- Член од
- 17 август 2014
- Мислења
- 75
- Поени од реакции
- 46
Утре ќе биде интересно. Вакви избори ниту на сон не ни дошло. Треба Македонецот да почне да размислува, бидејќи пропаѓаме. Многу сме рамнодушни, очајни, трагични, без емпатија и интелигенција, а карактерот ни е за никаде. Нѐ бива само да се исмеваме, да завидуваме и слично.
Човекот како политичко битие треба да ги преземе работите во свои раце и да излезе да гласа. Притоа мислам дека Гордана Силјановска Давкова досега е најпаметна. Можеме сѐ да кажуваме, да дробиме празна слама, да ѝ наоѓаме и нејзе мани, но навистина наспроти Стево Пендаровски е далеку подобра. И ако почнеме да се менуваме на подобро, наместо да одиме да се продаваме за пари, за работа, за пасош, за некое место, тогаш ќе нѐ биде. Ама како што гледам полоши се децата. Немаат воспитување, немаат пример и слично. Дајте да станеме подобри, без разлика кој е кој. Да имаме разбирање, да растеме и слично. Ќе останеме без својата татковина од лудост, од зборовите дека цела земја е иста. Со тоа си се пукаме самите себеси. Нашите предци биле силни, ние сме за никаде. Мора некако и од некаде да почнеме.
А овие што се во Грција, убаво да си поминат, но нека дојдат до утре и нека гласаат, затоа што сите треба да покажеме свест. И доста со тоа овој е подобар, оној е подобар. Видете ние да сме подобри и во иднина да имаме 10 пати подобри луѓе. Само така ќе раснеме како држава, како нација, како народ. И политиката мора да се игра, таа е и уметност, танц. Дипломатски само треба, ама и народот да се сплоти, па без разлика на вера, нација и слично, да изградиме здрава држава.