Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    230
Член од
13 август 2023
Мислења
584
Поени од реакции
1.373
Нема ниеден достапен тренер моментално да речеш е овој е тој што гарантира успех и титули.
Пеп е таков и Клоп. Другото се све вакви млади и сеуште недокажани тренери каде ризикот од неуспех е ист кај сите. Од постариве освен Анчелоти кој си е у комфорт зона, другиве застанаа у место, Мурињо, Алегри и сл. Тие Флик мик Тухел брзо пропаднаа. Зидан очигледно нејќе да ризикува тоа што напраи со Реал и ќе си седи така цел живот со 4 годишно искуство наречено тренер.
Овој Слот може и најбоље опција ќе им биде со оглед на тоа што е постар и поискусен од Алонсо и особено тој Аморим кој изгледа бајаги се преценил и ќе го тренира Вест Хем на крајот од денот па Саудиска Арабија откако ќе добие риалити чек дека не е португалска лига фудбалот.

Еве и Баерн не можат да најдат тренер и најверојатно ќе се посрамотат со Рагник. Јувентус исто ќе ризикува со Тијаго Мота, Милан исто ќе се глупира со полутренери како Лопетеги или некој сличен.
Конте никој не го есапи веќе пошто е глуп самобендисанко.
Навистина нема некоја опција да речиме овој е топ избор. Алонсо им беше прв пик сигурно, и доколку постоеше можност ќе се обидеа да го донесат на сите можни начини. Зидан се изнаосвои се со Реал и со понашањето последните години ми личи дека се плаши да не се изгори негде, вака ко што велиш си лапна титули, замина во стил и ништо чудно да лади кур, да се курчи и да не се замара повеќе со менаџирање.
Последниот период се наговестуваше дека овој Аморим ќе биде. Не испратив поточно што се случи што одеднаш пропадна се во врска со овој?

Зидан, Конте тешко дека би се нафатиле да одат во Ливерпул, а сигурно не ни биле земени во предвид од страна на Ливерпул. Откако Алонсо ги олади, јас лично очекував да одат по Де Зерби, некако најмногу ми одговара со стилот на Ливерпул што го воспоставија последните 7-8 сезони.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.381
Поени од реакции
22.897
Арне Слот од Феенорд најсериозен кандидат за наследник на Клоп.

Ливерпул вс Јунајтед пред почетокот на сезоната:


Прегледај го приврзокот 414185
Прегледај го приврзокот 414186



Најкасно до Декември:

Прегледај го приврзокот 414187


Да видиме уште кој ќе го глуми Џеси Пинкмен
Од каде бе се најде ти тука ?!?!?! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.232
Поени од реакции
108.114
Последниот период се наговестуваше дека овој Аморим ќе биде. Не испратив поточно што се случи што одеднаш пропадна се во врска со овој?
Како што читав барал 10 плата плус sign in бонус. Извини Кројф не те препознав.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
584
Поени од реакции
1.373
Како што читав барал 10 плата плус sign in бонус. Извини Кројф не те препознав.
Го погоди клубот кај да бара такви суми. Да беа Челзи, ПСЖ, Јунајтед, Сити можеби и ќе му запалеше.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.729
Повеќе медиумите од Португалија направиле лажен хајп за Аморим отколку што навистина имало интерес. Се што беше поврзано околу него беше експресно демантирано. Делумно и за Алонсо. Слот е првиот за кој што има колку толку поофицијални изјави дека има навистина интерес.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.204
Поени од реакции
10.180
Навистина нема некоја опција да речиме овој е топ избор. Алонсо им беше прв пик сигурно, и доколку постоеше можност ќе се обидеа да го донесат на сите можни начини. Зидан се изнаосвои се со Реал и со понашањето последните години ми личи дека се плаши да не се изгори негде, вака ко што велиш си лапна титули, замина во стил и ништо чудно да лади кур, да се курчи и да не се замара повеќе со менаџирање.
Последниот период се наговестуваше дека овој Аморим ќе биде. Не испратив поточно што се случи што одеднаш пропадна се во врска со овој?

Зидан, Конте тешко дека би се нафатиле да одат во Ливерпул, а сигурно не ни биле земени во предвид од страна на Ливерпул. Откако Алонсо ги олади, јас лично очекував да одат по Де Зерби, некако најмногу ми одговара со стилот на Ливерпул што го воспоставија последните 7-8 сезони.
Горе долу тоа што го кажа Џонтра е точно.
Нема квалитетни класа тренери моментално.
Мајкл Едвардс се врати во Ливерпул , а со тоа и нова структура. Си отиде баш заради тоа што Клоп доби премногу моќ. Сега ќе се погрижат тоа да не се случи.
Ливерпул сега бара тренер кој ќе се фокусира на играта и теренот, не некој што ќе се занимава со трансфери. Некој што ќе игра со тоа што ќе му донесат и нема да се буни. Да развива млади играчи, добар карактер и тоа е тоа.

Имиња како Конте , Тухел, Мурињо отпаѓаат. Сите проблематични, првиот ограничен со 3-5-2, вториот секаде доживеа распад систем, третиот одамна е во слободен пад. Флик е скоро 60 години. Башка освен сезона ипол со Баерн нема ништо друго направено. Реално тогаш му се погоди и хемијата и тимот. Ризик е и не за џабе Баерн ќе го бара Рајгник. Башка доживеа блам со Германија.
Зидан според мене е прецент. Сеоски Карло Анчелоти. Дај му имиња и ѕвезди ќе има и некои резултати. Во вакви услови тешко. А и знаеме на кој начин освои титули ама ај ќе преќутам да не се бунат реалци :icon_lol:

Горе долу тој е изборот.
Де Зерби не е за во Барселона и Баерн дефинитивно. Под вакви услови нема да успее. Во Ливерпул не знам, тешко.
Според мене идеален клуб би му бил Милан. Италијанец, игра добар фудбал, работи со млади играчи, нема да има преголема конкуренција, едино Интер и Јувентус. Топ 4 без проблем, ако се сложат коцките можеби и повеќе. Ќе напредува и расти заедно со тимот. Според мене многу подобар избор од мртвиот Лопетеги.

Што се однесува до Ливерпул, Алонсо останува во Леверкузен, а ионака паметот му е во Реал,таму ќе оди за година две.
Аморим беше опција ама изгледа нешто се случи со преговорите. Некои викаат дека барал 10 милиони нето, значи бруто би било 20 башка бонуси. Тоа ниеден клуб нема да го плати, не па Ливерпул. Едино во Саудиска Арабија. Иако мислам дека самиот е свесен дека тоа нема никаде да го добие. Ваљда ова е некој обид за што повеќе пари. Изгледа и ова со Вест Хем му беше некој блеф. Го имаат истиот агент со Луис Диаз, а гледам слични игри, поврзаност со Барселона и ПСЖ во обид за нов договор.
Други викаат сакал поголема слобода за трансфери.
Како и да е, сега Слот е прва опција. Можеби бил од старт не знам.
Компјутерот на Едвардс вика дека Слот и Феенорд играле најсличен фудбал на Ливерпул. Ги немам гледано така да не знам. Работи со млади играчи, добар однос, мирен карактер, нема да бара ѕвезди и срања, што ќе му дадат е ок. Така да останува да видиме.
Битно е играчите да го прифатат и почитуваат.
А според оваа Џони Синс за сиромашни фаца, ми делува дека ќе играат мижи татара со него, ќе му маваат ластици на тренинг , ќе му ѕвонат од непознат број и ќе му спуштаат.

Ќелав холандски тренер во Премиер лига......what could possibly go wrong? :rolleyes:


Шала на страна ќе видиме, прво нека го донесат.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
7.729
Ќе биде мртва трка за наградата „ќелава превара“ вгодина
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.204
Поени од реакции
10.180
Од каде бе се најде ти тука ?!?!?! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
Мислиш дека е случајност баш сега на ден на избори и за брзо промена на власт? :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Дај боже да е слична ситуација ко Лавиа - Каиседо - Ендо :D
А реално да дојдеше Каиседо ќе газеше во Ливерпул . Само не за таа сума секако.
Ендо не е баш таа класа, иако е солиден
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.314
Поени од реакции
12.698
тренери од португалија и холандија, тури им курот.
еден се нема погодено надвор од нивните првенства.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.929
Поени од реакции
9.536
Незнајш кој е полош Јунајтед или Челзи. Што порано го летнат Тен Хаг подобро за Јунајтед немаат веќе време за чекање.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.535
Незнајш кој е полош Јунајтед или Челзи. Што порано го летнат Тен Хаг подобро за Јунајтед немаат веќе време за чекање.
Би рекол Челзи, ама Челзи има ептен повредени играчи.
Тргни ги повредите на страна, тука се и двете.

За Јунајтед се виде. Пар тренери сменија буквално со сите имаат горе-доле слични резултати.
Значи не е само до тренерите....
Челзи ова нема уопште да го сфати иако има перфектен пример со Јунајтед дека рибата од главата мириса и дека "aj uste ovoj da go kupime" и "aj uste ovoj trener da go probame" не се легитимни тактики

Ама очигледно дека не научиле и сега ќе следи оној "Pogba out, Ronaldo out се чисти канцерот од екипата, ајдее од ново почнуваме, ќе биде бољи!!!" период... и нормално со ист резултат како и кај Јунајтед. Некои ЛЕ победи ќе се третираат како "успех, оди работата нагоре"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom