La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.982
Поени од реакции
35.720
4 балона фунти годишно , го боли крофничето кое место е во светот. :LOL:
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Aко си ги прател 20 години, ќе знаеш и за ликови ко Вандерлеј Луксембурго и Радомир Антиќ.

И да не си ги прател 20 години, сепак ќе знаеш за Мануел Пелгрини и Тата Марино.

Подобри тренери од моменталниве кои ги воделе Реал и Барса се Карло Анчелоти, Жозе Мурињо и Франк Рајкард. Не, Гвардиола не е подобар. Пошто неговиот учинок спореден со учинокот на Зидан и Лучо во првите сезони во нивните мандати не е ништо подобар.
 
R

red.devil

Гостин

И Реал и Барса одат на картата со инфлуентни имиња кои може да мотивираат, имаат почит во соблекувалната и се прифатени од сите во клубот. Истиот феномен се деси и во двата клуба не многу одамна кога имаа поискусни менаџери а никакви резултати. Тоа е неблагодарното, професор по фудбал биди, како што беше Мартино за Енрике или Рафа за Зидан ама ако не те почитуваат играчите и не следат наредби џабе е.

Сега Реал и Барса не играат некаков си тактички фудбал, впрочем и зошто би играле кога може да прегазат секого. Доволно е да се супермотивирани и со прав мајндсет. Многу побитно е клучните играчи да се спремни. Лани Реал имаше серија од 30 и кусур победи, се повреди Модриќ, се повреди Бејл и се отиде у курац во лигата. Оваа година, сеуште е рано, но влијаеше отсуството на Иниеста врз играта на Барса на тоа додади ја и формата на Бускетс и веднаш се отсликува на резултатите.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Зидан и Енрике биле слаби тренери:pos:...во ред е да констатираш нешто и да си имаш свое мислење ама вака без одредени аргументи да тврдиш е апсурдно.

По која основа двата се слаби тренери?...Енрике кој од можните 6 титули освои 5 во двете сезони или Зидан кој во 5 месеци успеа да го консолидира Реал Мадрид и да освои ЛШ за сега после 100 години да го води орото во Ла Лига со 6 бода понапред од Барселона...со Анџелоти да не беа подобри случајно?..неможам да ве разберам искрено ..овај Енрике уште 4 титули со ред да освои пак за сите вас ќе биди слаб тренер бидејќи во нападот ги има Меси,Нејмар и Суарез..е ајде де одете вие тренирајте ги можеби ќе ви се посреќи некоја титула да земите.

Чекајте малце,заборавате дека и другите Шпански екипи драстично се напреднати од порано и сега Реал и Барса треба коски да остават на теренот доколку сакаат да ги освојат трите бода..до лани барем на домашен терен лесно поминуваа,додека оваа сезона ниту на домашен терен неможат да добијат ако не играат со максимум од силите..гледајте Барселона несметајќи го вчерашниот кикс има уште 3 киксеви на Кам Ноу што пред 5 години беше незамисливо за цела сезона а камоли 14-то коло.[DOUBLEPOST=1480851971][/DOUBLEPOST]
Сега Реал и Барса не играат некаков си тактички фудбал.
Тука многу грешиш,Реал ако ги имаш гледано ќе забележиш дека и тоа како играат тактички фудбал,поорганизирани со Мурињо не биле ..со Атлетико го искористија нивното оружје против нив и дури шанса не успеаа да му направат,се прилагодуваат на секој противник различно и можат секаков фудбал да играат.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Е де, кажи зошто не сум у право за болдираното?

*ме мрзи да барам гифови*

И Реал и Барса одат на картата со инфлуентни имиња кои може да мотивираат, имаат почит во соблекувалната и се прифатени од сите во клубот. Истиот феномен се деси и во двата клуба не многу одамна кога имаа поискусни менаџери а никакви резултати. Тоа е неблагодарното, професор по фудбал биди, како што беше Мартино за Енрике или Рафа за Зидан ама ако не те почитуваат играчите и не следат наредби џабе е.

