Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.871
Поени од реакции
12.199
Џабе ќе ти е ова кога на ebay 99% бараат да им платиш САМО преку paypal :)
Не мораш да го обесхрабруваш човекот, не верувам дека барем на оваа тема на форумов има по некој кој не сака услугите
на PayPal да бидат достапни и во Македонија, но додека да станат достапни во Македонија, ќе треба да користиме
алтернативи, како словенскиот PayPal, на кој сме ограничени бидејќи не сме од Словенија, како Moneybookers, AlertPay и
некои други Интернет сервиси за електронски трансакции на пари чиишто услуги се достапни и во Македонија и кои што може да се користат за плаќање при купување и продавање на eBay и некои други сајтови, и на ваков или таков начин сепак, ќе успееме некако да се снаоѓаме додека услугите на PayPal станат достапни и во Македонија.

А ова со AlertPay е за пофалба, бидејќи ако добро помнам, во октомври 2010 или ноември 2010 услугите на AlertPay не беа
достапни во Македонија, бидејќи се обидов да регистрирам account и не ја даваше Македонија на листата на држави.
Можеби грешам, можеби не сум ја проверил убаво листата кога се обидов да регистрирам account, но како и да е, останува
фактот дека сега и AlertPay го имаме на располагање како алтернатива на PayPal, иако не 100% алтернатива, сепак е барем
некаква алтернатива.
 
Член од
30 јануари 2007
Мислења
274
Поени од реакции
5
Има некој искуство, купил нешто, стигнало? Ова преку словенија што се регистрирате функционира со ebay? Преку што доаѓа производот?
Бидејќи сакам да купам едни светлосни ефекти па ме интерсира дали може да се изведе?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

стигнале многу работи, ама многу и не стигнале... ако на царина на некој му се допадне тоа што го гледа многу лесно “ќе исчезне“ пратката...
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
стигнале многу работи, ама многу и не стигнале... ако на царина на некој му се допадне тоа што го гледа многу лесно “ќе исчезне“ пратката...
Јас имам нарачувано многу работи, електроника, златен накит, часовници, облека, спортска опрема, цвикери, книги... Од сето тоа се случи само едно пенкалце да не стаса воопшто. Ако крадат цариниците или поштарите, баш знаат да одберат што да дигнат.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Јас имам нарачувано многу работи, електроника, златен накит, часовници, облека, спортска опрема, цвикери, книги... Од сето тоа се случи само едно пенкалце да не стаса воопшто. Ако крадат цариниците или поштарите, баш знаат да одберат што да дигнат.
мене 2 сета ксенон сијалици не ми стигнаа никогаш... уствари јас платив за еден... после 3 месеци кога не стигна, контактирав со продавачот и тој како објаснување ми кажа дека исчезнале кога влегле во МК... ама сепак прати и втори... и тие не стигнаа никогаш... до сега веке еве 3-4 месеци од вторите... ги нема нигде... а инаку имам доста ствари нарачано и стигнале од 2 недели до 5 недели до испорака.. саати, облека, наочари, мп3 плеери и слично...
 
Член од
30 јануари 2007
Мислења
274
Поени од реакции
5
Значи подобро да не нарачувам, не ми се коцка многу пари се. да беше нешто поефтино..
јебига, ќе се снаоѓам негде по "комшииве", кај нас mooving heads се многу скапи, претерано
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
точно... одсекогаш сме биле и такви и ке си останеме... лоповска држава... не за џабе на 85% од бидовите на македонија им е забрането да учествуваат во купување преку и беј и преку пејпал... зацртани сме на генерално ниво как земја со висок ризик од малверзации во секое поле, од лажни картици, до кражба на пратки...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Ima edin kineski sajt: www.dealextreme.com, mnogo se koristi vo BG. Mnogu e eftino i ima sve. Ama za gal i tamo plakaneto e so PP. Moge, ako se sdobiete so BG kartica, da moge da se registrirate vo PayPal ?
 
абе си имаме ние пеј пал преку словенија, преку наша домашна банка... немора и тоа преку бугарија да биде...
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Дали некој досега има примено девизни средства од надвор (Англија, Франција, САД, Канада, Шведска) преку PayPal?
Доколку да, дали единствен начин за да се користат тие добиени средства е доколку останат на PayPal сметката, или пак смее корисникот да ги повлече парите од сметката, и да ги префрли на банковната сметка/кредитната карта? Во превод, дали има некоја рестрикција? Прочитав на it.com.mk чинам, за такво нешто, не сум баш најсигурен. Според сите закони на логиката не би требало да има рестрикции, ама поради тоа што тука законите на логиката немаат којзнае колкаво значење, да си прашам.
Да се самоцитирам од другата тема за Paypal.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Да се самоцитирам од другата тема за Paypal.
ме мрзи да се самоцитирам и јас, зашто ти дадов одговор на ова прашање... значи можеш до 2500 евра да примиш и да префрлиш на сопствена сметка... тоа е лимит на годишно ниво... значи за една тековна календарски гледано година максимумот е 2500 евра.. можеш на 30 декември 2500, па на 2 јануари уште 2500... ете ти совет, ако тоа ти значи нешто... а инаку оваа информација можеш да ја добиеш и на шалтерите во НЛБ тутунска во било која експозитура на шалтер со платежни картици...
 
Немаше одговор таму, затоа дојдов тука. Фала за информацијата, друже. :)
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
naracki

ima i drug sajt se vika alibaba.com, ja imam naracano od tamo samo ovoj mesec 10 tina raboti i site mi stignaa, ke odberete freeshiping i ke vidite so sto vi doaga, naracano imam so DHL za 3 dena mi stignuva (ne plakam nisto jas za dhl) a ako ti go pratat so china post air mail ke ti stigne za 20-25 dena,
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
ima i drug sajt se vika alibaba.com, ja imam naracano od tamo samo ovoj mesec 10 tina raboti i site mi stignaa, ke odberete freeshiping i ke vidite so sto vi doaga, naracano imam so DHL za 3 dena mi stignuva (ne plakam nisto jas za dhl) a ako ti go pratat so china post air mail ke ti stigne za 20-25 dena,
Ако можеш да ми кажеш, како може да се нарача поточно овој производ и дали може кај нас да стигне, пошто не можам да се снајдам на сајтов, и цена не можам да видам.
http://www.alibaba.com/product-gs/376748043/10_11_Real_Madrid_Away_dark.html
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom