Serie A 2012/2013

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.452
Поени од реакции
5.421
Денес-утре, денес-утре... вие дур се каните да отворите тема Јуве више наместил некој натпревар:D
Шала, не се љутите ама мора таке да почнемо пошто у свака нова тема тоа е главна точка на моабет, тој местел – оној местел... на нив појќе пенали на нас помалу, ама нека има забава и дружење се надевам на помалу судиски грешки годинава.

Да пишуем/копирам некој голем опис за Серија А, мислим дека нема потреба
може и ваке да пројде, и онаке никој не ги чита големите воведи...


Сите знаемо дека Серија А е во криза, клубовите се во долгови, посетеноста на стадионите опаѓа, а фудбалерите сакаат преселба во други лиги.
Минатава сезона од 20 екипи во Серија А само 8 екипи оствариле профит а меѓу нив не се Јуве, Милан и Интер.. Големите даноци, лошата финансиска моќ и маркетинската неактивност во последните години не само што не придонесуваат за привлекување на големи имиња во Италија, него и ѕвездите што веќе играат у Серија А бараат излез од Италија :\
Тиаго Силва, Ибрахимовиќ и Лавеци се ѕвездите што летово ја напуштија Италија.

  • Најголемите трансфери во Италија:

  1. Зинедин Зидан - од Јувентус во Реал Мадрид - 73,5 милиони евра
  2. Златан Ибрахимовиќ - од Интер во Барселона - 69,5 мил.
  3. Кака - од Милан во Реал Мадрид - 65 мил.
  4. Андриј Шевченко - од Милан во Челси - 46 мил.
  5. Роналдо - од Интер во Реал Мадрид - 45 мил.
  6. Хуан Себастијан Верон - од Лацио во Манчестер Јунајтед - 42,6 мил.
  7. Тиаго Силва - од Милан во ПСЖ - 42 мил.
  8. Хавиер Пасторе - од Палермо во ПСЖ - 42 мил.
  9. Езекиел Лавеци - од Наполи во ПСЖ - 31 мил.
  10. Марио Балотели - од Интер во Манчестер Сити – 28 мил.
Не планирав да пишуем кој колку пута има наместено.. ова мислев на освоено де ама после ми текна пошто има некои што незнаат да бројат па ај... :D
Јувентус (28)
Милан и Интер (18)
Џенова (9)
Болоња, Торино, Про Верчели (7)
Рома (3)
Фиорентина, Наполи, Лацио (2)
Каљари, Чезале, Новесе, Верона, Сампдорија (1)


- Пескара, Сампдорија и Торино се тимовите што се приклучија на Сериа А годинава.
  • Ова се натпреварите од првото коло:

Актуелниот шампион Јувентус ја отвара сезоната против Парма, а Џовинко ќе има можност да игра против екипата каде играше како позајмен играч. Милан ја пречекува Сампдорија на Сан Сиро додека Интер ќе гостува на Пескара... а Наполи и нашиот Пандев гостуваат кај Палермо.
Првото градско дерби ќе го играат Милан и Интер во 7-мо коло.


Па момци нека почне забавата ;)
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Милан ќе освои бе .. ќе видите како ќе изненадат :D
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Juventus e definitivno glaven kandidat,ke bidat mnogu interesni duelite so Roma posebno poradi relacijata Zeman-Juventus.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.646
Поени од реакции
81.686
Ај малце моја претпоставка. Јуве и Милан ( верувам дека ќе се засилат асално до 31 август ) ќе се борат за прво место. Тука на никому не му давам предност, ни на Милан ни на Јуве. Првиве затоа што ги продадоа играчите што најмногу им вредеа во тимот, вторите затоа што ќе имаат натпревари во ЛШ. За трето место ќе се борат Наполи, Интер и Рома. Рома би можела да изненади со нивниот тренер ( мамето негово :icon_lol: ), па би можела да ствара проблеми на поголемите екипи. За влез во ЛЕ ќе се борат Лацио, Палермо и Фиорентина ( се разбора ако не го продадат Јоветиќ на нас :) )
Milanez`
Зошто не ги стави ПСЖ во анкетава ? :vozbud::icon_lol:
 
F

FuckYouAll

Гостин
Будалана од Наполи не сакал Супер Купот да се играт во Кина, абе мамето негово, заради него Јуве не ојде Америка на турнеја за која ќе земеа убај пари.

Сакал да се играат две утакмици, една во Торино една во Наполи.
Изгледа заборавил дека Супер Купот се играт на теренот на ШАМПИОНОТ.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
28 :D

Јуве е шампион сезонава, Наполи се втори, а може и Рома да биде втора со добри засилувања...
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Уште не отворена темата почнувате да се карате околу бројката на скудетата што ги има освоено Јувентус. Знам дека се многу, ама мислам дека барем до 30 знаете да броите :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom