Saudi Pro League

Кој ќе биде победник во сезоната 2023/24?


  • Вкупно гласачи
    40

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.340
Roshn_Saudi_League_Logo.svg.png


Арапскиот фудбал како никогаш до сега успева да привлече внимание на фудбалската јавност. Саудиска Про Лига составена од тимови кои доминираат на пазарот преодниов рок. Ако претходно сите погледи на фудбалските фанови беа кон Ал Наср и Роналдо, оваа сезона целосно се менува таа слика. Многу звучни имиња, накитени со златни медали и трофеи во најсилните европски натпреварувања добија мултимилионски договори во Саудиска Арабија. Па така и на форумов лигава е често тема на дискусија, па заслужува да има посебна тема.

Минатата сезона лигава броеше 16 клубови, годинава е проширена на 18.
Е сега, барем јас имам проблем што знам кои играчи заминаа во Арабија, во некој си Ал... ама појма немам кој каде е точно :D Па ајде да направиме еден преглед на тимовите кои што ќе се натпреваруваат во сезоната 2023/24 (знам дека воведов ќе е валиден само во моментов, ама да почнеме од некаде со дискусија) :D

Абха
Не толку звучно име во моментов за обичните фудбалски фанови. Тим од долната половина на табелата. Од позвучни имиња во составот ги имаат Фелипе Каиседо и Урош Матиќ.
Последнава недела-две со овој клуб се поврзува Пољакот Криховијак.

Ал Ахли

Новиот прволигаш, а инаку интересно клуб што ја има и освојувано лигата (последен пат сезоната 2015/16).
Клубот на нашиот Џани Алиоски, можеби и едни од најактивните на пазарот во моментов. Тие во своите редови го донесоа голманот Менди, Фирмино, Марез, а се шпекулира дека веќе договорен е и играчот на Њукасл, Сен-Максиман. Дефинитивно клуб што ветува сезонава.

Ал Акхдуд
Уште еден нов прволигаш. Но во моментов ништо интересно околу овој клуб. Најпознато име за нас е веројатно Соломон Квирквелиа, Грузиецот што 5 пати има играно против репрезентацијата на Македонија.

Ал Фатех
Клубот што сезонава ќе биде предводен од хрватскиот стратег Славен Билиќ. Во клубов од претходно настапува поранешниот играч на Барселона, Кристијан Тељо, а летово во своите редови го донесоа и белгискиот стопер Џејсон Денајер

Ал Феиха
Повторно, просечен клуб од долната половина на табелата.
На голот го имаат поранешниот српски репрезентативец, Владимир Стојковиќ, кој е веќе во својата 40та година. Во нападот го имаат Милан Павков кој претходно настапуваше за Црвена Ѕвезда.
А "виновник" за зголеменото присуство на Срби во овој клуб е веројатно нивниот тренер, Вук Рашовиќ.

Ал Хазм
Старо-нов прволигаш. Португалец тренер и главно странците во клубот им се играчи кои настапувале во португалската лига. Не толку звучните Бруно Виана, Тозе и Ола Џон.

Ал Хилал
Убедливо најтрофејниот арапски клуб, како во домашното првенство, така и во азиската лига на шампиони. Клубот каде што настапува и капитенот на репрезентацијата на Саудиска Арабија, Салем Ал-Давсари.
Нормално, уште еден активен играч на трансфер пазарот. За новата сезона тие се засилија со Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Миликовиќ-Савиќ, Малком, а од претходно во овој клуб настапуваат Муса Марега и Андре Кариљо.
Годинава Ал Хилал ќе биде предводен од португалскиот селектор, Жорже Жезус.

Ал Итифак
Клуб најпознат по тоа што во сезоната 23/24 ќе биде менаџиран од Стивен Џерард. Конекциите што ги има со англискиот фудбал дефинитивно беа клучни за во овој клуб да пристигне и Џордан Хендерсон. Негови најзвучни соиграчи ќе се Тисеранд и Муса Дембеле, а Ал Итифак е вториот арапски клуб кој има Македонец во своите редови, стоперот Дарко Велковски.

Ал Итихад
Минатогодишниот првак на Саудиска Арабија. Клубот што "не му дозволи" на Роналдо да дојде до шампионскиот трофеј. Ова ги направи втор најтрофеен клуб во Арабија, веднаш за Ал Хилал.
Можеби најзаслужен за ова беше мароканецот Хамед Алах, кој со 21 гол беше и најдобар стрелец во лигава.
Еден од клубовите што прв повлече нога сезонава со богатите договори, купувајќи го најдобриот играч на Реал Мадрид, Карим Бензема. Подоцна во Ал Итихад пристигнаа и Нголо Канте и Жота (оној од Селтик). Друштво би можел да им прави и Фабињо од Ливерпул.
Втора сезона по ред клубот ќе го води Нуно Еспирито Санто

Ал Калиј
Клуб што беше на раб на испаѓање претходната сезона. Уште еден клуб предводен од португалски стратег, Педро Емануел. Не толку прочуен како тренер, но како играч беше дел од онаа генерација на Порто што успеа да дојде до европската круна во сезоната 2003/04.
Повторно, од каде е тренерот, од таму се играчите. Имаат не толку истсакнати играчи кои претходно настапувале во Португалија. Најзвуно име е веројатно стоперот Лисандро Лопез.

Ал Наср
Дефинитивно арапски клуб за кој што најмногу се говореше годинава, причина за тоа е Роналдо. Минатата сезона завршија како второпласирани, а овој пат во борбата за прво место на Роналдо ќе му прават и Марсело Брозовиќ, Алекс Телес, Оспина и Секо Фофана. Трета сезона во клуб ќе биде и одличниот бразилец, Талиска, кој 2 сезони успева да дојде до бројка од 20 погодоци.
Според некои извори во многу скоро време на клубов би можел да се придружи и Садио Мане.

Ал Раед
Е што да пишам за овие бе? Ништо интересно не видов. Ај може ќе испаднат.

Ал Ријад
Последната карта ја фатија за влез во прва лига. Завршија како 4то пласирани во втора лига, што би значело ни таму немале доволно конкурентен тим. Победници во борбата за опстанок ќе пробат да бидат преку купувањето на Хуанми од Бетис, но за сега ништо официјално нема околу овој трансфер.

Ал Шабаб
Без многу звучни имиња, но клуб што добро си ја брка работата. Веќе три сезони по ред завршува во топ 4 екипите. Исто толку време во клубов помина и Евер Банега, главен играч на клубов во средината на теренот.
Инаку ова е клубот каде што претходно настапуваше Одион Игало.

Ал Таавон
Исто така без некои позначајни имиња од европскиот фудбал, завршија веднаш зад Ал Шабаб на 5тата позиција. Во одбраната незаменлив им е бразилскиот стопер Налдо (оној другиот, од Еспањол послабиот) и "талентот" на Реал Мадрид, Алваро Медран

Ал Таи
Просечен клуб, предводен од хрватот Крешимир Режиќ. Таков и ќе остане како што стојат работите.

Ал Вехда
Дом на поранешните играчи од шпанска Ла Лига, Костариканецот Оскар Дуарте и мароканецот Фајсал Фаџр

Дамак
Само втор клуб во лигата што нема "Ал" во името. Во составот ги имаат не толку прочуениот хрватски репрезентативец Домагој Антолиќ, како и холанѓанецот Адам Махер (најпознат по своите настапи во ПСВ).



Тоа би било накратко моменталната состојба во арапските клубови. Искрено, се надевам (т.е. посакувам) оваа листа да не се проширува многу многу... :(

Ако ви се допадна оваа тема, лајк, шер, комент и сабскрајб на мојот профил за уште повеќе вакви содржини.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.699
Ако сакаат и сите ѕвезди нека ги купат, апсолутно никој нема да ги гледа. Дерби Ал Наср против Ал Ахли, кур се тресе у ладна вода, клубови небитни како вчерашен прдеж.

Боље би гледал пикадо, каде двајца 150килаши целите испотени и зацрвенети у фаците, во состојба пред инфаркт маваат со тоа стрелите во пикадото од 5 метри одалеченост
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
што не направат супер лига, само клубовите нека им се викаат ал Реал Мадрид, Ал Барселона, Ал ПСЖ, Ал Манчестер сити итн...
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.340
Ако сакаат и сите ѕвезди нека ги купат, апсолутно никој нема да ги гледа. Дерби Ал Наср против Ал Ахли, кур се тресе у ладна вода, клубови небитни како вчерашен прдеж.

Боље би гледал пикадо, каде двајца 150килаши целите испотени и зацрвенети у фаците, во состојба пред инфаркт маваат со тоа стрелите во пикадото од 5 метри одалеченост
Ако продолжат вака да работат Арапиве, не би се согласил со тебе.
Истово сме го збореле за ПСЖ, за Сити, што сака нека направат никој нема да ги гледа никој нема да навива за нив. Да, од наша генерација никој нема да навива за нив, али јас веќе гледам деца со дресови од Мбапе, дресови од Халанд. Гледаат идоли во нив и си навиваат за тие клубови. Не знаат и не ги интересира како дошле до ова што се.
Јаки клубови, јаки играчи, океј ќе ги гледам и навивам за нив, тато купи ми дрес. И толку е, штом имаш дрес веќе :D

Да, веќе имам видено да се продава и носи дрес од Роналдо од Ал Наср тука. Многу импакт има оставено врз некои за туку така да го заборават, ах не го гледам веќе него отиде во Арабија.
Така да, ако продолжат со вакво темпо, тие идоли на новата генерација да ги собираат, големи имиња да имаат во лигата, за некоја година ќе си имаат добра публика и гледаност.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.014
Поени од реакции
55.322
Врие љољовчиња у Ист Гејт со дресови од Роналдо од Ал Наср. Најверојатно произведено во Косово или Арачиново со радиоактивни честички во нив. Нема врска битно да се радува рајата.

Јас иначе сум за Ал Хилал од Саудиско Арабиско првенство. Малце идам на висока нога и комфор зона, ако Интер во Европа ме унаказува психички, барем во арапскиот свет да бидам мирен.

Алахмули селамдулилах аааааааллллллллллаааааааааххх
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.490
Поени од реакции
16.137
Нели Александар Трајковски играше за Феиха?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.647
Ако сакаат и сите ѕвезди нека ги купат, апсолутно никој нема да ги гледа. Дерби Ал Наср против Ал Ахли, кур се тресе у ладна вода, клубови небитни како вчерашен прдеж.

Боље би гледал пикадо, каде двајца 150килаши целите испотени и зацрвенети у фаците, во состојба пред инфаркт маваат со тоа стрелите во пикадото од 5 метри одалеченост
zosto pobogu mislis deka oni go pravat ova za TI da gi gledas? TI si nebiten. ova si go pravat za niven keif i za arapskiot svet. nitu im trebaat pari od TV prava, nitu im treba ti dres da kupis, duri bi rekol deka poveke bi sakale ti da ne gi gledas, slucajno da ne dobies idea deka sakas da ides i na utakmica sto bi bilo problematicno za tebe kako kaur.

gledaj sto sakas, ne im smeta niv.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.008
Поени од реакции
4.177
А за ПЛ и Сериа А немаше време тема да отвориш :D
 
Член од
14 август 2022
Мислења
689
Поени од реакции
709
Ал Аљи го сакам тоа. Шампиони, ќе ги потепаме, овај победиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom