WTA тенис - општа дискусија

Член од
1 декември 2014
Мислења
2.250
Поени од реакции
4.474
Не дека не е во право, ама многу е одбивна

Поентата е вакво нешто кажува, а реално кариерата и е завршена одамна. Го кажува на 41 година, кога да игра 5 турнири во годината нема да добие повеќе од меч два на секој од нив
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.485
А што е погрешно во изјавава?
Федерер има 4 деца. Дали мислиш дека кариерата ќе му беше толку плодна и успешна ако земаше пауза од прилика година и пол за секое дете? Една повреда и 3 месечна пауза ги става во аут и не можат да се вратат во колосек после, а зборуваме за раѓање дете и пауза од година и пол ко да се мачкина кашица.
Прво физички враќање во форма е предизвик само по себе за било која жена,не па достигнување ниво на професионален спортист после толкава пауза. Па еден куп други физички/ психички промени со кои треба да се соочи.
Серена го освои АУ во фаза на бременост кога обично жените се или со константно лошење и повраќње или со хроничен замор. Познавам жени шо земаа одмор од канцелариска работа во тој период пошо не можеа да истераат 8 часа будни.
Така шо мислам дека доволно е серење и правење глупи хехенца. Дајте и барем малце респект на жената за цела успешна кариера.
На жената не и проаѓа изјава без да каже како е она мајка, и ок мајка е што да правиме сега? И Азаренка има деца па не го препотенцира тоа како Серена.
И се заканува на линиска судијка дека ќе ја убие, судијата ја опоменува оваа вика ај ем а мадр.
Како тенисерка све 10, како човек барем за мене едно големо ништо. Не можеш да очекуваш респект ако не даваш ти респект.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.008
Поени од реакции
36.053

Не зборувам за процесот на бременоста и раѓањето, туку после. На Серена детето е 5 години, не е 8 месеци. Користи 5 годишно дете како изговор за неуспесите од 2017 до сега. Дури и самохрана мајка да е а не е, има маж, ги има сите финансии и услови да ја продолжи кариерата на врвно ниво. Ама нели, не била маж и затоа не успеала, патетичен изговор.

Не ми е тешко да проценам дека веројатно немаш дечиња.
Јас немам, Џокович има. 21 слем у меѓувреме.
Автоматски споено мислење:

И се заканува на линиска судијка дека ќе ја убие, судијата ја опоменува оваа вика ај ем а мадр.
Незнаев за ова, дно од личност, катастрофа од човечко битие. ХК, ПУ.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.485
Незнаев за ова, дно од личност, катастрофа од човечко битие. ХК, ПУ.
Сум измешал уствари две утакмици.
Во првата се заканува, во втората се вади за коучинг пошто имала ќерка :D
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.934
Поени од реакции
12.437
На жената не и проаѓа изјава без да каже како е она мајка, и ок мајка е што да правиме сега? И Азаренка има деца па не го препотенцира тоа како Серена.
И се заканува на линиска судијка дека ќе ја убие, судијата ја опоменува оваа вика ај ем а мадр.
Како тенисерка све 10, како човек барем за мене едно големо ништо. Не можеш да очекуваш респект ако не даваш ти респект.
Заканата кон линиската судијка е од 2009, на меч со Клајстерс. Ваљда го референцираш финалето од УС опен со Осака во 2018 или 2019 кога му кажа на судијата дека не добива coaching од тренерот бидејќи тоа го смета за мамење, а има ќерка и не сака да и дава таков пример. Изјавата беше дадена вака и после извртена од контекст.
Не зборувам за процесот на бременоста и раѓањето, туку после. На Серена детето е 5 години, не е 8 месеци. Користи 5 годишно дете како изговор за неуспесите од 2017 до сега. Дури и самохрана мајка да е а не е, има маж, ги има сите финансии и услови да ја продолжи кариерата на врвно ниво. Ама нели, не била маж и затоа не успеала, патетичен изговор.
После година и пол пауза, од која 6 месеци реално беше на нула физичка активност за врвен спортист поради бременоста, каков камбек се очекува на скоро 37 годишна возраст? Имај ги сите услови на светов, џабе е. Било кој спортист да закачи повреда после 35, верувам дека за понатамошните неуспеси ќе ја криви повредата. Сеа дете не е исто со повреда ама едно е телото пред пораѓај, друго е после.
И не ја обвинувам воопшто, едноставно природата не и дозволува да игра до 50 години а маж и да и ги раѓа децата,како што тоа е случајот со мажите. Но тоа е биологија и не е ничија вина, едноставно требаше да де повлече после АУ кога беше на врвот и да се посвети на други работи.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.485
Заканата кон линиската судијка е од 2009, на меч со Клајстерс. Ваљда го референцираш финалето од УС опен со Осака во 2018 или 2019 кога му кажа на судијата дека не добива coaching од тренерот бидејќи тоа го смета за мамење, а има ќерка и не сака да и дава таков пример. Изјавата беше дадена вака и после извртена од контекст.
Да, се поправив погоре.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.250
Поени од реакции
4.474
Ваљда го референцираш финалето од УС опен со Осака во 2018 или 2019 кога му кажа на судијата дека не добива coaching од тренерот бидејќи тоа го смета за мамење, а има ќерка и не сака да и дава таков пример. Изјавата беше дадена вака и после извртена од контекст.
Сеа гуглав и за ова
Муратоглу призна за coaching, оваа уште негира. Да сум ко него би излегол на прес би ги објаснил сите знаци и би рекол парите ќе ти ги вратам. Настрана што не памтам да се извини она ни на Осака ни на публика ни на судија

Член од
23 август 2010
Мислења
38.237
Поени од реакции
108.133
Серена секогаш ми била рол модел за спортист и идол од женските спортистки во сите спортови. Но, со мешањето баби и жаби на терен и вон него малце ме разочара и изгуби дел од респектот кај мене, али што се тиче стрикно тенискиот дел тука ништо не се промени. Ментална громада, техничко-тактички совршена тенисерка, плус што после пораѓајот пробуваше да се врати и изигра 2 финалиња на ГС турнирите ако не се лажам, тоа е за огромен респект. Последниот гем вчера е всушост слика на цела нејзина кариера, борба, борба и само борба, и 40 годишна, уморна, одбиваше да изгуби, одбиваше да се предаде и направи Ајла максимално да се испоти за да го добие тој гем.

Неверојатна кариера, 23 ГС титули, 4 пати злато на ОИ и уште многу титули во сингл и дубл, кариера што тешко да ја стигне некој во следни 50 години, можда и јаче. Среќно у пензија и помалце серење за угнетување на жените и играње на картата-феминизам.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.724
Поени од реакции
2.485
Се надевам дека Ига ќе успее да ја реши гаднава тунижанка. Едноставно преодвратна е.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.250
Поени од реакции
4.474
Оваа Жабер сама да ја остаиш на терен ќе најде начин да изгуби
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.278
Поени од реакции
3.007
Лина во одлична форма!
Ја продолжува одличната игра од крајот на 2022 и вторпат во Талин за две недели влага 1/4 финале. Со влез во 1/2 финале се враќа во топ 200 мислам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom