Teтово

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Туку у вторник у Тетово се палат бадникови дрва, треба да се излезе на протести да се прекине таа традиција.
Се загадува градот.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Da se zabrani taa tradicija? Nema SHANSE. Oni ako izlezat na protest ja sum prviot da im se ponisti denot na albanskoto zname. Da ne go slavat kaj nas u Tetovo poradi ne soodvetno odnesuvanje.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Чисто едно прашање, викаат колите го загадуваат градот, па како тогаш живееат луѓето во милионски градови (Лондон, Мадрид, Њујорк и сл) каде има илјадници пати повеќе возила отколку во градот , по таа логика сигурно тие би требале да бидат презагадени од колите?
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Чисто едно прашање, викаат колите го загадуваат градот, па како тогаш живееат луѓето во милионски градови (Лондон, Мадрид, Њујорк и сл) каде има илјадници пати повеќе возила отколку во градот , по таа логика сигурно тие би требале да бидат презагадени од колите?
Чисто еден одговор.
Тие милионски градови имаат средени урбанистички планови и зелена површина.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Чисто еден одговор.
Тие милионски градови имаат средени урбанистички планови и зелена површина.
Пиши traffic jam и име на било кој град и види ги сликите што ќе ти излезат.
Не дека го оправдувам градскиот сообраќај (кој е ужасен), само сакам да надополнам дека мора да има и други фактори за загадување, или пак начини како тоа да се спречи.
А тоа дека Тетово има улици од 19 век а сообраќајот е драстично зголемен е факт.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Пиши traffic jam и име на било кој град и види ги сликите што ќе ти излезат.
Не дека го оправдувам градскиот сообраќај (кој е ужасен), само сакам да надополнам дека мора да има и други фактори за загадување, или пак начини како тоа да се спречи.
А тоа дека Тетово има улици од 19 век а сообраќајот е драстично зголемен е факт.
Aбе види, никој не вика дека сообраќајот е единствена причина за Тетово да биде загаден град, тоа е само еден од многуте фактори.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.988
Тетово блуз
Теута Арифи не е заинтересирана за опстанок на македонската етничка заедница во Тетово.Систем во кој една етничка група не е претставена во извршната власт се нарекува окупација, а покорената автохтона етничка група се вика раја.


Но, тешко е да ги обвинуваш луѓето, секој има своја цена и овде не им се ни обраќам на политичарите. Време е народот да разбере дека систем во кој една етничка група не е претставена во извршната власт се нарекува окупација, а покорената автохтона етничка група се вика раја.

Што значи тоа кога група се организира, среде бел ден влегува во училиште и напаѓа кого сака, се обидува жртвата да ја убиe со нож (класичен обид за убиство) и откако посеала страв (според англиската терминологија - терор) заминува. Очигледно, имаме работа со насилници носени од внатрешни мотиви и - од чувство на неказнивост!

Албанците го владеат Тетово, сè повеќе и потемелно и со секоја освоена позиција се чувствуваат сè посилни и понеказниви. Тие се единствени господари затоа што ги држат сите функции во општинската власт, во општинските јавни претпријатија и речиси сè што е важно во државните органи на управа.

По обидот за убиство во гетото на тетовската гимназија, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Карапетрова ја прозва градоначалничката Теута Арифи. Ама идеја. Зар пратеничката не знае која е Арифи, зар никогаш не се сретнале? Арифи не е заинтересирана за опстанок на македонската етничка заедница во Тетово. Таквите апели се губење време, тоа што пратеничката е должна да го направи за своите избирачи е да им обезбеди политичка рамнотежа. Советниците во општинскиот Совет треба веднаш да побараат седница на која ќе се договори едно место во општинската администрација, не мора да е дури ни претседавач на Совет, нека биде раководител на Сектор, и тоа ќе е успех, и едно директорско место во некоја од општинските фирми.

Не бараме рамноправна застапеност каква што имаат Албанците во Владата и во Собранието на РМ, тоа во моментов е над нивните сили, но обезбедување симболична застапеност е нешто што е минимум на минимумите. Зошто досега тоа не е направено, иако Теута Арифи се направи градоначалничка токму со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ? Македонците 20 години не се претставени во извршната власт поради две причини - алчност и кратковидост. Во замена за зачувување на комплетната власт, партиите на етничите Албанци на ВМРО и на СДСМ им потфрлаат по неколку работни места, кои овие ги прифаќаат со мислата „подобро работа за баџанакот до крај живот, отколку претседавач на Совет за четири години, по што може функцијата, далеку било, да му припадне на ВМРО/СДСМ“.

Многумина веројатно не знаат дека функцијата шеф на тетовски, а исто важи и за гостиварските, огранок на ВМРО се врзува со директорско место во некое од државните јавни предпријатија, во Скопје! Сè што треба да направи шефот е да обезбеди одреден број на гласови. Тој ги организира луѓето на кои им дале работни места, административците од државната управа, луѓето кои се надеваат на работно место и неколкумината преостанати искрени борци за каузата, по изборите добива функција, по некое време е готов за преселба. Кога некој би се потрудил да направи список на преселниците би добиле профил на политичар кому не треба да му се верува. Секако, тука треба да се допишат и бенефициентите од поранешниот систем кога Македонците, исто бесмислено и штетно, држеа 99 од 100 функции, а кои по промената се разбегаа од Скопје до Гевгелија.