Сега Реал и Барса не играат некаков си тактички фудбал, впрочем и зошто би играле кога може да прегазат секого. Доволно е да се супермотивирани и со прав мајндсет. Многу побитно е клучните играчи да се спремни. Лани Реал имаше серија од 30 и кусур победи, се повреди Модриќ, се повреди Бејл и се отиде у курац во лигата. Оваа година, сеуште е рано, но влијаеше отсуството на Иниеста врз играта на Барса на тоа додади ја и формата на Бускетс и веднаш се отсликува на резултатите.
За првиот дел од постот се согалсувам, ама за вториов, колку и да си јак, џабе ти е све со згрешена тактика, ко што е таа на Барса моментално кога се без Иниеста, да меѓу средниот ред и МСН има шест километри простор и неповрзаност.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
За првиот дел од постот се согалсувам, ама за вториов, колку и да си јак, џабе ти е све со згрешена тактика, ко што е таа на Барса моментално кога се без Иниеста, да меѓу средниот ред и МСН има шест километри простор и неповрзаност.
Едноставно Иниеста е преквалитетен играч и тешко се заменува,и тактичката поставеност на фудбалерите е таква за Меси и Нејмар да имаат целосна слобода па затоа ти делува како да има 6 километри простор..мислам апсурдно е некој од Меси и Нејмар да ги враќаш поназад и да ти организираат акции кога во нападот се многу поопасни..а вака без Иниеста ќе пробаат да го форсираат Денис Суарез колку што можат бидејќи во дечкото гледам има креативност и квалитет само е премногу стегнат и се чуствува притисок во неговите нозе.[DOUBLEPOST=1480852311][/DOUBLEPOST]
Да Џони Канатларовски, те прочитав... Поливалентни и ДВОдимензионални биле... :D
Рамос,Бале,Модрич,Касемиро,Карвахал,Мората и Марсело се такви играчи и Зидан перфектно ги користи..на Роналдо очигледно е дека му е паднат газот и не е истиот како порано ама мора да го игра бидејќи е Роналдо .
 
R

red.devil

Гостин
Едноставно Иниеста е преквалитетен играч и тешко се заменува,и тактичката поставеност на фудбалерите е таква за Меси и Нејмар да имаат целосна слобода па затоа ти делува како да има 6 километри простор..мислам апсурдно е некој од Меси и Нејмар да ги враќаш поназад и да ти организираат акции кога во нападот се многу поопасни..а вака без Иниеста ќе пробаат да го форсираат Денис Суарез колку што можат бидејќи во дечкото гледам има креативност и квалитет само е премногу стегнат и се чуствува притисок во неговите нозе.[DOUBLEPOST=1480852311][/DOUBLEPOST]

Рамос,Бале,Модрич,Касемиро,Карвахал,Мората и Марсело се такви играчи и Зидан перфектно ги користи..на Роналдо очигледно е дека му е паднат газот и не е истиот како порано ама мора да го игра бидејќи е Роналдо .
Епа тоа е бе Џони, му нема еден играч од 10 кои му се класа и се губат. Што ти кажува тоа за тактичка спремност?
Не мислиш дека класа менаџер ќе пронајде некакво решение што ќа ја замени загубата на Иниеста или Модрич со промена на систем и тежиште на играта, побогу имаат по уште девет класа првотимци и две-три класа замени? А во Реал и Барса тоа се моменти кога еден од нив испаѓа од трка за титулата.
Моево го кажуваш со последниот дел претпоследниот пост, разликата е што поразлично го интерпретираш.
Точно е дека лигата е поконкурентна ама не е случајно што тие киксеви се дешаваат кога им недостасуваат носителите на играта во тимот.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Епа тоа е бе Џони, му нема еден играч од 10 кои му се класа и се губат. Што ти кажува тоа за тактичка спремност?
Не мислиш дека класа менаџер ќе пронајде некакво решение што ќа ја замени загубата на Иниеста или Модрич со промена на систем и тежиште на играта, побогу имаат по уште девет класа првотимци и две-три класа замени? А во Реал и Барса тоа се моменти кога еден од нив испаѓа од трка за титулата.
Моево го кажуваш со последниот дел претпоследниот пост, разликата е што поразлично го интерпретираш.
Точно е дека лигата е поконкурентна ама не е случајно што тие киксеви се дешаваат кога им недостасуваат носителите на играта во тимот.
Ама проблемот е што вие гледате само од перспектива од Реал и Барса,а не ги следите другите екипи а подоцна излегувате со тврдења дека Зидан и Енрике се слаби тренери..факт е дека и другите екипи се тешки да ги добиеш ,денес сите се научија да играат фудбал и вложуваат многу во нивните екипи. Ене ги вчера Атлетико неможеше Еспањол на домашен терен да ги добие што е 6ти или 7-дми кикс оваа сезона што е премногу досега дури за нив.

Ќе ги видите колку се слаби тренери кога ќе играат во нокаут фазата во ЛШ ама тогаш неможите да тврдите дека и другите екипи низ Европа се слаби или дека Реал и Барса се предоминантни кога реално не се..се мачат и двете екипи да добијат на домашен терен со едни Виљареал и Малага што ми е искрено незамисливо освен ако не местат.
 
R

red.devil

Гостин
Не бе брат, еве гледам сега Бетис - Селта.
И пак ќе те прашам, до што ќе биде ако сега, кога се врати Иниеста а не се повреди никој напраат серија од едно 15 - 20 натпревари без пораз? Ослабела лигата или тактички паднале другите клубови?
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не бе брат, еве гледам сега Бетис - Селта.
И пак ќе те прашам, до што ќе биде ако сега, кога се врати Иниеста а не се повреди никој напраат серија од едно 15 - 20 натпревари без пораз? Ослабела лигата или тактички паднале другите клубови?
Види вака,Барселона и лани имаше мислам 30 натпревари без пораз ама поголемиот дел од победите беа на мускули и на сила..се сеќавам на 10-тина натпревари минимум победата му висеше и ниту една серија со победи нема да значи дека другите екипи паднаа бидејќи од Барселона се очекува такво нешто да победува со оглед на квалитетот кој го поседува,ама овој пат за разлика од порано тоа треба да го прави со 100% од силите во секој натпревар бидејќи еднаш играа со измешан состав и го јадоа од Алавес.

Плус на Енрике од старт самиот тактички пристап му е офанзивен "Ќе дајме повеќе голој од нив" што е разбирливо со оглед на нападот,за разлика од Зидан каде игра претпазливо и смирено па затоа ми е чудно кога спомна дека Реал не делувале тактички добро .

На Енрике самата тактика му е таква да влегува каскадерски секој дуел бидејќи со тие играчи не гледам поинаку како ќе најдиш решение и затоа му се случува бродолом кога некој од првиот тим не игра бидејќи реално нема кој да направи разлика ако играат Денис Суарез,Пако,Гомез,Видал и Диње..сите овие горе-долу се нови играчи и тешко дека ќе можат веднаш да се вклопат па мора пополека да ги вметнува со првотимците и тука се доведува воиграноста во прашање.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Е де, кажи зошто не сум у право за болдираното?

*ме мрзи да барам гифови*

За првиот дел од постот се согалсувам, ама за вториов, колку и да си јак, џабе ти е све со згрешена тактика, ко што е таа на Барса моментално кога се без Иниеста, да меѓу средниот ред и МСН има шест километри простор и неповрзаност.
Мислам дека имаме дебатирано веќе на темава, дали со тебе или некој друг не сум сигурен.
Лудило е да го оспоруваш успехот и знаењето на Пеп, кога човекот достигна перфекција во играта на Барса. Разбирам субјективност дека си од противничкиот табор, ама ми нема логика да се поткопува успехот на човекот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
R

red.devil

Гостин
Пак не му одговори на прашањето :D
Нормално, зошто во тој случај ќе падне дводимензионалноста во вода. :D

А поливалентни се и двете екипи, проблемот е што не се користат ни дводимензионално како што вика. Несфатливо ми е да веруваш дека ако го немаш Иниеста нема кој да напрај разлика кога го имаш МЕСИ во триото напред со Нејмар и Суарез, плус Ракитиќ, Рафиња, Гомес...
Истото важи и за Реал, јес да Модриќ е маестро ама да не може до толку да смениш систем да функционираш без него со играчишта како Крос, Иско, Џејмс...тактика мај ес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom