Kajgana Song Contest (KSC) #1

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.102
Поени од реакции
34.892
По примерот на многуте натпревари низ речиси сите подфоруми за забава и култура (натпревар во готвење, натпревар во цртање, натпревар по фотографија, натпревар за игри...) еве можност и за тие на кои музиката им е на прво место да покажат и докажат кој има подобар вкус. Правилата за натпреваров се следните:

1. Исто како и на сите други натпревари на форумов, и тука нема да има никакви материјални награди.

2. Целта на натпреварот е - забава, и споделување на добра музика. Ова го напоменувам за да не бидат премногу сериозно сфатени натпреварите.

3. Музиката што ја споделувате на треба да биде ваше дело (иако добредојдени ќе бидат и авторски композиции на членовите на форумов, доклоку постојат такви). Значи може да споделите и да учествувате во натпреварот со која композиција сакате!

4. И тука песните ќе се споделуваат по теми. Темата за првата недела ја задавам јас, секоја наредна ќе ја зададе победникот на претходниот натпревар! Темите може да бидат секакви - од музика од некоја определена држава, преку песни од определен жанр, песни со некоја посебна намена (како на пример: најдобра спортска химна, или најдобра песна од Евросонг, или најдобра cover верзија, најдобра изведба од талент шоу, најдобра песна од еден конкретен изведувач...) итн.

5. Песните кои не одговараат на зададената тема, ќе бидат автоматски дисквалификувани од натпреварот.

6. Секоја тема се задава во недела, и споделувањето на видеата ќе трае се до следната недела, кога започнува гласањето. Гласањето ќе трае до следната сабота, кога ќе бидат објавени резултатите, и ќе може да започне новиот избор.

7. Разликата на овој натпревар од останатите ќе биде во начинот на гласање. Тука нема да се отвора нова тема со анкета за гласање (барем нема да биде така во прво време, во овој натпревар. За понатамошните натпревари нека одлучат самите победници или пак модераторите на подфорумов на кој начин ќе се гласа) туку гласањето ќе се одвива по евровизиски принцип: 12 бодови за најдобрата композиција, 10 бодови за второпласираната, 8 за третопласираната, па по редослед 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1 бод, до десеттото место. Што значи - секој ќе треба да гласа за најдобрите 10 композиции, според него.

8. Можност за гласање ќе имаат само учесниците на натпреварот (само оние кои имаат пријавено песна).

9. Гласањето ќе се одвива преку scorewiz - онлајн алатка за креирање на табели со гласови по евровизиски принцип. Линкот за гласањето ќе биде поставен пред самиот почеток на гласањето, во недела. Начинот на гласање е многу лесен - се што треба да направите е да ги подредите насловите на вашите омилени 10 композиции по саканиот редослед (од најдобрата, кон најлошата) и воопшто не одзема време.

10. Во случај доколку бидат пријавени повеќе од 30 композиции во еден натпревар, истите ќе бидат поделени во полуфинални групи од по минимум 15 композиции, за да се олесни процесот.

11. Секој учесник ќе треба да гласа само во она полуфинале во кое ќе се најде неговата песна.

12. Гласањето во полуфиналињата ќе трае до среда, а најдобрите 10 композиции од секоја полуфинална група ќе се најдат во финалето за кое ќе може да се гласа од четврток до сабота.

13. Не смее да се гласа за својата сопствена композиција!

14. Оние учесници кои нема да гласаат, ќе бидат дисквалификувани, без оглед на тоа колку бодови и кое место го освоиле. Доколку според ова - победникот на натпреварот биде дисквалификуван заради тоа што не гласал, второпласираниот ќе биде тој кој ќе ја одбере следната тема за натпреварување.

15. Секој учесник може да учествува со само една пријавена композиција во еден натпревар.

16. Пред да гласате, ве молам преслушајте ги сите испратени песни.

17. Ги молам победниците на секој натпревар, кога ќе ја отвараат новата тема, за следниот натпревар да го цитираат ова мислење со правилата за натпреварот во воведното мислење!

18. Ве молам без лобирање и ви посакувам добра забава! ;)

Се надевам дека сите правила се доволно јасни, што значи, можеме да го започнеме Kajgana Song Contest #1!
________________________________________________________________

Имавме натпревар на форумов за Ex Yu музика, сега има натпревар за македонска поп музика, па затоа решив првата тема на KSC да биде нешто ново:
ТЕМА: МАКЕДОНСКА НОВОКОМПОНИРАНА ФОЛК МУЗИКА

Песните можете да ги поставувате во темава се до недела, 9 март 2014. Тогаш почнува гласањето, кое ќе трае се до сабота, 15 март 2014. Коментарите за испратените песни се исто така добредојдени во темава. Па среќно на сите!
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
Идејава ти е стварно супер, биг лајк од мене, ама ќе ја прескокнам првава тема....за наредните избори ќе учествувам редовно :pipi:.
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
287
Поени од реакции
236
Идејава ти е стварно супер, биг лајк од мене, ама ќе ја прескокнам првава тема....за наредните избори ќе учествувам редовно :pipi:.
Зошто бе. Лоша тема? :P
@BilboBaggins делам мислење, само не сакав прв да го искоментирам истото со цел да избегнам почеток со негативни мислења :)
@Zlatikevichius за некој можеби не е лоша, единствена НОВОСОЗДАДЕНА фолк песна на која ми текнува моментално е Докторе :cautious: едноставно не ми е позната оваа бранша...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
Зошто бе. Лоша тема? :P
Ептен лоша :P. Не знам како прво дали треба сериозни песни налик Миле Кузманоски или пак нешто како Кеш Кеш...плус немам никаков допир со ваква музика, така да оставам на покомпетентни да учествуваат :).
 
Абе ни јас не сум компетентен за таква музика, ама баш и тоа ми беше целта со темата: да ве натерам да пребарувате, да преслушувате, да ја одберете онаа композиција која сметате дека треба да победи! Не е целта да ставам од прва: песни од Тоше и да биде прелесно. И јас не слушам ваква фолк музика, ама секако дека не би ставил да учествува нешто налик на „Ме заболе, одоздола па нагоре“ на Сања Ристеска или таа што ја спомнавте - „Докторе“. Секако дека ако сакам да победам - би пратил нешто посериозно. ;) Ај, прочепкајте нешто, сигурен сум дека ќе најдете. Има изведувачи како Наум Петрески, Миле Кузмановски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Марјан Коцев, Зуица Лазова, па и постарите, како - Александар Сариевски, Никола Бадев, Васка Илиева, Вања Лазарова, Петранка Костадинова, Виолета Томовска... Дури и дел од нивните песни не се народни, туку новокомпонирани. Пример, една „Зајди зајди“ не е народна песна, иако многумина мислат така, туку новокомпонирана. Автор и на музиката и на текстот е Александар Сариевски, а ја создал по примерот на народната песна: „Чернеј горо, чернеј сестро“.

Побарајте, сигурен сум дека ќе најдете нешто! ;)
 
Па добро, јас мислев дека алудираш на музика од 21 век со тоа новокомпонирана, не сме се сфатиле :D. Се мислев дали Јонче или Благето да ги номинирам, ама не знам дали песните на Јонче се изворни или авторски, па така ја номинирам Благица на кајчето :drk:
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Интересна идеја, не верувам дека ќе имам многу шанси за победа со мојот вкус. Али конкретно за темава знам добра песна :)

Стварно одлична композиција, иако не слушам ваква музика уопште.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.050
Поени од реакции
7.784
Не е по мој вкус секако ама ова е една од малкуте што ги имам слушнато од новите. Секогаш кога ќе ми текне на песните и изведувачите од овој ранг ми иди оваа песна. Очајни се со еден збор.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.111
Поени од реакции
4.524
Искрено не знам што спаѓа во ова новокомонирана фолк музика. Ја номинирам оваа ако може ако не кажете да ми текне на друга.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.082
Поени од реакции
13.055
Уфф кај ги најдовте новокомпонирани фолк :( Оваа само ми паѓа на памет ако припаѓа во новокомпонирани топ ако не бришете :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom