas across the US. These ranged from 1 in 208 in under-populated states to one in 47 in populated eastern states.
  • In March 2013, the US National Health Statistics Report indicated that 1 in 50 children across the US were diagnosed with ASD. In populated US cities this is already 1 in 27 children.
Прегледај го приврзокот 418762

За тоа со храната, слободно да ги храните како што сметате дека треба, искрено последно што имам намера е да убедувам и да му докажувам на некој како да го храни своето дете, или уште помалку како да го одгледува.

За 5 години од сега ќе разговараме за нови работи кои „ги испитале и пронашле“, иако во суштина работите се максимално едноставни, системот е дизајниран за профит, не за да ти даде здравје, ако сакаш здравје треба да се вратиш на основна и што е можно посвежа храна, одгледувана во помали количини без употреба на секакви глупости (возможно само ако се преселиш на село и ја одгледуваш сама), да зголемиш физичка активност (15-20к чекори дневно) и тн.

Нашите родители не израснале со буџетот кој го имале, и ние ќе ги растеме со буџетот што го имаме, имало периоди кога дома живеевме со 8к месечно и сме јаделе тоа што можело да се купи (читај манџи и месени глупости да те држат сит). Ако имале и тогаш 10 пати по толку, сигурно ќе се замарале да купуваат „органско“ и поскапи варијанти на месо, а не Паризер и посебна салама.

Литература имало секогаш, прашањето е дали имале време и желба да читаат, во поглед на исхрана немаме направено некој прогрес за здравје, туку повеќе за индустријализација и масовно производство на храна.
Ќе забегаме од темата, ама да појаснам. Аутизмот е спектрум, со повеќе варијации и „јачина“. Мислам дека порано многу малку имале познавање за ова, па затоа и бројките биле толку мали. Веројатно. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom