Primera División - Liga BBVA 2015/2016

Кој ќе биде шампион ?

  • Вкупно гласачи
    180
  • Гласањето е завршено на .

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275
Кој тренер не би освоил титули со Нејмар, Меси, Суарез? Дај бидете малце самокритични и реални, Енрике не е тренериште...:tapp:
Тата. Само место Суарез, Санчез.

А има некој да ми каже кој е рецептот? Има по стотина (фанови на реал повеќето) да негираат секој можен успех на Барса, како што тврдев погоре, па ај кажете ни каде е разликата тогаш? Зошто Барса е успешна? Само ве молам без bullshit типот "склопување", од се помалце ама одделно никаде најдобри, ниту Меси најдобар, ниту Пеп, ниту Енрике, ниту филозофијата. Сите овие се добри и затоа Барса има успех, ете ова е одговорот ваш, само за да не се прифаќа реалноста.
Чуј пази. Прав мадридиста попрво би си пукал во колено отколку да признае дека Меси е најдобар.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165
Нека освои Енрике титула со Демикелис.:icon_lol: Ако го видиш Сити со малце по отворени очи ќе видиш дека и не е некој тим со некој стварно добри играчи. Не можи Сити да освојува титули само со еден голгетер (Агуеро) кој пропушта најмалце 10 натпревари во сезона поради повреди и со Демикелис, Мангала, Клиши...:facepalm: Кој тренер не би освоил титули со Нејмар, Меси, Суарез? Дај бидете малце самокритични и реални, Енрике не е тренериште...:tapp:
Енрике е тренериште, секој тренер кој би освоил се во една сезона е тренериште инаку светот би немал 3 добри тренери. Сега дали спаѓа во петте најдобри или во осумте, не знам, не сум фудбалски експерт. Но муабетот секогаш се врти кога се зборува за Барса, кога се кажува дека има најјака и уникатна филозофија, не нема, до тренерот и до Меси е. Кога за Меси дека е најдобар, не, го има Чави и Иниеста, кога костурот на Шпанија за нивната легендарна генерација е базирана врз филозофијата и играта на Барса тогаш не, тики-така не потекнува од Барса и Шпанија не игра таков фудбал, кога Бускец е најдобар во својата позиција веќе години наназад, тогаш не, Пеп го форсира. Решете се.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
Чуј пази. Прав мадридиста попрво би си пукал во колено отколку да признае дека Меси е најдобар.
Скроз нормално. Не само за Меси , за сите достигнувања што Барса ги направи во последната декада како колектив. Бројките на Меси и Роналдо се тука некаде ( зборувам за голови/асистенции) , разликата е што првиот има над 20 титули , вториот не е ни на пола од тоа. Индивидуалните награди нема ни потреба да се спомнуваат , плус земи во предвид што Меси е 2ипол год помлад од Роналдо. Али не се битни фактите , они секад идат со глава у ѕид.
 
R

red.devil

Гостин
А шо треба да очекуваме бе брат од фудбалски тренер? Да биде успешен со клубот во зависност од приоритетите и средствата со кои располага. Еве на пример Јунајтед ти е у најмала рака финансиски еднаков , ако не и поголем од Барса , а одкога напушти САФ трансфер политиката е срање , и неможе да сврзи 2 победи под ред. Значи ипак треба авторитет и самоуверен лик што ќе го слушаат сите.
Не знам дали те разбирам добро, дали мислиш дека Ван Гал нема авторитет и самоувереност?

Океј, верувај не вреди повеќе да зборам на темава зошто ќе испадне дека го хејтам или слично а не е така. Мое мислење е дека со сигурност не можеш да го стајш во топ5 кога има тим кој што би тепал секого дури и без менаџер, најблаго речено. Како што рече, на тимови како Барса, Баерн и Реал најбитно е менаџерот да биде авторитет и да одржува хармонија во тимот. И кај овие тимови секогаш ќе постои сомнеж дали и на пример Чави (кој со сигурност ќе има авторитет врз овој тим) може да освои пет трофеи кога би бил менаџер на тимот. И од твојов муабет испаѓа дека Зидан е подобар тренер од Бенитез, што е апсурдно.
Чуј пази. Прав мадридиста попрво би си пукал во колено отколку да признае дека Меси е најдобар.
Можеби има такви што нема да признаат, ама и вие не сте нешто поарни. Ќе дојде моментот кога ќе сфатите дека со него изгледа се полесно, па дури и водење на еден клуб. Беше он пола сезона во ПМС - Енрике не чинеше, а сега е во топ5 во светот. :toe:
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Се слагате да заогружиме дека Барса е најдобра на сметка Енрике да не го прогласувате за тренериште?:icon_mrgr:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Пеп бил слаб тренер човекот кој што направи револуција во Барса па и во европскиот фудбал. Освои еден куп трофеи во континуитет и состави тим што голем дел од фудбласките експерти коментираат дека е најдобар на сите времиња.

