Uefa Under-21 Championship Czech Republic 2015 (17.06 - 30.06)

Која репрезентација ќе го освои ЕП?


  • Вкупно гласачи
    31
  • Гласањето е завршено на .

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.278

Европското првенство до 21 година за прв пат ќе се одржи во Чешка. 52 репрезентации учествуваа во квалификациите. Имаше вкупно десет групи и во секоја од нив имаше по пет и шест репрезентации. Првопласираните тимови и 4-те најдобри второпласирани тимови играа во плеј - оф натпреварите.

Резултати од плеј-оф натпреварите:

  • Англија - Хрватска 4:2 (2:1, 2:1)
  • Франција - Шведска 3:4 (2:0, 1:4)
  • Данска - Исланд 1:1 (0:0, 1:1)
  • Украина - Германија 0:5 (0.3, 0:2)
  • Словачка - Италија 2:4 (1:1, 1:3)
  • Србија - Шпанија 2:1 (0:0, 2:1)
  • Холандија - Португалија 4:7 (0:2, 4:5)
Група А
  1. Чешка
  2. Данска
  3. Германија
  4. Србија

17.06
18:00, Чешка - Данска
20:45, Германија - Србија

20.06
18:00, Чешка - Србија
20:45, Германија - Данска

23.06
18:00, Чешка - Германија
20:45, Србија - Данска


Група Б
  1. Англија
  2. Италија
  3. Португалија
  4. Шведска

18.06
18:00, Италија - Шведска
20.45, Англија - Португалија

21.06
18:00, Шведска - Англија
20:45, Италија - Португалија

24.06
18:00, Англија - Италија
20:45, Португалија - Шведска

Репрезентациите кои ќе завршат на првите две позиции во своите групи вкрстуваат во полуфиналето. Полуфиналните мечеви се играат на 27 јуни додека финалето е на 30 јуни.

*Доколку Англија влезе во полуфиналето тогаш 3-то пласираните репрезентации од двете групи играат одлучувачки меч за учество на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро.

Составите


Позначајни играчи во чешкиот состав се напаѓачот на Спарта Прага, Вацлав Кадлец, дефанзивецот на Мидлзброу, Томаш Калаш како и играчот од средниот ред, Томаш Прикрил кој беше најдобар стрелец за Чешка на Европското првенство до 19 години што се одржа во Романија.


Позначајни играчи се голманот Андре Тер Штеген кој ја освои ЛШ со Барселона, Емре Џан од Ливерпул. Еден од најголемите таленти во Германија, Макс Маер, играчот од средниот ред на Шалке, како и напаѓачот на Казјерлсаутерн, Филип Хофман кој беше најдобар стрелец за германската репрезентација во квалификациите со 6 гола. Тука е и Кевин Воланд од Хофенхајм од кој се очекува најмногу.




Според мене една од фаворитите за турнирот е и репрезентацијата на Данска која има доста добри млади играчи како што се напаѓачот на Ајакс, Виктор Фишер, Јусуф Поулсен од Лајпциг кој одигра супер сезонава во 2. Бундеслига. Играчот на Баерн Минхен, Пиер Емил Хојбјерг кој играше фантастично сезонава во Аугзбург како позајмен. Ласе Христенсен од Фулам кој беше најдобар стрелец за данската репрезентација во квалификациите. Тука се и дефанзивците Окоре од Астон Вила, Вестергард од Вердер Бремен и Андреас Христенсен кој според медиумите од новата сезона ќе игра како позајмен во Менхенгладбах. Член на составот е и левиот одбранбен бек на Брондби, Риза Дурмиши, за кој веќе подолго време македонската фудбалска федерација пробаат да го убедат да го облече дресот на македонската репрезентација.


Позначајни играчи во составот на Србија се напаѓачот Александар Пешиќ кој е стандарден првотимец во дресот на Тулуз. Филип Костиќ кој имаше огромна улога во опстанокот на Штутгарт во Бундеслигата. Офанзивното крило беше избран за играч за месец мај во Бундеслигата. На овој турнир ќе се очекува многу и од Филип Џуриќиќ од Саутемптон и дефанзивците Александар Пантиќ (Кордоба) и Немања петровиќ (Партизан)


Позначајни играчи се напаѓачите Саид Берахињо (ВБА) кој беше најдобар стрелец во квалификациите со 9 постигнати гола. Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој постигна 21 гол сезонава во ПЛ. Чејмберс (Арсенал) и Стоунс како и Лингард и Чалоба од кои се очекуа многу во иднина.


Позначајни играчи се напаѓачите Доменико Берарди од Сасуоло како и Андреа Белоти кој во квалификациите беше најдобар стрелец за Италија со 6 постигнати гола. Играчите од средниот ред, Данило Каталди (Лацио) и Стефано Стураро (Јуве) како и дефанзивците Ругани кој имаше супер сезона во дресот на Емполи и Алесио Ромањоли во Сампдорија.


Позначајни играчи се новото засилување на Валенсија, Жоао Кансело, Вилиам Карваљо од Спортинг за кого за заинтересирани големи европски тимови. Бернардо Силва од Монако и Карлос Мане од Спортинг.


Од шведскиот состав како посебни се изделуваат напаѓачот на Селтик, Џон Гидети и Исак Телин кој беше најдобар стрелец за Шведска во квалификациите и играч кој има искуство во ЛШ со екипата на Малмо, а од јануари 2015 го засили Бордо. Бранимир Хргота од Менхенгладбах исто важи за играч од кој се очекува многу.


Историја

Претходните победници на ЕП до 21 година:
  • 2013 Шпанија
  • 2011 Шпанија
  • 2009 Германија
  • 2007 Холандија
  • 2006 Холандија
  • 2004 Италија
  • 2002 Чешка
  • 2000 Италија
  • 1998 Шпанија
  • 1996 Италија
  • 1994 Италија
  • 1992 Италија
  • 1990 СССР
  • 1988 Франција
  • 1986 Шпанија
  • 1984 Англија
  • 1982 Англија
  • 1980 СССР
  • 1978 Југославија

Најдобрите играчи во изминатите години на турнирот:
  • 2013 Тиаго Алкантара
  • 2011 Хуан Мата
  • 2009 Маркус Берг
  • 2007 Ројстон Дренте
  • 2006 Клас Јан Хунтелар
  • 2004 Алберто Џилардињо
  • 2002 Петр Чех
  • 2000 Андреа Пирло
  • 1998 Францеск Арнау
  • 1996 Фабио Канаваро
  • 1994 Луис Фиго
  • 1992 Ренато Бусо
  • 1990 Давор Шукер
  • 1988 Лорен Блан

Најдобри стрелци:

  • 2013: Алваро Мората (Шпанија) -- 4 гола
  • 2011: Адриан Лопез (Шпанија) - 5 гола
  • 2009: Маркус Берг (Шведска) - 7 гола
  • 2007: Макео Рајтерс (Холандија) - 4 гола
  • 2006: Клас Јан Хунтелар (Холандија) - 4 гола
  • 2004: Алберто Џилардињо (Италија0 - 4 гола
  • 2002: Масимо Макароне (Италија) - 3 гола
  • 2000: Андреа Пирло (Италија) - 3 гола
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Гази Англија на првенствово, топ тимче имаат, а и ред е Англиските таленти да покажат нешто во фудбалов. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Шпанија не е ни во групите #hehe
Не ми се верува дека отпаднале од факинг Србија, али добро, им секна и ним малку огромниот набој на таленти минативе 5-6 години.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
5 играчи на Интер кај италијанците.
Иначе топ екипи имаат скоро сите репрезентации, ќе биде интересно да се праи, којзнае дали ќе има преноси на некоја од телевизииве.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
5 играчи на Интер кај италијанците.
Иначе топ екипи имаат скоро сите репрезентации, ќе биде интересно да се праи, којзнае дали ќе има преноси на некоја од телевизииве.
На Еуроспорт обично даваа едно време xD
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.278
На Еуроспорт нема да има преноси. Германските програми ARD и ZDF ќе ги пренесуваат мечевите само на германската репрезентација, а Sport 1 (поранешна DSF) ќе ги пренесува останатите мечеви, но не сите од групната фаза.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јас па највеќе очекувам од Џејмс Вард Праус од Англија. Страшно изведува прекини, има брзина, трча многу, покрива огромен дел од теренот... Еден од многуте таленти на Сотон, еве му шанса да се докаже и интернационално.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.278
Јас па највеќе очекувам од Џејмс Вард Праус од Англија. Страшно изведува прекини, има брзина, трча многу, покрива огромен дел од теренот... Еден од многуте таленти на Сотон, еве му шанса да се докаже и интернационално.
Го знам да, сигурно ќе биде првотимец. За Чалоба и Лингард не сум сигурен, но не можев сите да ги спомнувам, ако беше така ќе требаше и од Германија да пишам за секој по нешто бидејќи и стварно има што да се пишува. :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Еуроспорт никогаш не го пренесувале У21 првенството, Арена Спорт за регионот ги има откупено правата за пренос.

Едина замерка за првенството е тоа што на него учествуваат само осум репрезентации, се надевам за брзо време ќе ги отераат до кај 16.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.278
Untitled.jpg


Кодот за Кајгана лигата: 866486-686513
 

Kajgana Shop

На врв Bottom