La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Едноставно Иниеста е преквалитетен играч и тешко се заменува,и тактичката поставеност на фудбалерите е таква за Меси и Нејмар да имаат целосна слобода па затоа ти делува како да има 6 километри простор..мислам апсурдно е некој од Меси и Нејмар да ги враќаш поназад и да ти организираат акции кога во нападот се многу поопасни..а вака без Иниеста ќе пробаат да го форсираат Денис Суарез колку што можат бидејќи во дечкото гледам има креативност и квалитет само е премногу стегнат и се чуствува притисок во неговите нозе.
Иниеста е Иниеста, ама сепак не гледам обид некого да игра на таа позиција. А може и нема таква добра замена. Ракитич мислам дека падна многу во форма откако дојде во Барса, Андре Гомеш е малку тромав за таква игра, едино Денис што спомна.

Реал на пример кога играше со Крос-Касемиро-Модриќ е многу подосаден за гледање, но таа постава е одлична за со појаки противници и одбраната со неа беше страшно посигурна. Сега со импровизацииве со Ковачиќ и Иско играта е дури и потечна, многу поразлична од таа претходно. На Иско оваа улога на роаминг играч без голема одговорност најмногу му прија оти може да го прави тоа што го знае најдобро, да дрибла и да изнесе топка дур другите се наместат.

Зидан на почетокот форсираше една иста игра и затоа Реал почна еден период да делува слабо. Но еве сеа почиња да ротира, а и ради повредите мораше да менува. Ова што го извади против најголемите ривали во Шпанија му испадна добро.

Предноста на овој Реал сезонава е тоа, што го има можеби најквалитетниот ростер кој го имал на располагање минативе години. Освен на лев бек и ДМ, за сите други места има квалитетни замени. И не онакви шаблонски замени, него играчи со кои можеш да смениш тактика и динамика на игра.

Тоа што еден дијамант како Мариано е дури трета замена во тимот, доволно говори колку е квалитетен остакот :icon_lol:

Не мислиш дека класа менаџер ќе пронајде некакво решение што ќа ја замени загубата на Иниеста или Модрич со промена на систем и тежиште на играта, побогу имаат по уште девет класа првотимци и две-три класа замени? .
Брат, збориш за Иниеста и Модриќ, играчи кои се едни од најдобрите што некогаш заиграле фудбал. Нема замена за такви играчи. Колку и други класа фудбалери да имаш на располагање, никој од нив не е од нивото на овие двајца.

А иначе Реал баш на дербињава одигра со многу повредени и незалечени играчи. Значи ете Зидан успеа да најде замена за првотимците. И тоа не во некој класа играч ко Хамес, него во Иско, Васкез и Асенсио.

Мислам дека имаме дебатирано веќе на темава, дали со тебе или некој друг не сум сигурен.
Лудило е да го оспоруваш успехот и знаењето на Пеп, кога човекот достигна перфекција во играта на Барса. Разбирам субјективност дека си од противничкиот табор, ама ми нема логика да се поткопува успехот на човекот.
Не го оспорувам, само го споредувам со учинокот на Енрике и Зидан. Во времески интервал колку што се овие двајца на клупата. Така споредено Зизу и Лучо веќе во најмала рака приближно го достигнаа учинокот кој Пеп го имаше за толку време, колку што се овие тренери во клубовите.
 
R

red.devil

Гостин
Брат, збориш за Иниеста и Модриќ, играчи кои се едни од најдобрите што некогаш заиграле фудбал. Нема замена за такви играчи. Колку и други класа фудбалери да имаш на располагање, никој од нив не е од нивото на овие двајца.

А иначе Реал баш на дербињава одигра со многу повредени и незалечени играчи. Значи ете Зидан успеа да најде замена за првотимците. И тоа не во некој класа играч ко Хамес, него во Иско, Васкез и Асенсио.
Не се изразив изгледа најдобро. Не мислев на директна замена, туку на системот така што ќе се анулира недостатокот на тие играчи. Сигурно не веруваш дека нема утре за Барса и Реал ако ги нема овие. Барем овие два клуба имаат мал милион комбинации на игра со играчишта на секоја позиција.

Иско само во Реал или Барса (како Гомес) може да не е класа (ако те разбрав добро), во секој друг клуб ќе е носител на игра, тоа е тоа што зборам. Имаат на располагање преквалитетни ростери и на крај играта и резултатите зависат од спремноста и формата на два-три играчи.

