фан на Ноле сум од 2007ма и никад нема да ја врати формата од 2011 и нема шанси да стигни до 20+. Уште 3-4 максимум и тоа поради тоа што нема стабилни играчи од младите па можи како сега на вимблдон да освој. А тоа дека повторно ќе го видиме најдобриот ол-араунд играч на сите времиња не е возможно.
Незнам како после освојувањево на вимблдон, и тоа каде играше против Надал, кој е у врвна форма, во најдобра форма на трева после последното освојување на овој турнир, и е моментално прв на атп листата, можеш да тврдиш вакво нешто.
А притоа не го земаш во предвид фактот дека истото што сега го велиш важеше и за Надал, а да не зборам и за Федерер.
Можно е, како не, зашто се такви атлети, и такви карактери, тоа ги прави посебни и уникатни во овој спорт. Кај Новак главен проблем е тоа што се плашеше да оди под нож, за ова зборував уште пред година и нешто, каде линкуев интервју каде го збореше токму тоа, никогаш не бил на операција и не верувал во тој метод како решение за проблемите.
Се врати на терени после пауза од пола година каде не беше опериран, и проблемите повторно дојдоа, притоа смени техника на сервирање, тренери, и рекет, ништо од тоа не помогна и на крај се реши за операција и еве го сега каде е. Доколку од сам старт се решеше за ваков потег немаше да изгуби толку време, и можеби ќе можеше и на АО да конкурира за титула, али никад не е касно.
Иначе да, каква 20ка, умре тоа ради периодов, односно умре 18ката, и стигањето на федерер, реално после све што направија у задње време сите тројца, глупо е да се предвидува било што, бидејќи овие се косат со секоја можна логика.
Незнам што ќе се дешава со тенисов после оваа голема тројка, ова му доаѓа ко истовремено у свој прајм да играат џордан, коби и леброн, невидено нешто е фактот што у еден спорт егизтираа(т) три вакви имиња истовремено, а ривалство како ова на надал и новак не е видено у Open ерата у тенисов.
Реално кај новак моментално све што треба да се врати е физичката спремност, другите елемети ко што глеаш, се враќаат у нормална, пеколната дефанзива, дури и сервисот му е бољи, бекхендот повторно е удар на кој може да се поптре а за ритернот што да ти кажам, на туров му беше пуштен на максимум. Ама физички сеуште затајува, и ко што вика он, ова е процес кој сеуште трае, би требало ако све е во ред до АО да е 100% спремен, далеку од тоа дека на американскава турнеа ке е фаворит број 1, да е паметен, ке танка до следниот слем.