Ray Charles

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Ray Charles Robinson е роден далечната 1930 г. во градчето Albany, Georgia. Од својата пета година почнал да го губи видот и веќе во својата седма година бил потполно слеп (најверојатно глауком). Неговата мајка била приморана да го прати во посебно школо за слепи и глуви каде што добил добро образование и научил да свири на различни инструменти. По завршувањето на школувањето започнал со својата музичка кариера на Флорида, а во 1947 се преселил во Сиетл, кој тогаш како таков нудел разни можности за напредување во музичката индустрија.
На почетокот бил под влијание на Nat King Cole и Charles Brown, чиј што начин на пеење и свирење дури и ги имитирал. Откако потпишал договор со Atlantic Records, го променил своето име од Ray Robinson во Ray Charles, за да не го мешаат со боксерот Sugar Ray Robinson. Направил неколку пробни снимки за Atlantic и успеал да го пронајде својот оригинален звук.
Негов прв хит била "Mess Around", која и кај критиката и кај младите поминала одлично. После следеле хитовите од калибарот на "I Got A Woman", "This Little Girl Of Mine", "Hallelujah I Love Her So". Со комбинирањето на госпел со елементи на џез и блуз и текстови кои и пркоселе на религијата, ги вознемерил бројните верски фанатици , кои тврделе дека на тој начин ги расипува младите.



Вистинскиот успех стигнал после забележителниот настап на Newport Jazz Festival со "The Night Time Is The Right Time" и "What'd I Say", 1957 година. Вторава песна станала голем хит, неколку месеци пред да воопшто биде снимена во студио. Следеле многу популарните албуми "The Genius Of Ray Charles" (1959.) и "Ray Charles In Person" (1960.). Atlantic Rec. ги напуштил во 1961 г. и преминал во ABC/Paramounth, кои му понудиле потполна слобода во создавњето на музиката. Благодарение на тоа ги проширува своите музички видици и се раѓаат неговите големи хитови "Unchain My Heart" и "Hit The Road, Jack".
The Genius во текот на својата кариера учествувал и во промоција на човековите права, посебно на Афроамериканците. Еден од неговите значајни потези ( кои се паметат) е било одбивањето на поканата за одржување на концерт во државата Georgia, ради сегрегација (поделба ) на публиката. Шо е финтата уствари? Georgia во тој период е била една од ретките држави во САД у која строго се поштовал законот дека во концертните сали, црнците не смеат да бидат смешани со белците, туку треба да престојуваат во деловите кои се посебно означени и предвидени за нив ( мислам која ступидност и баналност и све). Некои приказни, кажуваат дека на Ray тогаш му бил забранет било каков концерт во Georgiа, за да други кажуваат дека морал да плати голема сума како оштета на организаторт. И како и да е, едно е сигурно, во 1979 г. неговата обработка на "Georgia On MyMind" станала химна на истоимената држава.​
Уште од самиот почеток на музичката кариера, Ray станал еден од многуте поданици на хероинот. Таа љубовна приказна траела околу 17 години, за да во 1965 г. по трети пат биде уапсен поради поседувањето на хероин. Затворските решетки ги избегнал затоа што се согласил на рехабилитација и ослободување од лошите навики. Одвикнувањето траело година дена и во тој период Ray не е бил баш многу музички активен (скоро ич). После сето ова го оставил зад себе тој проклет свет на зависниците. Бил познат и како женкар, пичариште, фраер...Успеал зад себе да остави завидна бројка од 2 брака, 12 деца, 21 внук и 5 паравнуци. Најчести “жртви” му биле неговите back вокали, кои биле познати како Raelette. Уствари и како што самиот рекол во едно интервју, главна реченица и фора му била:

"To be a Raelette, you've got to let Ray".


Во текот на седумдесетите години на минатото столетие, издал неколку просечни албуми кои добро поминале воглавно кај неговите најголеми фанови. Осумдестите му ја враќаат неговата популарност, највише ради тоа шо неговите песни биле искористени во тогашните популарни хумористични серии. Станал заштитно лице за рекламите на Диет Пепси, а реченицата "You've got the right one, baby!" која ја изговара во рекламата, станала хит меѓу тинејџерите. Во раните деведесети гостувал во многу песни на своите колеги (меѓу другите на ): INXS- "Please (You've Got That...)" и на долгогодишниот негов пријател Quincy Jones "I'll Be Good To You".
Својот последен настап го имал на 30 април 2004 година во Лос Анџелес. Заради здраствени проблеми, морал да ја прекине турнејата предвидена за следното лето.
Ray The Genius Charles починал на 10 јуни 2004 година, во својот дом на Беверли Хилс, во кругот на семејството.

И така, тоа едно заокружување на неговата приказна. Џејми Фокс го играше на филм, Швајцарците му направија споменик, Роналд Реган и Бил Клинтон му се поклонија и си помислив дека најмалце шо заслужува чичково е тема на Кајгана, нели?

Проклетството на тој шо отвара тема е дека по дифолт мора да почне со најголемите хитови. Јбг, еве ги:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom