Влегваме во најинтересниот дел од плејофот.
Сабота. во 18:00 со Алкалоид.
Можеби клучен меч шо ќе ја реши титулата.
Ако ја играме онаа игра како со Охрид би требало да добиеме.
Но, мора да се влези максимално претпазливо и сериозно.
Не е Алкалоид така слаб како шо изгледаа со Тиквеш и посебно со комшиите дома.
Имаат играчи за ротација, спремни се кондиционо, имат многу незгоден голман ( Благојче), кој ако се разбрани ќе биди многу заебано.
Зато мора да се дат шо појќе лесни голој и да се префрли притисокот врз нив,појќето се млади и неискусни и паѓат под притисок.
Не се шутери надвор од 9, ама се опасни во таа игра во простор меѓу 9и6 и игра со пикер, посебно незгодни за чување се Митев и Ѓорѓиев, брзи се и не можиш да ги пратиш лесно да напрајш навремен фаул.
И Џонов е доста солиден бек. има дуел игра и не се плаши да нападни дирек на гол.
Серафимов ја нема та висина за бек шутер, сака да шутка, е сега со добро и навремено изглегвање да се принудва да игра надвор од 9 ќе биди таман.
Велковски не е опасност за шут од надвор, ама не смеат да го остават слободно да напаѓа и да се движи во зона.
Ако ја затвориме та средина меѓу 2и5 и да нема простор за отворени дијагонални влезој на некој од бекојте треба да е завршен добар дел од работата.
Пикерите Петров и Стојковиќ се појќе од солидни, посебно Петров, ама не се толку незгодни аа чување како Лазаревски, па ваљда ќе излезиме на крај со нив, пред да примат топка внатре во 6 метри.
Важно ќе биди да нема некои дупки по лево крило, кај Бинго, доста играат преку него, десно со Савревски не се некоја опасност од мали агли.
Брзо одлепвање и да се контролира мечот од старт, то е клучот.
Очекувам пак Киро ко лани да излези со некоја 5-1. 4-2 зона во одбрана,
Да не тупиме, одбраната е клучна, ваљда ќе влези во ритам некој од голманите.
Тука ќе треба да се дај акцент и ако е можно појќе да се ротират играчите во одбрана појќе, да се зачува свежината за напад.
Да не се трошат 60 минути Фитило и Цехте во два правци.
Нападот не е ни е толку проблем, имат искуство да држат топка и да најдат некое чаре за гол, дури и кога играме слабо.
Да не се дозволи ко лани, да се влези во завршница на една топка, во вакво сценарио се бива.судии, притисок, грешки.