Одамна не сум се чувствувал така. Во последните 2-3 минути, како здрвен, нагоре гол, само обвиткан со македонското знаме, со главата потпрена така што левата рака ми е ставена на брадата. Десната рака стисната, ама се тресеше, такво нешто не сум видел ни кај 90 годишен старец. Во последните напади, осетив дека цела глава ми се клати од тоа што и левата рака ми се тресе.
Кога ни даде тоа срањето тројката, без некоја специфична реакција, ладно како кока-кола, ама рацете се тресеа како на Фергусон во финалето на Вембли. Онака разочаран со знамето на грбот досега не сум ја напуштал собата.