Сега може премногу грубо и еднонасочно ги земам примериве ама таков впечаток имам добиено овие две-три сезони.
Ипак се на почеток на кариерите и ќе покажи времето со што точно располагаат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088

За Барса не знам, иако со влегувањето на Иниеста целосно им се смени играта, тоа збори каков играч е Иниеста. Реал има доста опции во средина, и вчера, се покажа ко клучно за нерешениот резултат. Цело прво полувреме до периодот кога Иниеста и Касемиро влегоа, а Ракитич и Иско излегоа, средината на Реал ретко кога и дозволуваше на Барселона да се доближи до голот и да создава лесни шанси. Може на некој тоа му е досадно и ќе го окарактеризира мечов ко слабо класико али тоа е начинот на Зидан против екипи со убитачни напади. Така беше и со Атлетико. Одбиј им ги нападите, глеј да држиш што подолго топка, умртви им ја играта, и чекај да направат грешка или да остават простор.
 
P

pepito*

Гостин
Aко си ги прател 20 години, ќе знаеш и за ликови ко Вандерлеј Луксембурго и Радомир Антиќ.

И да не си ги прател 20 години, сепак ќе знаеш за Мануел Пелгрини и Тата Марино.

Подобри тренери од моменталниве кои ги воделе Реал и Барса се Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Франк Рајкард. Не, Гвардиола не е подобар. Пошто неговиот учинок спореден со учинокот на Зидан и Лучо во првите сезони во нивните мандати не е ништо подобар.
:pos::pos:
Кој комплексаш си кога ќе стане збор за Гуардиола тоа е чудо бе. Неговиот учинок не бил подобар, а чиј учинок е подобар? Карло, Жозе и Рајкард? Карло не освои ни лига бе во две години, Рајкард освен двете сезони кај што освои 2 лиги и една ЛШ ништо друго немаше. Мурињо? Озбилно? Да те потсетам колку освои Пеп? И не е само заради тоа, сите овде знаат на кој начин играат тимовите на Гуардиола, тоа ти е организираност во фудбалот од највисок степен. Самите Луис Енрике и Зидан не се ни до колена тактичари како Гуардиола. Зборувајте колку сакате, вчера класикото беше слабо оти не извлекуваат ни блиску до максимум од играчите свои. Индивидуално беа супер Бускетс, Модрич, Иниеста и Иско. Никакви изработени акции, никаква течност во двете екипи, нула игра. Челси - Сити беше 100 пати подобра утакмица. Ова го кажувам како најголем фан на ла лига и најмногу ја бранев низ годиниве кога беше стварно небо земја колку беше подобар фудбалот. Пеп, Клоп, Конте, Почетино и останатите тренери ја креваат моментално ПЛ и можда веќе следната година ќе почнат и со полуфиналиња и финалиња англиски во ЛШ. Барса моментално нема игра никаква, тоа е веќе некое време и се чека на Енрике да направи некоја промена инаку Сампаоли и Тушел со отворени раце ги чекам на лето. Бројот на титули не го коментирам, ние фановите на Барса знаеме која разлика во игра ја имаме моментално, никаква доминација во средина, а 10 плејмејкери имаме во тим. Зидан повеќе од пола бодови ги има земено во последните минути, финале ЛШ освои со гол од офсајд и на пенали претходно со поминување на Рома, Волфсбург и Сити. :cuc:

Пеп бил полош од незналициве...
 
Гледам како ја крева Пеп премиер, со онаков ростер на играчи се гњави :icon_lol:

Зашто читате погрешно? Кажувам дека Пеп во првите 2 сезони = Енрике во првите 2 сезони, а можно е и Зидан да е ист случај. Во најмала рака имаат приближен учинок каков што Пеп имаше, особено Лучо во Барса.

И не можам да иам комплекс од тренер против кого мојот омилен тим задњите утакмици го победуваше лесно.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Pep takticarot i vo premier sega gazi so najdobar rosger na igraci ..

Sent from my thor using Tapatalk
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
И не можам да иам комплекс од тренер против кого мојот омилен тим задњите утакмици го победуваше лесно.
1 победа во лига и 1 победа во куп по продолженија. Тоа е учинокот на Реал против Гвардиола со Барселона.

Не го мешај Баерн во Ла Лига :icon_mrgr:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
1 победа во лига и 1 победа во куп по продолженија. Тоа е учинокот на Реал против Гвардиола со Барселона.