Енрике не бил добар (според мене сеуште не е на нивото на Пеп) иако тој според статистиката има подобар старт од Пеп, затоа што не освоил Калчо со Рома која што нема титула 15 години. Или затоа што не успеал со Селта во вашите очи.

Ама затоа Мурињо е најјак затоа што со Реал со таков тим освои една примера во 3 сезони и сега успеа шампионскиот тим да го донесе на работ на опстанок во Премиер.

п.с муабетот ми беше мене во претходниот пост за Рафа и Зидан ама може и со овие да се увиде истиот проблем
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.691
Добро, пробајте малце да сте самокритични. Како можете со сигурност да тврдите дека е топ5 или слично кога тимот ви изобилува во квалитет. Имате тројца напаѓачи кои што влегуваат во топ5 од кои едниот е најдобриот во светот, двајца везни играчи од топ5 во светот, го менувате Чави со Ракитиќ а овој изгледа подобар од него, го имате можеби најдобриот (за мене најдобар) заден везен играч, ма немој да ме јебеш Ракитиќ е класа играч ама во Барса изгледа 5х подобар од тоа што е. Случајно нели?! :icon_lol:
Јас да сум би се запрашувал што го прави толку специјален Енрике. Можеби и се прашувате и некои од вас имате претстава, ама освен титулите не кажувате никаков атрибут во што е добар, искрено мислам добар дел од вас не ги знаете неговите способности, освен што освоил пет титули во една сезона. :toe:
Ова со топ 5, топ 2, топ -12 и мене ми е безвезно, ама чисто ме занима на која основа тврдите дека Енрике не е добар тренер? Т.е. не ти, него останатите, ти ваљда сакаш да кажеш дека не е некоја класа што искрено не можам да се сложам али ајде.

Не знам дали уопште знаете како изгледа да се води еден професионален клуб, нарочито гигант како Барселона. Мислам, не дека јас сум бил во некој од клубовите па да знам што точно се дешава, али дајте мајку му стара... Па знаете ли колку е тешко да се одржи тимската хемија, да се држи атмосферата на ниво, да имаш здрав ростер цело време, правилни тренинзи, да правиш правилни ротации, да наметнеш своја филозофија? Како бе така викате дека било кој би освоил со Меси, Нејмар и Суарез? Каков лош аргумент е тоа? Реал нема ли класа играчи скоро на секоја позиција? Роналдо, Родригез, Бејл, Бензема, Модриќ, Рамос..., и што направи Реал сезонава кога за тренер го имаше таканаречениот господин Крофна? Ајде кажете ми зошто овие што ги набројав не играа сами, што има везе тренерот, топ 5 во светот се на нивните позиции.

Енрике и те како внесе новини во играта на Барселона, не е веќе онаа тики-така Барселона што умараше (продуктивно секако, али лично мене ме смараа со пимплањето), играат баш топ за око и секако многу се ефективни. Јас капа му симињам на Енрике за ова што го прави со Барселона, пошо кога дојде имаше еден тон притисок на себе, а неискусен тренер беше, прв пат води голем клуб, тренира еден куп ѕвезди и он што направи? Се живо освои и тоа после лоша ланска прва полусезона. Не зборете од инает, топ е човекот.
 
Џ

Џонтра Волта

Би го земал Лучо у Интер?

Ја не.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.691
Би го земал Лучо у Интер?

Ја не.
Шо знам, моментално мислам дека и ја не. Ретардирани сме до коска, не знаеме кај тераме, не знам колку би се снашол кај нас. Да имаме бар некаква основа одма би го земал. Нас Чоло само не оправа, нека не замара Атлетико и нека го дава летово навака. :icon_lol:
 
R

red.devil

Гостин
Е Стефане, Стефане, во два поста се демантираш и баш покажуваш што ми е муабетот. Ако е топ зошто не го сакаш во Интер да ја среди ситуацијата? Тоа е што зборам, тоа е таа доза на резервираност што секогаш ќе ја имаш зошто нели не е лесно да се менаџираат Меси, Нејмар и Суарез. Сигурно полесно е да се менаџира со Паласио кај вас или со тикварине во Јунајтед. Кај сите овие тимови има огромент притисок зошто се големи клубови и не е тоа никакво оправдание, види што му праат медиумите на Ван Гал како пример.

Темава повеќе е од аспект на менаџмент отколку фудбал али ајде. Фудбалски гледано Енрике нема шанси да е во топ5 па и топ10 во тој поглед. Искуство треба за такво нешто. Менаџерски е топ за Барса, се согласувам. Има какво-такво искуство од водење клубови, има огромна почит меѓу играчите и најбитно ја разбира Барселона. Ако се работи за менаџер кој што бил квалификуван да ја води Барса тогаш се супер спој ама општо, не сум баш сигурен.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Сакав прееска да го споделам ... забегал скрос дечково..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom