Тоа за тебе или за мене кај е поарно е субјективно, ја ти правам муабет кој се трендовите и статистиките, а тие се исти и за наркомани, дилери, лопатари, инженери, научници и сл. Тоа што некој Ендру Тејт решил да живее во Романија не значи дека Романија е атрактивна земја за живеење, за 1 Ендру Тејт има 1000 Румунци кои одат во обратна насока. За еден Американец што заминал да живее во Русија има 1000 Руси што заминале во Америка (од иста економска позадина правам муабет).
Еве се тука на форумов сите се заминати на запад, сите се наркомани, лопатари и дилери од членовиве? Има причина зошто заминале на Запад а не во Романија или Белорусија.
Имаш еден тон примери на деца на функцонери од држави ко нашата, вклучувајќи ја тука Русија, Кина што живеат на Запад.
САД е држава изградена од мигранти, за мигранти. Тоа што вие го гледате Такер и Лорд Бебо каде што фокусот се само дилерите и наркоманите не значи дека само дилери и наркомани се мигранти. Ене земи го C-suite на најголемиве ИТ компании во САД, полн е со мигранти, индијци, кинези и сл. Да не правам муабет за инженери и слични white collar занимања. Тоа што денеска се мексиканците олицетворение на миграцијата во САД, пред 1 век биле италјанците, ирците и сл. Секогаш имало мигранти што биле наркомани, дилери и криминалци. Знаеш само колку научници, претприемачи има Руси во Америка, а колку Американци има во Русија?