Не го мешај Баерн во Ла Лига :icon_mrgr:
Па сеа он пиша комплекс од Пеп дека сум имал, не од Барса. :D
 
P

pepito*

Гостин
Гледам како ја крева Пеп премиер, со онаков ростер на играчи се гњави :icon_lol:

Зашто читате погрешно? Кажувам дека Пеп во првите 2 сезони = Енрике во првите 2 сезони, а можно е и Зидан да е ист случај. Во најмала рака имаат приближен учинок каков што Пеп имаше, особено Лучо во Барса.

И не можам да иам комплекс од тренер против кого мојот омилен тим задњите утакмици го победуваше лесно.
Озбилно уште со логикава?
Кажуваш дека Пеп не е подобар пошто имал приближно исто толку трофеи колку Зидан и Луис Енрике, а овие што си ги спомнал дека се подобри сите имаат помалку трофеи од Пеп во истиот тој период. Се читаш шо пишуваш воопшто?

За ова дека си немал комплекс мало морген. Фановите на Баерн знаат за утакмицата од 4-0, на првата утамица Баерн играше по моделот на Пеп и беа многу подобри и среќно победивте. После 4-0 отворено играчите излегоа и кажаа дека на нивно барање пробале да играат како претходната сезона и го папаа. Ете гледам ти го кажаа скорот на Пеп со Реал.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Aко си ги прател 20 години, ќе знаеш и за ликови ко Вандерлеј Луксембурго и Радомир Антиќ.

И да не си ги прател 20 години, сепак ќе знаеш за Мануел Пелгрини и Тата Марино.

Подобри тренери од моменталниве кои ги воделе Реал и Барса се Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Франк Рајкард. Не, Гвардиола не е подобар. Пошто неговиот учинок спореден со учинокот на Зидан и Лучо во првите сезони во нивните мандати не е ништо подобар.
Тие беа филозофи. Антиќ секако дека не го памтам а Луксмебурго е можеби најголемата енигма у историјата на спортот и фудбал, како куровми овој заврши у Реал. Со 4-2-2-2 формација и Томас Гравесен. :icon_mrgr:

Пелегрини и Тата Марино филозофираа иако според мене се добри тренери, не знам зашто толку го ругате Вампирот, супер тренер е, сеа последниве години малце излапен пошто има 415 години но сепак.. Башка ако добро го сконтав усташот вчера, само Зидан има боље учинок од Пелегрини, така нешто спомна, башка не е крив човекот што му го измешаа цел состав и мораше да се игра финале ЛШ на домашен терен, јеби га друг клуб освои таму хехеhhh.
Тата Марино е професор по фудбал, он може на факултет да предава фудбал ко предмет, озбилно ова, искулиран Марсело Биелса е типот, али не се снајде а и се скара со пола екипа т.е не го слушаа.
Убаво објасни @red.devil погоре, да не се повторувам.

Ај да се вратам на Зизу и Лучо пошто ја го почнав ова. Пишав у првиот пост Зидан стрелка Енрике.
Кељавиот покажува малце од малце некои тактички изненадувања, Реал стварно игра тактички, смирено, знае што сака едноставно. Знае да смени, не прави шаблонски измени ко колегата му, вчера на 1-0 за Барса на пример става деструктивец и одма смени пристап, летнаа напред Модриќ и Ковачиќ.
Секако мора да го видиме у друг клуб ама као за почетник и прва работа се снаоѓа супер сега за сега.

За Лучо братот се виде неговото у Рома и Селта, не знаеше кај тера пустиот, доаѓа у Барса и одма 6 титули. Секако. Па уште споредби со Гвардиола, никад. Пеп со дупло послаб состав за оваа Барса изгледаше ванземаљски.
Абе кој тактичар е Лучо, ако не се у елемент Иниеста и напаѓачите не знае што да праи и остава утакмицата да заврши `како год` со 0 измени. Ако е Иниеста на клупа а чкрипи утакмицата само Андрес влага, не ми текнува на која утакмица беше, Меси, Иниеста на клупа недоволно залечени од повреди, само нив ги пушти.

Џони сеа ќе почне со муабетите знаете ли вие колку е тешко да се справиш со 25 души. Апсолутно, како ќе каже Меси така нека е, само да не ме избркаат од работа. :ROFLMAO:

Ја се кладам дека после Барса, Луис Енрике нема да води други екипи, или ќе го стаат директор нешто или толку.
Зидан може у Јуве да иде. :icon_mrgr:
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Aко си ги прател 20 години, ќе знаеш и за ликови ко Вандерлеј Луксембурго и Радомир Антиќ.

И да не си ги прател 20 години, сепак ќе знаеш за Мануел Пелгрини и Тата Марино.

Подобри тренери од моменталниве кои ги воделе Реал и Барса се Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Франк Рајкард. Не, Гвардиола не е подобар. Пошто неговиот учинок спореден со учинокот на Зидан и Лучо во првите сезони во нивните мандати не е ништо подобар.
Не зборам за учинокот туку за тренерското знаење. Па Радомир Антиќ го измислил тренерскиот занает за овие двајца. Не заебавај дека го стави у иста реченица со Зидан и Лучо.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
После 4-0 отворено играчите излегоа и кажаа дека на нивно барање пробале да играат како претходната сезона и го папаа.
Нема грешка, ова е лага. Тие 4-0 самиот Пеп кажа дека се мислел за една тактика, го премислил асистентот за 4-2-3-1, а излезе со трета. Кои играчи излегле да кажат, кои сини очи. Баш со таа 4-2-3-1 изгазија викендов додека Карло се глупираше со 4-3-3. Убедливо најдобрата формација за овој модерен Баерн и играчите тогаш излегле и кажале нешто? Еден голем bullsh*t и лага.

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2794325/pep-guardiola-admits-champions-league-semi-final-defeat-real-madrid-biggest-f-life-coach.html

Pep changes his mind again. The 3-4-3 had become a 4-2-3-1, but now he opts for a 4-2-4 formation. Just as he did in Dortmund in July 2013, in his debut match, he swithers between patience and passion and ends up going for passion. But it didn't work in Dortmund, and it won't work now.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Гледам како ја крева Пеп премиер, со онаков ростер на играчи се гњави :icon_lol:

Зашто читате погрешно? Кажувам дека Пеп во првите 2 сезони = Енрике во првите 2 сезони, а можно е и Зидан да е ист случај. Во најмала рака имаат приближен учинок каков што Пеп имаше, особено Лучо во Барса.

И не можам да иам комплекс од тренер против кого мојот омилен тим задњите утакмици го победуваше лесно.
Глупо е некој да дискутира со тебе за Пеп кога нели Пеп за тебе е најголема превара ?! :)

Пеп толку ве макљаше со Барса што не верувам дека тој период ќе го заборавите некогаш, посебно петката и шестката. Го правеше тоа како нешто најлесно на светот. Па затоа разбирливо е тоа што знаете често да го спомнувате во негативна конотација. Посебно ти.

А за Премиер, ќе си освои, остајте поразот од Челзи, на тој натпревар Сити беше подобар, да не го промашеше празниот гол белгиецот,толку ќе беше од Челзи на тој натпревар, шанса што од наредни 10 удари 10 пати ќе реализира Де Бруин.
 
P

pepito*

Гостин
Нема грешка, ова е лага. Тие 4-0 самиот Пеп кажа дека се мислел за една тактика, го премислил асистентот за 4-2-3-1, а излезе со трета. Кои играчи излегле да кажат, кои сини очи. Баш со таа 4-2-3-1 изгазија викендов додека Карло се глупираше со 4-3-3. Убедливо најдобрата формација за овој модерен Баерн и играчите тогаш излегле и кажале нешто? Еден голем bullsh*t и лага.

http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2794325/pep-guardiola-admits-champions-league-semi-final-defeat-real-madrid-biggest-f-life-coach.html

Pep changes his mind again. The 3-4-3 had become a 4-2-3-1, but now he opts for a 4-2-4 formation. Just as he did in Dortmund in July 2013, in his debut match, he swithers between patience and passion and ends up going for passion. But it didn't work in Dortmund, and it won't work now.
Ме мрзи да го барам документарецот кај што најблиските соработници на Пеп зборуваат за ова. Нема врска, Карло е подобар, гледам веќе осеќате.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Ме мрзи да го барам документарецот кај што најблиските соработници на Пеп зборуваат за ова. Нема врска, Карло е подобар, гледам веќе осеќате.
Не реков дека е подобар.

Тоа е Дејли Мејл е од Пернанеу, барем на тебе не морам да ти кажувам кој е, така да... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom