Sun & Fun Festival @ Стадион на АРМ - 23.06.2012

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
П

Паган-др

Гостин


SUN PRODUCTION со гордост го најавува:

SUN & FUN Festival:

Во сабота 23 јуни 2012, сред урбаната џунгла во градскиот парк во Скопје, поточно СТАДИОНОТ НА АРМ (кој се наоѓа веднаш до арената Филип Втори) на простор од 5000 метри квадратни ќе се одржи најзначајниот настан од светот на урбаната музика овој период во Скопје. Ексклузивноста на локацијата и уникатноста на програмата ветуваат журка која долго ќе се памети.
___________________________________________________________

Како главни ѕвезди на вечерта ќе настапат милениците на македонската публика:

ЕЛИТНИ ОДРЕДИ - Србија
www.myspace.com/elitniodredi

ДАРЕН ЕМЕРСОН - Велика Британија
www.darrenemerson.com

Маури - ЕТНИКА/ПЛЕАДИАНС - Ибица
www.etnicanet.net

___________________________________________________________

Примарна цел на овој музички настани е понудата на ексклузивна, квалитетна фестивалска програма и запознавање во живо на домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на урбаната музика.

Единствена можност да се почувствува магијата на масовен хепенинг што обединува спектакуларни музички ѕвезди, поддржани од квалитетната македонска гордост, беспрекорна организација и расположливи технички средства и исто така
промовирање на Македонија и Скопје како привлечна дестинација за љубителите на современиот звук од Балканот и Европа.


Покрај главната сцена ќе биде промовирана и чил-аут зона каде посетителите ќе може да одмараат, а исто така и алтернативна зона која ќе биде изнендаување за посетителите.

На фестивалот свој настап ќе имаат жонглери, кловнови и пантомимичари и исто така ќе има перформанси со оган и огнени шоуа.

На главната сцена ќе настапат професионалнаи танчери и танчерки.

Пред главната сцена ќе биде промовирана фан пит зона каде за најголемите фанови ќе биде овозможено поголема комоција, а исто така на овој простор ќе има и високи маси, се со цел пријатен престој на тие кои што не сакаат да се гужваат на главниот подиум.

Фестивалот ќе располага со ВИП платформа за сите оние што сакаат да се чувстввуваат привилегирано и да добијат сепаре или висока маса.

___________________________________________________________

Сабота 23 Јуни 2012
Почеток 22:00
Вратите се отвараат од 20:30 Часот

___________________________________________________________

Влезници во предпродажба по супер промотивна цена во Југотон, Кафе Пабло и продажната мрежа на www.mktickets.mk

11-17 Јуни - 250 денари
18-23 Јуни - 300 денари

ФАН ПИТ Влезници во ограничен број - 500 денари
ВИП Влезници во ограничен број - 600 денари
Резервации на висока маса за четворица со флаша 3000 денари
Резервација на сепаре за четворица со флаша 4000 денари
Информации и резервации 078 734 153


*** Сите кои имаат повеќе од 1500 facebook пријатели и се заинтересирани да се вклучат во промоцијата на овој настан и за возврат да добијат гратис влезница ги замолуваме да не исконтактираат со праќање порака на профилот на СОНЦЕ ПРОДУКЦИЈА.

фејсбук евент
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
dobra zurka bas na mojot rodenden :)
inaku ovie od ibiza sto grupa se prv pat slusam :)
 

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
Нешто од Mauri ако има некој да пушти линк за да го чујам ??
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.134
Поени од реакции
5.881
Нешто од Mauri ако има некој да пушти линк за да го чујам ??
За Etnica немаш слушнато? Имаа настап пред 2-3 години во Колосеум, исто Sun Production ги донесе тогаш. Тоа беше една од првите транс журки што се правеа во Колосеум, али типците откорнаа. Прејак настап.
Еве едно видео од нивни настап со повеќе песни измешани.

 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.694
Поени од реакции
4.852
Се иде и на ова :D

 

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
Хип хоп атракција Елитни одреди, WTF??
Кој хип хоп кој рап па овие мислам дека имаат нов правец тако звани Турбо фолк рап. Кој ја направи спојкава стварно не ми е јасно, од толку рапери во државава како можеше вакво нешто да излезе на сцена...
катастрофа...
Али пак од друга страна Емерсон беше одличен додека Маури растури...дај некој ако има нешто снимано од Маури или Емерсон нека го посне, само не од оние Елитните Фолкери
 
Член од
22 март 2009
Мислења
117
Поени од реакции
12
Али пак од друга страна Емерсон беше одличен додека Маури растури...дај некој ако има нешто снимано од Маури или Емерсон нека го посне, само не од оние Елитните Фолкери
Емерсон не ни дојде
 
Член од
12 ноември 2010
Мислења
43
Поени од реакции
19
После настапот во Скопје Емерсон, требаше да настапи во Призрен - Косово.

Спороед договорот кој го имавме со неговата букинг агенција кој го испочитувавме во целост и целокупните тршоци околу неговиот хонорар и се друго беше платено однапред, тој во Скопје требаше да настапи од 00:00-02:00 часот и потоа да го однесеме во Призрен.

А исто така по претходен договор летот беше Лондон-Приштина-Лондон, така што ние требаше да го земеме од приштина и да го вратиме во Призрен.

Меѓутоа нашиот шофер не успеа ни да дојде до Дарен, зошто промотерите од Косово не дозволија со образложение дека не се сигурни дека ќе го однесеме на време за настапот таму. Во последниот момент се прекршија сите претходни договори, наши екипи отидоа таму се со цел да пробаат да ја разрешат ситуацијата, и покрај тоа што предложивме кај нас да настапи многу порано од предвиденото само да бидат сигурни дека и мноогу пред време ќе стигне таму тие не сакаа ни да чујат. (Многу пати до сега сме имале слични соработки со други промотери од балканов, меѓутоа ова се случува за првпат некој да направи вакво нешто)

Во меѓувреме бевме во комуникација со менаџментот но другите промотери вршеа голем притисок и не отстапуваа. Сепак сето ова е кривица на менаџментот на Дарен зошто не успеа да се справи со ситуацијата, ние со нив имаме договор и ќе ги преземеме сите неопходни правни мерки за да бидеме обештетени за ситуацијава што асе случи.

Доколку кај некој постои сумња за образложението слободно пишете ни ќе ги добиете сите докази ( договор, потврди за плаќања, смс и маил комуникација) дека грешката не е во нас, туку баш напротив.

Впрочем самиот Дарен сними аудио порака во која ја поздравува Македонската публика и го најавува своето гостување, се надевам сте ја чуле на тв или радио.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom