Умрела темава... еве ме и мене назад после неколку месеци, се надевам дека ќе ја оживееме малце темата, не бев гледал wwe неколку месеци, но последниве денови онака маратонски ги изгледав побитните работи.
Накратко за вве шампионот, се надевам дека Панк ќе ја задржи титулата до Royal Rumble зашто Роки вс Панк би било одличен меч, победникот сите го знаеме кој ќе биде (кој и да е шампион до Rumble, на Rumble ќе изгуби од Роки ). Се надевам дека сценаристите дека нема да направат глупост и да ја дадат титулата на Сина.
Ми се допаѓа дека таг тим дивизијата конечно дава знаци на живот, одамна немало толку таг ти тимови, а и притоа сите се добри, плус Кејн и Брајан, тоа беше што и требаше на таг дивизијата, таг тим како Кејн и Брајан, тим од меин ивентори. Prime time players изгледаат добро до сега, прочитав дека и на Винс му се допаѓале многу така да веројатно во скоро време ќе бидат шампиони, исто така ги имаме усос, примо и епико, Кофи и Труф.
World heavyweight champion e Sheamus, мислам дека е редно време да ја дропне титулата на некој друг, најдобро би било ако ја дропне на Ортон, не ме сфаќајте погрешно Шејмс е одличен шампион ама после пола година мислам дека е редно да ја загуби титулата.
Рајбак вајда ќе е наредниот интерконтинентален шампион затоа што Винс рекол дека сака да го види Рајбак во наредниот левел т.е. во меч за некоја титула
.
Бродус почна многу да ме нервира, Сантино исто, Сандау ми е некако антипатичен како гимик, на рингот е добар ама како појава ме нервира
, Цезаро има предиспозиции да биде нешто повеќе од УС шампион, човекот е неверојатно добар на ринг и има некакви мик скил.
Тоа е тоа од мене, го очекувам следниот меч на Леснар немам идеја кога ќе биде и со кој ама се надевам дека ќе е добар.
п.с за малце ќе заборавев Paul Heyman is back