ЈуријАркадиевич
Модератор
- Член од
- 10 мај 2010
- Мислења
- 1.800
- Поени од реакции
- 7.054
Повеќе се, но за мене еден од најзначајните. Не сакам суперлативи, но секогаш кога го читам ми отвора нови порти на размислување. Тоа е Хулио Кортасар. Најпознат по неговите кратки творби - расказите, но мене подеднакво драг ми е со Куцкамен. Може и имам пишано на друго место, но неговиот роман е во творба како џез композиција ( ова мислам дека е негов опис, не сум експерт во џез музика за да посведочам ) па во конструкцијата има доста игра. Од теориски аспект е прекрасна, како книга е прекрасна, како човек е прекрасен. На некој начин таа книга ми значи, ми е некој патоказ по живот ( не е self help книга ), си наоѓам сличности. Се.