The Gilded Age

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.797
Поени од реакции
33.615
1711390539333.png

The Gilded Age е американска историска драмска ТВ серија креирана и напишана од Џулијан Фелоус (авторот на Downton Abbey, освојувач на Оскар за сценариото на Gosford Park), за HBO. Дејството е сместено во Њујорк, САД за време на тн. Gilded Age, 80-тите години на 19 век кога економијата во САД е во огромен подем и Америка за прв пат ја надминува Европа во многу нешта. Оригинално била наменета за NBC во 2018, но во 2019 HBO ја презема под своја капа.

Премиерата на првата сезона беше во јануари 2022, а втората во октомври 2023. Во декември 2023 серијата е обновена за трета сезона. Има одлични критики за серијата, пред се за одличниот кастинг и глума од актерите: Кери Кун (ја знаеме од The Leftovers), Морган Спектор, Синтија Никсон (Sex and the City) и Кристин Барански (The Good Wife), како и за одличната сценографија и костимографија.

1711390482776.png

Слично како во Downton Abbey, серијата ги следи конфликтите меѓу богатите семејства од стариот ков во Њујорк, и новопечените богаташи кои се збогатуваат со развојот на индустријата и технологијата во САД (во случајов, семејството Расел со железницата), како и конфликтот меѓу високата и средната класа, газдите и послугата, како и афро-американската висока класа и работничката класа.

Интересно е што една од главните улоги ја толкува актерката Луиса Јакобсон, за која ова е прво појавување на екраните, а станува збор за ќерка на Мерил Стрип. Беше номинирана за SAG Award во 2023, како дел од ансамблот на серијата.

Иако серијата заработи неколку номинации и освои ЕМИ Creative Award за продукциски дизајн во 2023, сепак изостануваат номинациите за главните ЕМИ и Глобуси, но со оглед на тоа што дел од сериите кои често беа номинирани последните 2 години за овие награди завршија или завршуваат (Succession, The Crown, Stranger Things...), очекувам во наредните години ова да е една од главните конкуренти за освојување на наградите. Најтопла препорака за сите кои сакаат костимирани period drama серии.
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
Симпатична, ја има и кај нас на HBO. Насловот е ептен добра игра на зборови :)

The Gilded Cage, derived from the phrase "a bird in a gilded cage" meaning living in a luxurious prison
 

Kajgana Shop

На врв Bottom