Sinead O' Connor

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
normal_sinead_o27connor_01.jpg

Sinéad Marie Bernadette O’Connor е родена на 8 декември 1966 г. во Даблин, Ирска. Своето име го добила по жената на тогашниот ирски претседател Éamon de Valera - Sinéad de Valera.

Татко и Jack бил градежен инжинер кој подоцна станал адвокат што се бави со заштита на правата на децата основајќи ја „Divorce Action Group“. Нејзините родители се развеле кога имала само осум години, па Sinead со тројцата браќа останува да живее со мајка и, која ги злоставувала.Токму ”Fire on Babylon” е нејзина интимна исповед за проживеаното злоставување, период од животот кој ќе ја направи подоцна Sinead најгласниот борец против злоставувањето на децата.

normal_sinead_o27connor_02.jpg

Во 1979г. Sinead ја напушта мајка си и заминува да живее со својот татко и неговата нова сопруга. Семејната идила во новиот дом е прекината кога со своите 15 години го започнала својот клептомански поход по продавниците. Сместена е во поправен дом „Grianán Training Centre“ со кој раководеле чесни сестри. Престојот во оваа установа ќе го опише на следниов начин:

“Никогаш не сум и веројатно и нема да доживеам толкава паника и терор и агонија, околу ништо.”

Мош да единствената позитивна ствар од тој период е било познанството со сестра Paula Byrnea волонтерка во домот, но и тапанар во “In Tua Nua“. Со неа Sinead ја снимила ”Take My Hand”, но некако сеуште била премлада за да и се придружи на бандата.

Во 1983г. нејзиниот татко ја испраќа на „Newton“, училиште во Waterfordu, каде со подршка на учителот по ирски јазик успева да сними демо со 4 песни (од кои две биле ковери, а преостанатите две ќе се најдат подоцна на нејзиниот прв албум).

Првиот бенд „Ton Ton Macoute“ (кој своето име го добил по зомбијата во митологијата на Хаити) го основа следната година откако го запознала Columbо Farrelly. Бендот наскоро се сели во Даблин, а нивните настапи добиваат позитивни критики. Музиката која ја свиреле била под влијание на интересот на Farrely за мистичното. Во 1985г. по загинувањето на нејзината мајка во сообраќајна несреќа го напушта бендот.

И ова кратко избацување во Даблин било доволно да биде забележана. Со The Edge, гитаристот на U2 ја создава ”Heroine” која се нашла како soundtrack на филмот „Captive“. Додека од една страна успешно грабала кон врвот, од друга страна давала контрадикторни изјави за IRA т.е упатувала негативни критики за дечите од U2. Во истиот период и се дешава и бременоста со тапанарот John Reynolds. Иако од издавачката куќа ја наговарале на абортус, она секако дека не ги послушала и на 20 години, во седмиот месец од бременоста, го снима својот прв самостоен албум.

Нејзините први два албума „The Lion and the Cobra“ од 1987. и „I Do Not Want What I Haven’t Got“ од 1990. година добиле одлични критики кои пред се се однесувале на нејзиниот раскошен вокал и оригналната авторска ствар (работа).

gfhgfh.jpg

Ако на првиот албум експериментирала со различни песни, од хип – хоп „I Want Your Hands On Me“ до психоделик „Just Call Me Joe“, на вториот албум ја имаме ”Nothing Compares 2 U”, обработката на песната од Prince, што за Sinead значи планетарна слава. Уствари кога самиот творец на песната ќе изјави дека она тоа така добро го направила и отпеала – така да песната е легитимно нејзина, мислам што бараме повеќе. Големината на моментот бил преточен и во едноставниот, но совршен спот на John Maybury со нејзиното расплакано лице додека пее. Песната станува светски хит и го достига првото место на топ листите ширум светот, засенувајќи ги одличните (нејзини авторски) „Three Babies“ и „I Am Stretched On Your Grave“. O’Connor е номинирана за Grammy во категоријата „Record of the Year“ и „Best Female Pop Vocal Performance“, а уствари го добила Grammy-то за „Best Alternative Music Performance“ , но не се појавила на доделувањето на наградите.

Sinead O’Connor соработувала со многу познати и признати музичари, па така во 1990г. се придружила на гостите на бившиот член на Pink Floyd, Roger Waters во изведбата на „The Wall“ во Берлин т.е учествувала на албумот „Red Hot & Blue“ посветен на Cole Porter со ”You Do Something to Me”. Истата година добила шанса да настапи во New Jersey у „Garden State Arts“ центарот. Традицијата налагала да на самиот почеток биде изведена американската химна. O’Connor тоа го дознала пред самиот настап и одбила да настапува ако ја пуштат химната. Организаторите попуштиле, O’Connor настапила, но ова бил и нејзиниот единствен настап во овој центар ( бидејќи добила трајна забрана). Својата постапка ја објаснила со тоа дека не сака своите концерти да ги започне со химната на било која држава, затоа што тоа се песни кои најчесто се создавани во време на војна. Додала е и дека не и била целта да покаже непочитување, но и дека ” нема да излезе на stage, по националната химна на државата која на авторите им наметнува цензура.” По оваа дешавка прекрасното лице на Sinead ги краси насловните страни на многу весници, а песните и добиваат статус – забранети по радио станиците.

