Атаман, колку и да не го сакам, уште еднаш покажа дека е доктор и моментално најбољи тренер у Европа. Ако освои титула само ќе го потврди статусот. А има реални шанси за тоа.
Кендрик Нан му е опасен погодок, класа од играч. Го немаше на првите две утакмици у серијава нигде, пренервозно делуваше, и од третата утакмица се запали и влезе у зона. Слукас исто. На една утакмица мислам дека имаше дури и 0 поени, ама откога старото прдле Пини Гершон го прозва јавно дека е играч од 3,5м без самодоверба, овој се здиве.
Свака част и за Макаби реално. Цела сезона играат надвор од Израел и без публика (со исклучок на двава меча у плеј-оф) и пак стигнаа, како и лани, до мајсторка. Вечерва ептен им фалеше Болдвин, мада и со него тешко дека би добиле.
Ич ги нејќам зелениве, ама па од друга страна и боље они да идат на Ф4 него Макаби. Бар ќе биде пуна салата у Берлин и ќе има атмосфера. А тек ако утре добијат Фенер и Олимпијакос, има покољ да се деси у Берлин за две недели