Но, тешко е да ги обвинуваш луѓето, секој има своја цена и овде не им се ни обраќам на политичарите. Време е народот да разбере дека систем во кој една етничка група не е претставена во извршната власт се нарекува окупација, а покорената автохтона етничка група се нарекува раја.

Тетовскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ мора да побара од Груевски обезбедување на симболична застапеност во извршната власт. Премеиерот нека ѝ даде на ДУИ концесија на друго место, нека ѝ ги понуди патем тие пар работни места, па да видите каков е одговорот на виситинските националисти. На Груевски е да најде начин да ги убеди затоа што тој привид на рамноправност ќе е прв чекор кон совладување на чувството на неказнивост поради кое само ќе се засилува теророт врз рајата. Тоа е историска задача на овој огранок и овде нема никакви претерувања затоа што рајата во тетовско се навикнува на својот статус и ако сега нема промена, ќе нема наредни 500 години. Доколку опстанеме таму толко долго. Турците држеа раја за кулук и екстра даноци. Тие категории на изнуда веќе не постојат, па затоа никој не треба да има илузии за задачата на Арифи, кога знаеме дека кај што не може сам, ѓаолот праќа жена.

Се присетив сега на Томе Бомбај. Никогаш не би верувал дека политичарот со кого на крај имав големи недоразбирања ќе ѝ недостига на тетовската политичка сцена. Иако не беше вистински политичар кој знае методи на политичка борба, Бомбај и знаеше да препозне опасност и немаше страв. Тоа сега ни треба. За жал. Ни треба некој да се сети на ѕидот покрај кој го убија Ванчо Јосифовски. Да објасни колку е важно да се има споменик за 2001. По десетина-дваесет години, младите покрај патиштата ќе можат да видат само споменици на ОНА, што значи дека некој се борел и се жртвувал за нешто. А што е со тој другиот, за кој ние денес знаеме дека се бранел? Младите кои ќе судат според спомениците, ќе се убедат дека тој другиот, ние, всушност сме биле агресори кои убивале.

Ете, тука не води алчноста, партискиот интерес и кратковидоста. Лекувањето на тие болести мора да почне уште денес.

Во спротивно, останува последната шанса, да бараме заштита, протекторат. Во историјата е запишано како косовските Срби за време втората светска војна поради бруталноста на балистите барале заштита кај германскиот и италијанскиот окупатор.

Во нашата е запишано како сме барале заштита од руските конзули. Тетовската раја, со оглед дека видлив окупатор во моментов нема, може да тргне по вториот пример, бидејќи вака, како што е, времето не работи за нас.

Ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ која мора да даде нешто за да ја одржи коалицијата, нешто како во шах, жртва за иницијатива. Ама не сум сигурен дека жртвата е добро осмислена, настрана тоа што во модерниот шах гамбитот не се игра.

Барањата за рамноправност и рамнотежа се нешто што човечки ни припаѓа. На пример, на двата тетовски универзтите, настава на македонски јазик, предност за вработување да имаат Македонци кои живеат во полошкиот регион.

Началник на полиција во Тетово или Гостивар да биде Македонец, на смена, да ротираат како што министрите од албанската етничка заедница ротираат во владата. Владата да почитува закони, нешто што не треба ни да се каже кога се работи на пример за државните симобли. Министерот за екологија на една европска држава неодамна го фатија како не го почитува законот за сегрегација на сметот кој сам го предложи. Новинари му пробуричкаа во сметот и го фатија на дело. Човекот го сменија при првата реконструкција.

Драган Стојановски
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Ама рамноправност бара овој Драган, предност при вработување било рамноправност :pos:.
И шефот на полицијата го бараат, а најинтересното сакаат споменици бе и во Тетово :ROFLMAO:
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Ама рамноправност бара овој Драган, предност при вработување било рамноправност :pos:.
И шефот на полицијата го бараат, а најинтересното сакаат споменици бе и во Тетово :ROFLMAO:
Predlog za spomenik Dronot :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.988
Снегот во Теарце се чисти „Рамковно“
http://plusinfo.mk/vest/11394/vmro-np-snegot-vo-tearce-se-cisti-ramkovno
Рамковна држава. Што ли е следно рамковно:misticen:
Проблемот е во тоа што владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не реагира и континуирано се праи наудрена, за ваквите работи, кои се секојдневие за Македонците кои живеат меѓу Албанци.
 

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Поздрав до сите Тетовчани. Порано честопати идев натака. Еве една панорамска слика сликана непосредно пред повторно да почне со работа Југохром. (Клик на сликата за поголема разолуција)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.988
Барем признајте си дека ви е јако дека, ако ништо друго, барем Тетово и Скопје се у друштво со разно разни Талибанистани, од типот на Карачи, Каиро и слични, кај што исто: гарант се палат гуми у сред град, а шумите ги нема со векови (кај вас ќе ги нема).
Инаку, верувам дека Теута Арифи и Коце Трајановски, имаат преча посла (околу национално-партиската кауза), неголи да се заебаваат со глупости од типот најзагадени градови.
Гарант опозициони се овие табели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom