Достојна плата моментално ја сметам 75к $ за семество од 2ца. Јас знам многу што земаат убаво достојна плата. Проблемот со многу од мигрантите е што не го усовршуваат јазикот и не сакаат да се вклопат во опшеството. Инаку не е толку проблематично.
Пониски даноци од Европските. Осигурувањето не ми е скапо оти работам во медицинска установа. Али братучед ми е во банка, па не е ни неговото многу високо. (180$-240$ месечно)
Не сум роден во странство, излегов од земјава кога бев 23. Многу работи ги осетив на моја кожа, затоа и заминав. Пробав да работам во државно, немав партиска и ме одбија, пробав заедно со другари да оформиме компанија и да бараме за изработка на веб страни и CM апликации, сите тендери ги лапаат професори и политички приверзаници. Сега е подобро за ИТ секторот, јас кога бев уште нудеа по 12.000 денари месечно.
Другар извини ништо лично ама 75,000 годишно за Америка не е баш комфортна плата. Јас би рекол се што трга од 100че па нагоре веќе ти дава опција да купиш достоен имот. Типичните имигранти земаат просечна или над просечна плата.
Со таа сума на пари обично се купува имот до одредена сума.
На пример со 75,000 плата банката би ти дала 500-600 илјади за кредит. (пример е ова не е тврдам дека е точно)
Е сега како тебе ке биде и Али од Ирак, Панџит од Индија, Јон од Африка итн итн,
И се купуваат имоти во не баш убави средини. Американците таму се веќе 2-3 генерации и се во поубавите населби.
Човек што доаѓа во странство а веќе имал голема куќа исплатена во МК, тоа му е downgrade.
Ама пак 75,000 во Америка претпоставувам таму си, во помало градче е веќе друг муабет.
Да не е на пример New York, LA, Miami etc.
Проблемот во странство не е јадењето, пиењето, облеката и колите, тука се слагам подобар е стандардот.
Имотот, школувањето, здраство, градинките за децата е тоа што шмука 70-80% од примањето.
Претпоставувам си во Америка. Универзитетите таму не се баш ефтини....
Не за џабе цел свет фаќа лет до Турција за заби, коса, силикони.
Затоа нашинците од дијаспората некад се и со потсмев гледани пошто поентата ако одиш во странство е да имаш поубав стандард. А не да седиш во 30 квадрати студио центар Лондон, или да делиш стан со цимери.
А во МК на пример си имал куќа со голем двор.
Иначе ИТ секторот корне во МК, во странство спрема другите струки не е толку платено али овде е.
Се што е повеќе од 1500 евра НЕТО во МК, не му треба на човек да оди странство.