Поентата е дека Реал се бранеа од немоќ а не дека сакаа до толку да играат затворени, затоа не ги ни критикувам дека паркирале автобус или слично него до толку беа немоќни што топка неможеа да изнесат
Зависи како гледаш на работите. Ако мислиш на напаѓачки стил, до некаде да, ради причина. А дефанзивно пак беа "моќни".
До 0:1, и во Мадрид, Реал се надигруваше со Сити. Во нормален стил.
На 0:1 реално немаш причина да имаш отворена игра и да бркаш 0:2? Против тим како Сити...
Секој што разбира фудбал, би го разбрал тој пристап како логичен, а не како немоќ.
Тактика и во други сфери, ја модификуваш според потребите во моментот.
За мене Реал бил немоќен кога напаѓал 90 минути и не дал гол повеќе против Гетафе на домашен терен.
Без киксот на Рудигер за голот, 120 минути Сити на домашен терен беа без сериозни шанси за гол.
По скопски и маалски тоа се вика. Ја мучат топката.