Тетовски Балисти порачуваат: Ќе ги убиеме српските репрезентативци за директно место на ЕП!
На мечот меѓу екипите на Шкендија и Металург во Првата македонска фудбалска лига осамна транспарент со кој се нападна претседателот на УЕФА, Мишел Платини.
Гневни од одлуката УЕФА да додели службена победа на Србија од 3-0 на мечот против Албанија во Белград каде се случија огромни инциденти и каде албанските фудбалери едвај извлекоа жива глава, навивачите на Шкендија, популарните „Балисти“ истакнаа парола со која ги нападнаа челните лица на европскиот фудбал, но и српските фудбалери на кои им порачаа дека ги чека пекол во Тирана.
„Драг Платиновиќ (се однесува на Мишел Платини)! Тие ги истепаа нашите фудбалери и победија 3-0. Ако ги убиеме на реваншот, ќе добиеме директен пласман на Евро 2016?“, гласи паролата.