normal_sinead_o27connor_04.jpg

И како вообичаено бива кај неа, малку соработка со великаните што и носи позитивни критики, па малку искажување на сопствените ставови што резултира со цензура. Sinead продолжила по стариот рецепт и две години подоцна ги снимила back вокалите на ”Come Talk To Me” и ”Blood of Eden” од албумот „Us“ на Peter Gabriel. После оваа успешна соработка, време е за уште еден скандал, али сега цената била превисока. Во 1992г. настапила како музички гостин во емисијата „Saturday Night Live“. Додека ја изведувала „War“ на Bob Marley, сакала да го изрази својот протест поради сексуалното злоставување во римокатоличката црква, па извадила слика од папата Павле II и додека го изговарала зборот зло, ја искинала на милион парчиња со изјавата: “ Борете се против вистинското зло.”

Што и се десило?

Илјадници јавувања од незадоволни гледачи, уништување на нејзините плочи, радио станиците одбиваат да ги пуштаат нејзините песни...

Дежаву некако, а шо викате?

Два дена по настапот во „Saturday Night Live“ настапила на концертот посветен на 30-годишната кариера на Bob Dylan. Кога излегла на сцената, практично не било возможно да настапи од илјадниците свирежи и извици на незадоволство од насобраните во Madison Square Garden. Sinead и покрај се храбро се надвикувала, изведувајќи ја „War“. Кога завршил целиот безвезе перформанс, застанала, ја погледнала публиката и отишла.

Сета нејзина работа во подоцнежните години била лишена од медиумско внимание,бидејќи многумина не можеле да и ги простат и толерираат нејзините испади. Симната од тронот Sinead се посветила на мајчинството и сопственото семејство.

Во 1993 од соработката со Боно се раѓа „You Made Me the Thief of Your Heart“,како soundtrack за „In the Name of the Father“.

Дури во 2005 г. медиумите почнуваат повторно да покажуваат интерес за контровезната Иркиња. „Collaborations“ е моментот, а и причината. Како гости на албумот се јавуваат Peter Gabriel, Massive Attack, Moby, The Edge, U2 и други.Истата година го објавува и реге албумот „Throw Down Your Arms“ кој според многу музички критичари е мош да нејзиниот најдобар албум.

Две години подоцна излегува и нејзиниот последен албум „Theology“, на кој се наоѓаат и акустични верзии на нејзините песни. На овој албум имаш мозаик од гитари, тапани,бас, клавир,харфа, виолина, чело, француски рог... Идејата за акустичниот албум произлегла од нејзината навика да секој свој концерт го започне со петнаесет минутно соло на акустична гитара при што и уствари сфатила дека токму тоа на публиката и е омилениот дел од настапот.

normal_sinead_o27connor_03.jpg

Sinead O’Connor со текот на годините давала двосмислени изјави за својата сексуалност, за своите мажачки па разделби, за свите 4 деца. Еден од нејзините љубовници бил и Anthony Kiedis , фронтменот на Red Hot Chili Peppers ,кој по нивниот раскин и ја посветил „I Could Have Lied“.

Во емисијата на Опра во 2007г. изјавила дека 4 години порано и е дијагностицирано биполарно афективно растројство, психоза за која некогаш бил користен терминот “манијакална депресија” што довело до тоа да на нејзиниот 33 роденден се обиде да се убие.

Кариерата на оваа ирска пејчка и мултиинструменталист од самиот почеток ја прателе контрадикторни изјави и ексцесно понашање. Со рапавата глава, големите продорни очи и невозможниот глас ги изразувала своите емоции отворено, без срамење или било какви предрасуди. Вниманието на себе освен со несекојдневниот глас го привлекла и со едноставните модни избацивања, носејќи ги со мотото – она што сме и што имаме да кажеме е далеку повеќе од она како изгледаме.

Луда е, морбидна и шо? Си ја сакаме скроз. Нели?

04.jpg

Discography

1987: The Lion and the Cobra
1990: I Do Not Want What I Haven't Got
1992: Am I Not Your Girl?
1994: Universal Mother
2000: Faith and Courage
2002: Sean-Nós Nua
2005: Throw Down Your Arms
2007: Theology
2011: Home



 

Attachments

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
знам само дека Nothing compares to you - е посветена на син и, кој починал од некоја болест мислам .. :/
 
Член од
26 мај 2012
Мислења
41
Поени од реакции
37
Оваа има три работи направено во животот. Ја има избричено главата, ја има скинато сликата на папата (секоја чест), и ја има снимено Nothing compares to you...

Настрана од тие три работи, тотално е безначајна...

:pipi:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Интересна појава
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
359
знам само дека Nothing compares to you - е посветена на син и, кој починал од некоја болест мислам .. :/
веројатно неточно - песната е на Prince. текстот повеќе личи како да е за нечија мајка...
--- надополнето: 31 мај 2012 во 22:31 ---
Оваа има три работи направено во животот. Ја има избричено главата, ја има скинато сликата на папата (секоја чест), и ја има снимено Nothing compares to you...

Настрана од тие три работи, тотално е безначајна...

:pipi:
тотално, по тотално здравје.... веројатно и од тебе е побезначајна и покрај тоа што тебе те знаат само у маало....:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom