UEFA Super Cup 12.08.2014 20:45 | Реал Мадрид - Севиља

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Real-Madrid-vs-Sevilla-FC-UEFA-Super-Cup-Cardiff-2014-Wallpaper-960x600.jpg

39то издание на УЕФА Супер купот, натпреварување кое се игра помеѓу победникот од Лигата на шампионите и победникот од Лига Европа. Едно е сигурно, по 11ти пат трофејот ќе отпатува за Шпанија, а овој пат "виновниците" за тоа се екипите на Реал Мадрид (победникот од ЛШ) и Севиља (победникот од ЛЕ).


- Малку историја
На Реал Мадрид ова ќе им биде четврт настап во ова натпреварување. До сега само еднаш успеаа да го кренат пехарот и тоа во 2002 година против екипата на Феенорд, победувајќи ги со резултат 3-1. Претходно, во 1998 година загуби од екипата на Челзи со 1-0, а во 2000 година од екипата на Галатасарај со "златен гол" примен во 103тата минута за конечни 2-1.
Екипата на Севиља има еден настап помалку, но исто така и тие имаат еден трофеј. Во 2006тата година го доби шпанскиот дуел против Барселона со убедливи 3-0. Една година подоцна Севиља со победата во Купот на УЕФА повторно се избори за настап во ова натпреварување, но поуспешна беше екипата на Милан, совладувајќи ја Севиља со резултат 3-1. Тогаш на клупата на Милан беше сегашниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

- Патот до Кардиф
Првиот предизвик, групата фаза од ЛШ, екипата на Реал Мадрид го мина без проблем. Таму за противници ги имаше Јувентус, Галатасарај и Копенхаген. По 6те одиграни натпревари, Реал Мадрид издвојуваше 5 победи и еден нерешен резултат на гостувањето во Торино. Со 20те постигнати погодоци, им се придружија на Барселона и Манчестер Јунајтед, како екипи со најголем број постигнати голови во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Во нокаут фазата, на патот до финалето им застана Бундеслигата. Реал Мадрид мораше да мине низ 3 од 4те германски екипи кои настапуваа во ова натпреварување. Најпрво Шалке, па Борусија Дортмунд и на крај минатогодишниот шампион, Баерн Минхен.
Патникот во 1/4 финалето беше решен уште во првиот натпревар помеѓу Шалке и Реал Мадрид, каде што шпанците на гостински терен славеа со високи 6-1.
Таму пак ги очекуваа должниците од минатата сезона, екипата на Борусија Дортмунд. Во првиот натпревар на Сантијаго, Реал славеше со 3-0. Во реваншот очекувано Борусија Дортмунд тргна офанзивно и го добија натпреварот со 2-0, но не доволно за во следна фаза за германците.
Последниот противник пред финалето беше Баерн Минхен. По еден тежок натпревар во Шпанија, домаќините со голот на Бензема успеаа да издвојуваат минимална победа. Во реваншот многу неочекувано "германската машинерија" доживеа дебакл, Нојер дури 4 пати ја вадеше топката од својата мрежа.
Во последниот и најтешкиот предизвик до освојување на Десимата, го добивме градскиот ривал, Атлетико Мадрид. Хуанфран, после киксот на голманот Икер Касиљас го отвори мечот и им доведе водство на Атлетико со 1-0. Во продолжението темпото го диктираше екипата на Реал Мадрид, но одбраната на Атлетико беше на ниво. Според многумина среќно, Реал Мадрид со голот на Серхио Рамос во последните минути од судиското продолжение успеа да се избори за дополнителни 30 минути фудбал, каде што со уште 3 погодоци во голот на Куртоа, Реал Мадрид со победа од 4-1 стигна до долго очекуваната Ла Десима.


За Разлика од Реал, екипата на Севиља со многу поголеми тешкотии и многу повеќе среќа се избори за настап во УЕФА Супер купот. Во фазата по групи ја оправда титулата на фаворит и помина не поразена покрај екипите на Фрајбург, Есторил и Слован Либерец.
Во првиот натпревар од нокаут фазата, против екипата на Марибор, Севиља помина потешко од очекувањата. Гостувањето во Словенија мина без победник, но сепак на домашен терен беа поуспешни и со вкупни 4-3 избори пласман во следната рунда.
Во 1/8 финалето пак, ја добија убедливо најслабата екипа сезоната во шпанска Примера, Реал Бетис. Неочекувано, во првиот натпревар на домашен терен Севиља доживеа пораз од 2-0. Во реваншот немаше што да се тактизира, па уште од почеток тргнаа офанзивно и им вратија со иста мера. Во дополнителните 30 минути немаше погодоци, па патникот во 1/4 финалето се решаваше преку изведување на пенали каде што поуспешна беше Севиља.
Следен противник им беше Порто. Исто така 1/4 финалето го започнаа со пораз, минимален 1-0, но во реваншот беа убедливи па со вкупни 4-2 стигнаа чекор поблиску до титулата.
Првиот натпревар од шпанското полуфинале против Валенсија, Севиља на домашен терен го доби со 2-0, но ги очекуваше далеку потежок реванш натпревар. По 3те голови во мрежата на Бето и ужасната игра на Севиља многумина ги запишаа Валенсија како финалисти, но камерунецот М'Биа пред последниот свиреж на судијата по нафрлувањето од Фацио успеа да го совлада Диего Алвес и да им донесе огромна радост на Андалузијците.
Во финалето на Јувентус стадионот во Торино, Севиља се сретна со екипата на Бенфика. Двете екипи играа претпазливо, па по 120 минути игра натпреварот беше без голови. Играчите на Севиља повторно се покажаа како одлични шутери од белата точка, а тоа значеше и трета титула за Севиља во Лига Европа.


- Меѓусебни дуели
Овие 2 екипи меѓусебно одиграле 172 натпревари. Реал Мадрид бил поуспешен во 90 средби, додека Севиља во 53.
29 натпревари завршиле без победник.

- Трансфери
Во дресот на Реал Мадрид овој пат ќе ги гледаме и Кејлор Навас, Тони Крос и Џејмс/Хамес Родригез. Тимот го напуштија Алваро Мората и Касеморио кој замина на позајмица во Порто.
Севиља пак се засили со Маријано Барбоса, Алекс Видал, Алехандро Арибас, Жегож Криховиак, Денис Суарез и Иако Аспас, но остана без најголемата ѕвезда во тимот, хрватот Иван Ракитиќ кој од оваа сезона е нов играч на Барселона.

- Судии
Главен судија на мечот ќе биде англичанецот Марк Клатенбург, кој има веќе 8 години искуство на интернационални натпреварувања. Негови помошници ќе бидат Сајмон Бек и Сјуарт Барт.
Четврт официјален судија е Дарен Ингланд, како дополнителни помошници се назначени Мајкл Оливер и Ентони Тејлор

- Стадион
Домаќин на финалето ќе биде Кардиф стадионот. Пуштен во употреба пред 5 години и има капацитет од 33 000 седишта. Цената конструкција чинела 48 милиони фунти, а во склоп на стадионот има и 70 хотелски соби и неколку барови и ресторани

BurtmpcCMAArx3x.jpg

- Можни стартни 11ки

Реал Мадрид: Касиљас, Карвахал, Пепе, Рамос, Коентрао, Крос, Модриќ, Бејл, Родригез, Роналдо, Бензема
Севиља: Бето, Коке, Пареха, Фацио, Морено, Криховиак, Денис Суарез, Карико, Ибора, Аспас, Бака
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Лани се играше во Прага, не е од оваа година што се игра надвор од Монте Карло..
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@DaniBMW брат, пиши ми дали има тема за купови во Шпанија. Ако има, коментирајте ја таму утакмицата а ако не, тогаш во темата за Шпанско. Нема потреба за секоја утакмица нова тема. Денес и во Англија се играше СуперКуп.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
@DaniBMW брат, пиши ми дали има тема за купови во Шпанија. Ако има, коментирајте ја таму утакмицата а ако не, тогаш во темата за Шпанско. Нема потреба за секоја утакмица нова тема. Денес и во Англија се играше СуперКуп.
Абе тебе уште те држи пијачката од собиранката :D
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Ќе ја даваат на СК претпоставувам ?
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Обично паѓаат многу голови на Реал-Севиља. Бака ќе ги растури!:vozbud:

VamosMiSevilla!
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Абе, и Мбиа го стегна 93та?:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom