Polybius

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Приказната за Polybius ги содржи сите елементи на добра урбана легенда. Морничава е,мистериозна и вероватно се базира на некаква вистина,до кој степен може слободно да се дискутира.
Polybius е аркадна игра (по наше флипер) наводно многу слична на Tempest со таа разлика што polybius содржи лавиринти налик на пекмен и имала логички нивоа
"Гејмплејот'' во кратки црти би бил - леташ низ тунел и треба да одбегнуваш нешта :) кој светеле во разни бои.
Самиот флипер беше многу едноставен без никакви светкави дизајни,обична црна кутија која на горниот дел го содржела името на играта
Играта наводно била креирана од Ед Ротберг а компанијата што ја создала играта според легендата се викала Sinneslöschen (некаков превод на англиски би бил Sense Delete) Постои мислење дека тоа е уствари codename на Атари.
55264.jpg
Според легендата,овој флипер постоел кратко време во 1981 година во Портланд (Америка) но сите флиперници каде што наводно се појавил сега се затворени и не е зачуван ниеден оригинален флипер,па сите докази дека навистина постоел се сведуваат на една црнобела слика од флиперот и разни описи од очевидци
polybius.jpg

И сега следува интересниот дел :D
Според приказната,играта била толку популарна и заразна што цели редици се создавале за кој да игра,нешто што и не е толку чудно ако се слушнат ефектите што ги предизвикувала кај зависните играчи а тие биле : Мачнина,повраќања,онесвестувања,привремено губење меморија,епилепсија,ужасни кошмари и склоност кон самоубиства. Имало и такви што тврдат дека играта кај некои предизвикувала неможност да чуствуваат тага :eek:,а кај некои други тотална аверзија кон било какви игри понатаму. И уште повеќе,според приказната,овие флипери биле често посетувани од "луѓе во црни костуми",не заради некакви маркетиншки статистики,туку за да собираат некакви чудни податоци и да ги набљудуваат психоактивните реакции на играчите. Ова им даде повод на теоретичарите на заговор да тврдат дека играта е креирана од ЦИА за вршење некаков експеримент со потсвесни пораки
Тоа е се' што е познато за оваа игра,како урбан мит е релативно многу познат во Америка,па дури и се појавува во една епизода од Симпсонови како easter-egg
55263.jpg
Kaко што реков на почетокот,колку е веродостојна целава приказна највероватно е прашање на убедување и е субјективно,ама ете постојат и факти кои колку толку ја подржуваат приказната,а тоа се: Играта темпест на која што оваа би требало да личи,кај мал број на луѓе предизвикувала мачнина,а исто така познато е дека Атари во 1980 година изработила aркадна игра по барање на Американската влада (battlezone) па можно е нивната "соработка" да продолжила и на други игри

Ваше е да дискутирате :)
 

WalterWhiteTheMethKnight

Генијалец
Член од
19 мај 2010
Мислења
407
Поени од реакции
292
Не сум американец да се палам и верувам во вакви глупости...Инаку еве гејмплеј од играта


Досадно, а и нормално е на некого да му се слоши од вакво гомно. Трепкаат светла кургови, квадрати, ѕвезди, мене од гледање ќе ми се сврти. :sick:
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Кај нас у маало пред 10тина години имаше права урбана легенда за еден флипер, играта што ја имаше флиперот беше прејака, се викаше Nemo, сите ја играа но наеднаш се случи чудо, некој го изгаси флиперот и пак го вклучи и во Credits каде што беше претходно 0 се појави 1, пробавме повеќе пати и секогаш беше исто, се додаваа кредити без проблем, никој не му кажуваше на газдата и сите игравме безпари, но еден ден кога дојдовме флиперот го немаше. Ваше е да дискутирате. :icon_mrgr:
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.491
Поени од реакции
2.383
Иначе глеам сеа на википедија, има многу урбани легенди... :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom