The Mentalist

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Јас верувам дека Црвениот Џон е всушност
самиот Патрик Џејн. Има некоја шизофренија или слично и дејствува одвоено. Кој друг би билтолку умен?


Nisam, nisam. :D
 
Јас верувам дека Црвениот Џон е всушност
самиот Патрик Џејн. Има некоја шизофренија или слично и дејствува одвоено. Кој друг би билтолку умен?
Го исклучувам Патрик од причина што разговараше со слепата девојка која свиреше пијано и е единствен сведок што е расположен да го идентификува Ред Џон и истата не го препозна по гласот. Друга работа е што девојката спомна дека Ред Џон е висок нешто над 6 стапки што го исклучува Патрик од можна шизофренија и да биде самиот Ред Џон. Има Има и други сегменти како што е знакот над амбарот во 80тите и останати ситуации.


Океј ја завршив и последната епизода...Извонредна епизода во секој случај и малку незгодна за понатамошниот тек на настаните и како ќе ја приведат.
Киркленд е соработник на Ред Џон дефинитивно, но не е Ред Џон од причина што кога го убиваше сведокот истиот не го препозна.
Но најверојатно истиот заедно со Ред Џон го има обработено делот со седумте осомничени пд причина што влезе внатре и ги сликаше сите документи и Патрик го знае тоа од причина што му стави мала замка со кибритот.
Дали е само ова уште еден трик на Патрик за Ред Џон да се опушти тоа не можам да кажам.
Интересен е делот со убиството на девојката, мое единствено објаснување е дека кога Патрик лежеше на болница додека беше повреден или пак во периодот на неговото лудило веднаш по убиството на неговотот семејство некој соработник на Ред Џон или тој самиот го има обработено со хипноза или нешто друго за да ги знае сите негови потсвесни слабости и манипулира на овој начин со него.
Само да не ја затупат уште многу сезони, и онака се 20 и кусуро епизоди во сезона и нема потреба од 7ма.
 
Значи би било фино следната сезона да биде последна, него на финалето на третата сезона, кога опишуваа колку е моќен Ред Џон, дека има врски во полиција, во влада ... ова... она, се појави слика од Арнолд Шварценегер на ѕид (ги исполнува сите критериуми) да биде Ред Џон :)

Ама.... ќе видиме :)
 
NEW SEASON: Jane and Lisbon are hot on the trail of Red John but will disagree on how to handle the hunt, which will result in one less Red John suspect by the end of the season premiere episode. Also, Red John’s identity will be revealed by the end of this calendar year.

Тоа што е на крајот на спојлерот, најверојатно ќе се случи во епизодата пред зимската пауза.
Не е голем спојлерот, али е :cautious:.
 
Со објавиве сами себе убијал, место да држат неизвесност тие ова ќе се случи тогаш, она тогаш. (n)

Не мислам на членот, туку на CBS.
 
Ми останаа уште 10 епизоди за да ја завршам 5та сезона, ги штетам зашто што ќе праам до Септември у депресија ќе паднам од што нема што асално да се гледа друго.

Се чудам како до сега ја немам загледано серијава, мене ми е фантастична и предобра, мислам дека Сајмон е еден фантастичен глумец а Патрик е еден фанатастичен лик, за мене нешто најдобро што се појавило во овие 5-6 години од серииве.
Ваков шарм и харизма во еден човек одамна не се собрале.
Иаку веќе во 5тава сезона и јас подлабоко се инвестирав за кој е Ред Џон, иаку пак не сакам да се открие брзо зашто тоа ќе значи крај на серијава и тоа значи ноу мор лавли Патрик:(

Инаку секнд бест ми е Чо, која фаца е мајко мора уште не можам да се пресмеам на тоа како му стојат наочарите:LOL:
images
 
А не би ме чудено од ко ќе се отрија кој е Ред Џон, да се сними и еден спин оф за него.
 
Кога можеше за вампирските дневници, за малите убави лажливки да измислат спин оф, зашто за Менталист да не. Супер идеа, али дали ќе не прочитаат?:)
Може да ги отвараат сите негови убиства едно по едно, језда тоа хорор апла ќе излезе, ама зашто не, јас би го гледала и тоа.
Ама и Патрик да го има, зашто без Патрик ништо не праиме:love:

П.С
Дали тоа конечно ќе видиме нешто поише од водичка меѓу двајцава?
http://au.ibtimes.com/articles/4966...son-6-spoilers-jane-red-john.htm#.Uf--adI9EU0
 
Конечно ја завршив 5тава сезона и финалето беше БОМБА!
Уште не можам да сватам како знаеше кои му се на листата и како баш сите до еден ги погоди. Киркленд не можеше да му го пренесе зашто во времето кога му провали уште го немаше списокот.
И што мислите кој од 7те е?
Јас 2 дена веќе читам само теории и не знам искрено, не можам уште да донесам мислење за тоа кој е а кој не е.
Имам некои размислувања ама не ми се уште целосни.
Се опседнав со серијава:eek:

П.С странава ако не ја знаете ѕирнете ја ќе ви летнат едно 6-7 саати за да ја раслистате асално
http://www.whoisredjohn.com/

П.П.С мислите ли дека има шанса и да не е е никој од тие 7 туку баш напротив некој друг и дека целава оваа игра со цедето и листата е намерно направена од Патрик да го навлече РЏ на друга патека и да го одвлече од правата трага со што би бил чекор пред него?
И на тоа мислев дека е можно, али не знам, веќе стварно не знам што да мислам.
Ќе умрам до 29 Септември.
 
П.П.С мислите ли дека има шанса и да не е е никој од тие 7 туку баш напротив некој друг и дека целава оваа игра со цедето и листата е намерно направена од Патрик да го навлече РЏ на друга патека и да го одвлече од правата трага со што би бил чекор пред него?
И на тоа мислев дека е можно, али не знам, веќе стварно не знам што да мислам.


Ако не ти се битни споилерите и сакаш мал дел од дејството да го дознаеш побрзо, зирни го мојот пост што е погоре на странава. Има некои информации околу РЏ, освен онаа за кого се работи, се разбира. А доколку си трпелива, и не сакаш споилери и да дознаеш порано за дејството, ти препорачувам да си почекаш до 29(30 кај нас) септември за новата сезона.:)

п.с. Како што кажа нашиот Ред Џон:D, сами себе убијале си направија СиБиеС со тоа што го објавија. Требаше друго нешто да објават, а се околу РЏ да си преќутат.
Па дури и дека е сигурно еден од тие 7 лица, како што потври самиот креатор, Бруно Хелер.
 
Не сум трпелива видов, не можам да спијам само копам теории, разглабам до сабајле,до сега ни една серија до олку не ме загреала.
И да ме разочараа баш сам себе убил работава.
Што му требало не знам, ама сами сме си криви кјуриозити кил д кет. Убаво си праам некад ништо не читам само симни изгледај за 3-4 дена цела серија и чао пријатно.
Ах што знам кој би можел да биде?
Само да не го наместат оној шерифот или бившиот агент ептен тапа би било.
Искрено најшокантно би ми било да е Бертрам, само тоа би ме треснало од земја зашто на крај на памет дека него ќе го стави на листата.
 
who-is-red-john.jpg

Ајде малку да ја загрееме атмосферата пред почетокот на новата сезона. Инфографик за можниот индентитет на РЏ, теории...
 
Интересна епизода со еден, хммм, неочекуван крај.

Патрик >Лисбон > Ван Пелт > Ригзби > Чо :pos:

First one is out. Мислев ќе биде ослободен од сомнителноста, ама го ослободија од животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom