Баш сакам да видам како изгледаат сликите од хартиени чинии...ако ги има на нет ќе побарам. Сакам се што е рачно изработено, имам видено многу подобар рециклиран арт од аматери отколку од современи уметници...
Ова е еден предлог за изработка на креди во различни бои...
Ќе ви треба:
-1 чаша гипс
-1/2 чаша вода
-малку боја(пигмент, прехрамбена боја, боја за јајца, темпера...)
-Форма
Бојата измешајте ја со водата.
Јас користев стари чаши за таа цел, но може во нешто за една употреба и сл...потоа, гипсот го истурате во бојата со вода и мешате добро, додека стане хомогено.
Треба да добиете маса со средна густина...Ја истурате смесата во форма...Како форма, користев пластични шишенца од филм за сликање, кои одамна требаше да се најдат на ѓубре и формичка-срце за колачи. Но, форма може да биде се. Пример мали пластични чашки, за една употреба, од кои се добиваат креди во форма на круг...
Кредите се оставаат на сонце, да се сушат. По некое време, може да ги извадите од формата, да се исушат побрзо. За помали форми, доволно е едно попладневно сончање, за поголеми ќе треба да се сушат 2 дена.
Време е за акција!
Може да нацртате нешто убаво заедно со децата(во парк, пред зграда, во двор и т.н), кое ќе ви послужи како сцена за необични фотографии... Како инспирација, нека ви послужат идеите на тема креди, на
I faces .
Продолжува...