Попопо гледав Сити Псж појма неам шо се случвало во Германија ама на онаква смешна одбрана која ја има Волфсбур Реал да не му дај гол е најголема мистерија засега.
Ги гледав со Леверкузен пред некој ден смешки беа назад, и баш помислив на овие 5 не му бегат од Реал ако играт вака и ЛШ. Мислам очекував во Германија да биди изедначен дуелот сепак Волфсбург на домашен терен се друга приказна, поготово во ЛШ ама овај резултат ни најмалце не го очекував.
2 гола треба Реал да ги надокнади кои не се многу поготово како игра Реал на Бернабе.
На крај се си мислам дека Реал ќе оди понатаму, нема да има потоп над Волфсбург ама ќе ги поминат, ги дојсоја до бунар вода нема да ги остат да се напијат, нешто слично како Малага со Дортмунд ко играа 1/4 финале ко се враќаше Дортмунд од мртвите во 90 минута.
А Псж и Сити Бог знај шо ќе се случва во Англија, кадарни се Сити да го изненадат Псж и да ги добијат дома и нерешен резултат му одговара 1-1, 0-0, Матуиди нема да игра, со Верати појма неам шо се случва ако не игра и тој лошо му се пиши на Псж оти Јаја се враќа па така би ги добиле на средината.
Некако без жар играа повеќето играчи и од двете страни, кај Сити поготово не видов никаква радост за голот кога израмнија како да му е сеедно, се бива кај арапите.
4 гола по грешка на играчиите е непрофесионално и смешно поготово се работи за 1/4 финале и за два големи клуба кои не смеат да си дозволат таквии луксузи.