Крајници!

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Последно уредено:
Anesthesia complications
Постоперативно крварење е компликација при тонзилектомија. Може да се јави и дури еден месец после операцијата и да не може да се сопре. Најчесто се јавува за време на операцијата или една до една и пол недела после операцијата.

Јас ги вадев крајниците во мојата 4-та деценија и ми се случи крварење на 7от ден после операцијата. За среќа после тампони со адреналин, електрокоагулација и транексамин крварењето престана. Неубаво искуство.
 
Па нели ласерски исто може да се вадат крајници или и со таква интервенција пак може да дојде до крварење?
 
Нема никаква разлика во процентот на компликаци, било тоа биле ласерски или не.
 
Мене ми кажаа имало две алтернативи да се пробаат пред вадење. Со ласер се гори само дел од крајникот, па тој сам си се собира (намалува).Втората опција е исто така намалување, само со помош на радио бранови некакви. Нека потврди некој по стручен.
 
Кај деца до одредена возраст прават тозилотомија (каде се одстанува дел од крајниците)
Кај возрасни се прави тонзилектомија (целосно одстранување).

Нормално кај возрасните процедурата е поврзана со поголем ризик.
 
Постоперативно крварење е компликација при тонзилектомија. Може да се јави и дури еден месец после операцијата и да не може да се сопре. Најчесто се јавува за време на операцијата или една до една и пол недела после операцијата.

Јас ги вадев крајниците во мојата 4-та деценија и ми се случи крварење на 7от ден после операцијата. За среќа после тампони со адреналин, електрокоагулација и транексамин крварењето престана. Неубаво искуство.

Брат ми го има истиот проблем, после неколку дена имаше обилно крварење. После 2 ревизии и уште 2-3 контроли, 25 дена поминаа од операцијата и уште се случува да плука повремено крв.
 
Што препорачувате за отечен крајник (десен), освен идење на лекар пошо моментално не сум во можност да идам.
 
...зависи до каде е сериозна ситуацијата, дали можеш да голташ, дали имаш покачена температура, дали те боли увото, дали кашлаш, дали гласот ти е фатен, но све што можеш да помогнеш е да правиш гаргара со млака солена вода или некоја антибактериска вода што ја применуваш за уста да направиш гаргара до грлото, како и лижење на антисептични бомбони (strepsils).
 
Што препорачувате за отечен крајник (десен), освен идење на лекар пошо моментално не сум во можност да идам.
серапептазе ( за воспаление и оток ), антибиотик, др.тајс (жалфија), ангал спреј, и евентуално за болка нешто појако (бруфен на растварање).
 
Немој да идеш на лекар. Иначе нема ти се качи концентрацијата на антистептолизинот. Не, не, никако!
 
Муабетот беше за моментално.

серапептазе ( за воспаление и оток ), антибиотик, др.тајс (жалфија), ангал спреј, и евентуално за болка нешто појако (бруфен на растварање).
фала ти, со Ангал + антибиотик средив. Отокот скоро да е исчезнат а болката буквално ја снема. :D
 
Ве молам некој дали може да сподели искуство со операција за вадење на крајници во Систина кај д-р Александар Лазаревски. Благодарам.
 
За крајници лек е ракија, гаргара и голтање на две три поголеми голтки, порано стално ми се воспалуваа, никогаш не сум пиела антибиотик за крајници а гнојни беа нон стоп, туку сама на огледало си ги чистев од гнојта ги стискав со прст плукав и гној и крв и со ракија гаргара па топол чај и веќе по неколку часа ми се као нови. Инаку крајниците имаа функција во организмот, кога доаѓа инфекција,болест прво ги фаќа крајниците, а кога човек нема крајници болеста т.е инфекцијата се спушта директно на плуќа и предизвикува пулмонарна болест што може да заврши со фатален исход.
 
Постоперативно крварење е компликација при тонзилектомија. Може да се јави и дури еден месец после операцијата и да не може да се сопре. Најчесто се јавува за време на операцијата или една до една и пол недела после операцијата.

Јас ги вадев крајниците во мојата 4-та деценија и ми се случи крварење на 7от ден после операцијата. За среќа после тампони со адреналин, електрокоагулација и транексамин крварењето престана. Неубаво искуство.
Сакаш да ми кажеш дека ако ги вадам крајниците, постои можност да цркнам? Од најобичен оперативен зафат кој трае 15 минути?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom