Nickelback

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
music_nickelback_1920x1080_75209.jpg

Потекло: Хана, Алберта, Канада
Жанрови: алтернативен рок, пост-гранџ, хард рок, хеви-метал, алтернативен метал
Активен период: 1995 - до денес
Продуцентски куќи: Roadrunner, Atlantic, EMI, LiveNation

Никелбек е канадски рок бенд од Хана, Алберта, формиран во 1995 год.од страна на Чед Кругер, Мики Кругер, Риан Пик и некогашниот тапанар Брендон Кругер. Иако воглавно се работи за рок бенд, бендот исто така има експериментирано и во многубројни други музички стилови како што се поп и кантри музиката. Никелбек е еден од најуспешните комерцијални групи во Канада, која има продадено 30 милиони записи ширум светот. Никелбек се рангираа на единаесетото место на изборот за најдобро продаден музички запис во 2000 год. и на второто место на изборот за најдобро продаден странски запис во САД, веднаш зад групата “Тhe Beatles” во 2000 год. Во декември 2009 год. Никелбек беа рангирани како седми на листата “Артисти на декадата” во списанието “Billboard” , за највисоко рангиран бенд и највисоко рангиран рок пејач. Ова списание ги рангираше исто така и на листата за поп пејачи на декадата. Бендот продаде 21.000.000 копии од својот албум во САД.

Бендот е формиран во Ванкувер (Британска Колумбија), Канада. Неговото име потекнува од ситна монета од пет центи, која членот на бендот, Мики Кругер им ја враќал на своите муштерии кога работел во продавницата “Ѕвездени долари”.Тој честопати им велел на своите муштерии: “Еве ти ја твојата монета назад” (како кусур).

Бендот потпиша договор со “ЕМИ” во Канада и со “Roadruuner Records” за останатиот дел од светот. Во јули 2008 год. тие потпишаа договор со продукцијата “Live Nation” за наредните три турнеи и албумски циклуси. Во овој договор се вклучени видео записи, турнеи, реклами и друго.

Првото издание на Никелбек беше проширена композиција од седум песни, издадена во 1996 год. Во истата година, тие исто така го издадоа нивниот прв албум “Curb”. ,,Fly’’ беше првиот сингл на Никeлбек kој беше дел и од двата нивни албуми “Hesher” и “Curb”. Следниот албум ,,The State’’ беше снимен и независно издаден во 1998 година.

Рон Бурман од “Roadruuner Records” добил информација за само-издавачкиот албум на Никeлбек од една негова извидничка група и прилично импресиониран од него тој отпатувал за Ванкувер за да ја види нивната изведба во живо. Бурман изјавил “Веднаш добив морници по цело тело! Нивниот сингл “Leader of men “ е вистински мега хит! ”Надвор од сцената тој беше импресиониран и од нивната иницијатива за управувањето на нивната кариера. ”Секогаш сум почитувал бенд кој успева сам, без помош од издавачки куќи. Тие се многу вредни и веке имаат 20 синглови кои се мега хитови во Канада, како и свои турнеи низ целата земја. Tие се сериозни и професионални кога е во прашање нивната кариера,а тоа ја олеснува мојата работа” – изјави тој.

И покрај тоа, на Бурман сепак му требаа 3 месеци да ги убеди своите шефови да го одобрат потпишувањето на договорот, и токму таа одлука го одбележа првиот чекор на “Roadruuner” во конвенционалниот рок. Никeлбек потпиша договор за снимање со “ЕМИ” и “Roadruuner Records” кои го преиздадоа “The State” во 2000 год. Иако ниту една песна од овој албум не се покажа како голем хит, сепак “Leader of Men” и “Breathe” беа меѓу најдобрите 10 рок хитови и беа закитени со злато во САД при крајот на 2001 год.

Во 2001 година Никeлбек го издадоа албумот "Silver Side Up" којшто ги втурна во најголемиот успех во кариерата. Синглот "How you Remind Me" доживеа голем успех , заземајќи го врвот на топ листите во Америка и Канада. Во САД беше хит број 1 на топ листите за Конвенционален и Модерен рок, како и на топ листата за Поп музика. Овој сингл исто така го зазеде првото место на топ листата ,, Adult Top 40 . "How you remind me" беше избран за најдобар сингл за 2002 година, на изборот на ,, The Billboard Hot 100’’. Следниот сингл беше "Too Bad" кој исто така се искачи на првото место на Конвенционалната рок топ листа, а имаше и малку успех и на Поп-листата. Последниот сингл од албумот "Never again" беше уште еден хит број еден на рок топ листата на Конвенционалнит рок. Во 2002 година Чад Кругер соработуваше со Џоуси Скот и Гаид Корво кои свиреа како главни гитаристи во главната музичка тема "Hero" од филмот "Spider-man".

Во 2003 година Никелбек го издадоа "The Long Road". Водечкиот сингл од албумот беше "Someday", а албумот достигна продажба од 5 милоини копии ширум светот. Бендот исто така го издаде и синглот "Feelin Way Too Damn Good" кој се најде на третото место на Конвенционалните рок топ листи. Откако беше издаден синглот "Figured You Out", тој исто така се најде на врвот на Конвенционалните рок топ листи цели 13 последователни недели.

Од петтиот студиски албум на Никелбек - "All the Right Reasons' произегоа 5 синглови кои се најдоа меѓу првите 20 на листата "US Hot 100 Top 20 singles" и тоа: "Photograp"’ , "Savin’ Me" , "Far away" , "If Everyone Cared" и "Rock star". Три од овие влегоа меѓу првите 20 најдобри во САД. Албумот "All the Right Reasons" се продаде во 7.225.557 милиони копии во САД во Септември 2009 година. Севкупно од неговото издавање во 2005 год. албумот ,,All the Right Reasons’’ се продаде во 11 милиони копии ширум светот. И покрај целокупниот успех на "All the Right Reasons" , главниот пејач Кругер започна да работи во своја сопствена музичка куќа , под името “604 Records” во 2005 година и ја задржа позицијата на извршeн продуцент.

На 4-ти Септември, 2008 год. , "Roadrunner Records" изјавија дека првиот сингл од новоочекуванит албум ќе биде " If today was your last day" и се очекува да биде издаден на 30 Септември ,2008 год. Како и да е синглот беше заменет со 'Gotta be Somebody". Новиот албум насловен како "Drak Horse" , беше издаден на 18 Ноември,2008 год. Албумот беше продуциран во продукција на "Mutt Lange". "Something in Your Mouth"’ беше издаден како втор сингл на 15 Декември , и го зазема првото место на рок радиото. " If today was your last day" беше третиот издаден сингл . Уште четири синглови беа издаени и тоа: "I’d Come for You" , "Burn It to the Ground " ( кој подоцна ке биде музичка тема за WWE RAW ) , " Never Gonna Be Alone" – издаден во Септември и "Shakin ‘ Hands" како седми сингл издаден на 16 Ноември. Нивниот осми сингл "This Afternoon" беше издаден на 23 Март ,2010 год.

На 28 февруари ,2010 год. Никелбек настапија на почетокот на церемонијата за затворањето на Зимските Олимписки игри-2010, со изведба на синглот "Burn it to the Ground".

Според едно интервју со Даниел Адаир на 23 Јануари 20010 год. , плановите на Никлбек за снимање на нов албум по албумот ,,Dark Hourse” пропаднале во вода, а издавањето се очекува во текот на 2011 година. Исто така , Адаир бендот сака да се наврати на музичкиот стил што го имаше албумот ,,All the Right Reasons’’, што тој го опишува како по природен.

Чад Кругер официјално изјави во едно интервју за “Billboard” дека со пишувањето на нови текстови за следниот албум на Никeлбек ке започнат во почетокот на Февруари , 2011год. со околу 4 песни кои веке ги има на ум.

Никeлбек беа дел од неколку церемонии за доделување на награди во Канада, бендот се здоби со 12 награди од 28 номинации на наградите ,,Јuno Awards” и 7награди од 15 номинации на ,,Much Music”. Никелбек исто така се добитници на 2 награди од 6 номинации на Американските музички награди и на 3 награди од 5 номинации на “Billboard Musical Awards”. Во 2006 год. Никелбек добија награда за Најдобро продаден рок албум во светот на “Светските музички награди”. Групата беше дел и од познатата Канадска прошетка на славните во 2007 год. Во истата година тие добија награда во категоријата омилена рок група. Севкупно тие се добитници на 26 награди од вкупно 62 номинации.

Во различни моменти од својата кариера Никелбек добија отштоприфатени негативни критики од различни извири. Критичкиот агрегатор “Metacriticrepords” ги окарактеризира трите албуми ,,All the Right Reasons’’ , ,, The Long Road’’ и ,,Drak Horse’’ како конвенционални дела кои постигнаа резултат од 62%,41% и 49% за секој последователно. Критиката се фокусираше главно на нивните музички тематики поврзани со “секс, дрога, проституција, стриптизети и алкохол”, како и на тоа дека се држат строго до некоја формула , без да бидат оригинални во својата работа,внесувајќи нови промени.

Во 2007 год. телевизијата “US Today” изјави дека Никeлбек се едни од ретките бендови кои предизвикаа голема одбивност кај публиката. Во статијата за нив се поставува прашањет дали самата нивна реклама е виновна за многубројните погрешни критики. Исто така во неа се објавени и неколку изјави од музички извори. На пример најстарион уредник во “Rolling Stone “ Брекет изјави :” Да не се залажуваме , некои бендови како овој се оригинални критички докази”. Уредникот Брекет и шефот Грег Маркс, ја препишуваат заслугата за успехот на бендот на младите слушатели на радиото и “секојдневните музички фанови кои не купуваат многу CD-иња”. Mаркс даде комплимент за популарноста на Никeлбек и покрај критиките, тој им одаде признание со зборовите “Секоја чест за нивниот успех”.

И покрај многубројните критики , Никeлбек продолжија да целат да ги задоволат критичарите со своите наредни конвенционални албуми. Главниот критичар Лиано Џонс им честита на Никeлбек веднаш по нивниот пробив со ,, Silver Side Up’’ со зборовите “ Упорноста и големата страст се двете приоритети кои го кренаа бендот на едно повисоко рамниште”.Тие го постигнаа своето нагорно искачување со понудата на вистинска реалистична приказна за своите слушатели. Чарт Атак ја препиша заслугата за нивниот успех со ,,Drak Horse’’ на нивниот избор на публика.” Чед Крygер e гениј бидејќи знае што точно сака и колку далеко може да стигне”. Тој се појави со еден значително забавен албум исполнет со песни за пороците и со него се проби во конвенционализмот. Пораката од овој негов албум е : ”Весели се Америко, ова е твојот свет”. “Billboard” исто така го пофали бендот со зборовите : “Никeлбек обезбедуваат добра забава, која ветува добри навраќања во тешките моменти. ”Исто така многубројни колеги од музичката сцена кako: Крис Мартин од Кулдплеј и раперот Тимберленд му дадоа подршка на бендот.

Сегашни членови:
Чед Кругер (главен вокал и гитарист 1995 год. до денес) (1995–present)
Риан Пик (гитарист и помошен вокал 1995 год. до денес) (1995–present)
Мики Кругер (бас и гитара, 1995 год. до денес) (1995–present)
Даниел Адеир (тапанар и помошен вокал, 2005 год. до денес) (2005–present)

Поранешни членови:
Брендон Кругер (тапанар , 1995-1997) (1995–1997)
Риан Викидал (тапанар , 1997-2005) (1997–2005)

Студиски албуми:
Curb (1996)
The State (1998/2000)
Silver Side Up (2001)
The Long Road (2003)
All the Right Reasons (2005)
Dark Horse (2008)

Извор: Википедија
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Жанрови: алтернативен рок, пост-гранџ, хард рок, хеви-метал, алтернативен метал

Уште од почеток да направиме некои мали корекции.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Што се правите најпаметни ?
 
П

Паган-др

Гостин
Е ајде де, остај линк од некоја хеви метал песна на Никлбек....
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Не сум некој голем љубител на бендов, и не знам многу песни од нив, но еве ви една хард-рок, исто така што ја прецртавте во жанровите.
Не е бадијала пишано.

 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Првите неколку албуми многу посолидни од последниве, ок бенд, доста хејтан во последниве години, според мене претерано и беспотребно, мада последниве два албуми им се тапа.
Имаат квалитетни песни во својата дискографија, да седнеш лабаво да се опуштиш, без да тупиш многу мозок.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кога бев мал не ги разликував Шон Пен и Чарли Шин, како и Роберт Де Ниро од Ал Пачино. Сега не можам да ги разликувам поимот иритантност од фронтменот на Никлбек.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.345
Поени од реакции
4.978
Heavy Metal i Nickelback se skarani poimi a bendot e teska komercijala koja od edno uvo vlegla od drugo izlegla. Nisto asolno nemaat izvadeno osven vtoriot album koj sto gi probi i gi stavi na ova deredze....
Ako tolku vi e merak imate Staind i Seether i Stone Sour i takvi nekoj sranja....Ustvari se e toa vo ist lonec da gi stavis
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Не сум некој голем љубител на бендов, и не знам многу песни од нив, но еве ви една хард-рок, исто така што ја прецртавте во жанровите.
Не е бадијала пишано.


Песнава е жив пример за алтернатив рок. Нема доволно јак риф за да се смета како хард рок...

Ако не успееш да ја воочиш разликата помеѓу алтернатив рок песната што ти ја постираше и Bad Boys (типичен пример за хард рок) ти препорачувам да истражуваш малку повеќе и да ја поминеш таа бариера поставена од комерцијалната музика.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Бендов колку што е омразен во странство толку и го сакаат тоа се чудам цело време. Што се однесува до мене доста често си слушам песни од нив а секако омилената е:

Секако тука се и останатите песни:


Како и да е според мене доста добар бенд се нема причина зошто би бил толку омразен... Ако има некој кој го мрази баш би сакал да слушнам зошто?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom