Wizz Air летови од/до Македонија

Дискусија во форумот 'Општи дискусии' започната од Apple, 25 мај 2011.

  1. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.430
    Допаѓања:
    868
    [​IMG]
    Wizz Air е Унгарска low budget авиокомпанија која нуди евтини летови до доста европски дестинации.Во Македонја влегоа на пазарот со воведување лет Скопје Лондон за 35 евра.Денеска приметив дека од Октомври почнуваат со нова линија Скопје Венеција за 25евра.Така да сите они кои патуваат во Италија еве ви одлична можност за ефтини пари да стигнете до таму.
    Во цените се пресметани и такси значи нема скирени трошоци.

    http://wizzair.com/flights/Skopje/?language=EN
    На maja-maja, Caffè и Marick14 им се допаѓа ова.
  2. macgowan

    macgowan le pezevenque

    Член од:
    28 април 2010
    Мислења:
    832
    Допаѓања:
    474
    Аирлија!Го ставија на мапата конечно.
    Нека ни се множат дестинациите!
    На blue ladybug му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.430
    Допаѓања:
    868
    Дефинитивно планирам октомври или ноември да резервирам да отидам да видам какви се.Мада од тоа што видов на нет Виз Ер била најголема и најдобра лоу баџет компанија и сите летала се нови со редовни прегледи.
  4. Smert

    Smert

    Член од:
    13 февруари 2007
    Мислења:
    4.773
    Допаѓања:
    4.588
    Ајде нека се множат дестинациите. Па наредна дестинација што ќе ја воведат нека биде Рим. :) Пред 2 месеца летав со нив Белград-Рим-Белград за 80 и нешто евра и многу сум задоволен.
  5. zenderski

    zenderski

    Член од:
    29 јануари 2008
    Мислења:
    781
    Допаѓања:
    377
    pred dva dena letav so Wizz Air pa koj ima pogolemi noze osven ako planira da zakupi dve sedista mnogu zeznato za sedenje e... inaku kvaliteten let, novi letala se pod kontrola....
  6. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.909
    Допаѓања:
    38.599
    Ајде аирлија,прекрасна вест.
  7. Windfucker

    Windfucker Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат

    Член од:
    30 април 2010
    Мислења:
    8.416
    Допаѓања:
    15.172
    Исто е секаде во економик класа.
  8. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.430
    Допаѓања:
    868
    Само да дополнам видов на страната има и контакт број за Македонија само е скапо кој сака нека се јави :D

    From Macedonia only: 059030440 (Calls charged at MKD 35.40 per minute. Calls from mobile networks may be charged at a higher rate.)

    Ако некој има резервирано лет од Скопје со Виз Ер ако му текне после нека пише импресии.
  9. Bibo

    Bibo

    Член од:
    9 април 2006
    Мислења:
    2.115
    Допаѓања:
    653
    Добра вест ама искрено малце претерувате со информацииве...

    Цените не се 25 и 35 евра за Лондон/Венеција (како што кажувате) туку ОД таа цена... А тоа у превод значи дека се (над) 100 евра, тие 25/35 ти се само реклама, у теорија никад нема да добиеш толку ниска цена...
  10. gade

    gade Augustus

    Член од:
    12 април 2008
    Мислења:
    4.733
    Допаѓања:
    4.881
    Тие се цените, не кажувај многу прикаски.За колку што ке си ја резервираш картата, толку ке платиш.Been there, seen that.
  11. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.909
    Допаѓања:
    38.599

    Резервирај онлајн не мора да се јавуваш.
  12. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.430
    Допаѓања:
    868
    Па јас пробав за октомври да резервирам за Венеција и на check out доле во тотал кај што е стои 25 и мислам како 5 евра такса нешто не сум сигурен не ми се појави 100 евра никаде...

    --- надополнето ---

    Да да знам тоа него во друга тема видов еден побарал број па и тука ставив за чисто другите да видат.Да ми се расчистат обврските и ништо чудно да букирам за 1 ден чисто да летам со авион пошто не сум летал до сега а онака ќеф ми е:vozbud:
    На maja-maja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.909
    Допаѓања:
    38.599
    Гледам во Октомври има супер цени од 20 евра ќе се видиме таму :icon_lol:
  14. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.430
    Допаѓања:
    868
    Единствена работа што не мие јасно еве гледав конкретно да слетам на Марко Поло аеродромот во Венеција и сеа незнам дали автбускиот превоз до градот е бесплатен или се плаќа никако не пишува тоа
  15. leandra

    leandra Модератор

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    23.909
    Допаѓања:
    38.599
    16 евра е од аеродромот во Рим до градот (повратна). Значи од прилика толку би било и ваму.

Сподели преку: