Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.487
- Поени од реакции
- 5.964
Luther е психолошка, крими серија што започна да се емитува на 4ти мај, 2010 година. Има само 2 сезони и секоја епизода трае помалку од еден час.
Главен протагонист во серијата е John Luther (Idris Elba), детектив, посветен на работата која за него секогаш е на прво место. Тој има поинаков пристап кон криминалците и ги гледа како луѓе пред сè, затоа што тие не смеат да се потценат или да се преценат во ниту еден момент. Се обидува да се доближи до нивните животи и да ги натера да ја сфатат цената за она што го прават и да се соочат со последиците на направеното.
Креаторот Neil Cross открива дека John Luther е влијание од Шерлок Холмс и Колумбо. Luther е интелигентен, генијален лик создаден за да решава злосторства.
Првата сезона е снимена во околината на Лондон и има 6 епизоди. Втората има 4.
Серијата е под продукција на BBC кои ветуваат дека ќе има и трета сезона.
Наградена е со златен глобус, има 6 други победи и 12 номинации.
Во интрото допираат звуците од Massive Attack - Paradise Circus (ова како некоја носталгија по Хаус ).
Ја следите ли? Ако не, да почнете. Јас се заразив.