The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам што очекуваш да се случи, серијата е за една истрага со сите криви насоки, сопки, грешки итн... веројатно е дека ќе се реши се оваа сезона, пошто има практични проблеми серијата: се одвива во период од месец-два, а децата во серијата растат ли растат :)

Инаку мене ни е супер само ми фалат завршниците од првата сезона, некако краевите не се баш ефективни. Има време, почеток е.
 
Не, кога почна не ни очекував веднаш да го најдеме убиецот, знаев дека серијата има поразличен пристап од, да речеме CSI. Еве ќе го тргнам на страна фактот што прва сезона заврши глупо. Ми пречи што наместо истрагата полека, но сигурно да напредува, постојано ми подметнуваат некои нови теории кои секогаш завршуваат во ќорсокак. Од родителите, па до наставникот, политичарот, па еве сега и лихварот. Не дека е лоша серијата. Добра е, особено глумата, околината, атмосферата. А мислам дека до сега дејството трае 15 дена. Последната епизода не забележав дали напишаа.
 
уште во прва епизода знаев кој е убиецот,,,такви лесни серии ме нервираат
 
уште во прва епизода знаев кој е убиецот,,,такви лесни серии ме нервираат
Епа очигледно само ти знаеш.....оти мислам дека ни сценаристите незнаат.
Инаку многу бавна епизода, ништо битно не се случи. Очигледно Роси имала некаква врска со овој што го вози комбето кое што припаѓа на татко и.
И нешто што очекував е дека овој Јанек раководел со тоа веб-страната за проституција.....тоа некако ми беше очигледно.
 
Јас Мислев дека ова е за филмот на Стенли Кјубрик The Kiling...оно била некоја серија :(
 
Епа очигледно само ти знаеш.....оти мислам дека ни сценаристите незнаат.
Инаку многу бавна епизода, ништо битно не се случи. Очигледно Роси имала некаква врска со овој што го вози комбето кое што припаѓа на татко и.
И нешто што очекував е дека овој Јанек раководел со тоа веб-страната за проституција.....тоа некако ми беше очигледно.

епа кој го погоди цајканот,,,а сеа што ке ја вртат серијата у друг правец па други работи ке измислуваат тоа е друго..инаку ова е копија на една Данска серија,сеа што само американците ке ја развлечат на многу еп и ке ни мачкаат очи

ваквите серии лесно се читаат,кога упорно асоцираат на еден лик дека тој е крив,значи Не е ..

овој цајканов дојде во едни стари алишта ,избелеан дуксер,исушен целиот,се гледа дека е наркоман ..сцената кога го праша девојчето кај е она место во училиштето.. и не чекаше два пати да му кажат,одма отиде у тој подрум ,а он прв пат у тој град,камо подрумот на училиштето ке знае кај е ...

серијава е за тепање време ,далеко од квалитет,,имам ја изгледано други 30-40 серии,а оваа е далеку од добра
 
Значи не знаеш кој е убиецот :)

Не знам што сте запнале со тоа развлекувањето, да не сакате да го откријат убиецот во следнава епизода и да ја прекинат серијава? :) Истрага за убиство е во real-time, повеќе епизоди има отколку денови што поминале од убиството, ако не се лажам... си оди бавно полека, ако ви се гледаат акции и епизода-за-епизода серии, има и такви еден куп. Оваа е нешто поинакво и мое мислење е дека има и тоа како квалитет, од содржина, актери, саундтрак, сценарио, до оригиналност или поточно, различност, од останатите крими серии во моментов. Што сигурно е добро за промена.

Инаку знам дека е римејк на Данска серија, не знам колку се држат до содржината од истата и не сакам да знам, да не спојлерисуваме.

Вторава сезона сепак морам да признаам дека не ми е на нивото од првата ама да не брзам со заклучоци, сепак поминаа само три епизоди. Се надевам дека ќе биде ОК сезоната и дека ќе заврши серијата со оваа сезона, понатаму само ќе ја расипат.
 
Одлична четвртата епизода, отвора скроз нови насоки и конечно еден добар крај како во првата сезона. Иако не кажаа дирекно, мислам дека е јасно зошто и за кого Белко го изврши обидот за убиство. Сега сосема лесно може да се состават нови теории за убиството на Рози, пред се тоа да биде превртено. Но колку и да го превртуваат, вмешаноста на некои ликови на овој или оној начин, е јасна.

Супер, само нека продолжат вака.
 
Е ова сум го промашил у епизодава очигледно....
Туку на кого ѕвонеше тетка и Рози, кога се јави една жена и оваа одма ја прекина врската?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom