- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
АТРАКТИВНАТА ДЕ ЛУКА ДОАЃА ВО ШТИП
Богата тридневна програма ги очекува љубителите на електронската и на хипхоп-музиката на манифестацијата „Wake Up Music Festival“ која вторпат ќе се случува во Штип. Атрактивната италијанска диџејка Дебора де Лука е најавена како ексклузивна гостинка на фестивалот, а од 19 до 21 септември во градот под Исарот ќе гостуваат и други познати артисти и диџеи. Првата вечер е посветена на електронската музика. Атмосферата ќе ја загреваат домашните диџеи Ајсберг и Борче Панов, по што ќе следи настапот на Де Лука.
Наредниот ден е резервиран за хипхоп, ќе настапат повеќе артисти, меѓу кои регионалната ѕвезда Едо Маајка, грчкиот диџеј Ник Kапа и нашите Тони Зен и Панчо. Завесата ќе биде спуштена в недела со ексклузивен сет на диџеј Дени Бегиќ. Со првите петстотини купени влезници организаторите ќе делат маица со логото на фестивалот и промотивни цедеа.
http://dnevnik.mk/?ItemID=8AE8E1C79C78EF409C7804E6D5729190
Ова ќе биде интересно фестивалче. Штип го личи за вакви настани.