Kомпјутер за секое дете

Gh0$T

BanishedFromMyOwnWorld
Член од
4 октомври 2008
Мислења
271
Поени од реакции
19
Цела година работат каде што учам. Интернет поправаат, скоро секаде има.
Убава работа е. Кога завршуваат со предавања си сурфаш, лекциите ги пишам на писи, ем побрзо ем полесно.
Ги праќам на мејл и тоа. Барем ташна не носам.:smir:

Подршка од мене. (Y)
Супер е...И јас го користам истото...

:baeh:
 
Член од
25 март 2009
Мислења
21
Поени од реакции
0
Абе ветија дека ќе ставеле компјутер за секое дете до октомври па нацки од компјутерите. Денес во школо баш зборевме за таа тема. Сепак мислам дека не се потребни компјутери, постојат многу „гангстери“ односно бесни деца и толку невоспитани и некултурни што ги крадат маусите и тастатурите од компјутерите. Некој ден очекувам да ги земат и мониторите и куќиштата само ќе им треба куфер за тоа..:vozbud: :nenene: :bravo: за тие што го прават тоа.
 

kam

kamikaza
Член од
16 април 2009
Мислења
62
Поени од реакции
4
Ако се вложува во компјутери нека се вложи и во опрема за нивна работа, галантерија и најважно то даскалите да ги научат да работат на нив.
Прво на клупите за пишување ги ставија мониторите - кај така беа тесни со мониторите на нив немојш ни тетратка да отвориш, а да непрајме муабет за учебник. клупите тесни нормално ќе паѓаат монитори.
Ако вложуваа што не ставија бироа па на нив нека ги ставаа.

второ Низ голем број на училишта не ги уклучуваат че се расипле пропадната инвестиција технологијата заминува напред чабе парите за нив.

трето То даскалите појма немаат од компјутери па и оперативниот систем им го сменија абе ко во шпанско село се!
Нека ги обучат да работат на нив а не да предаваат старомодно, а имаме модерна технологија.
Ако неќат да учат нека си одат дома има млади кои знаат да работат ќе им го потполнат местот одма.

четврто Нормално дека децата ќе земаат делови кога вака постапуваат со компијутерите. Децата викаат зошто да пропаѓа нова уба машина ќе си ја земам дома ќе си ја напрам мојата која ја користам поуба. Да можев и јас би си земал делови!

Заклучок
Пропадната инвестиција џабе пари фрлени и така натаму. Добро па некои деца си ги подновија домашните компјутери па не е баш така џабе ако се гледа од овај аспект.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.463
Поени од реакции
5.435
Некој ден очекувам да ги земат и мониторите и куќиштата само ќе им треба куфер за тоа..:vozbud: :nenene: :bravo: за тие што го прават тоа.
Кај мене во школо фаљат и монитори... а од кучиштата се извадени делови :toe:
За мауси, маус падови, тастатури и каблите да не зборимо :icon_conf
 

Малата

Smile..It Confuses People
Член од
2 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
3
Ни ставија комјутери на сите.а во клас си имам некои недораснати па фалат едно 2о мауси неколку тастатури кабли..

Ништо добро не постигнаа и онака интернетот беше лош:vozbud:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ми ги уништија оценките....It's all your fault!!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ни ставија комјутери на сите.а во клас си имам некои недораснати па фалат едно 2о мауси неколку тастатури кабли..

Ништо добро не постигнаа и онака интернетот беше лош:vozbud:
Toa sto falat mausi, tastaturi, kablii... e zaradi nekulturata na ucenicite no i zaradi losata organizacija na uciisteto. Vo skoloto kaj so ja ucev ne teraa koa ce vlezime da proverime dali se e vo red, dali nesto ne raboti i dali nedostasuva isto i na krajot koa si odevme od skolo, sekako imase prisuten profesor koa se proveruvase. Decata od drugata smenaa isto i tie proveruvaa ako nedostasuva ili ne raboti nesto se prijavuvase, se barase vinovnikot t.e. se znaese bidejki na sekoj komojuter bea napisani iminjata na decata koi sedat tamu a razmestuvanja ne bea dozvoleni, taka da odma se naogjavase od koj e napravena stetata ako ja ima. Privte nekolku dena tia se probaa da zemat nesto se 'izgorea' i posleto im dojdi umot na site i nikoj ne se osmeli da zeme ili da rasipe nesto.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Најдоа убав начин да кажат дека нешто прават, а во исто време да ги пунат џебовите.
Кога ги ставија компјутерите никој од професорите немаше обука, некои незнаат маусот да го држат, а треба демек да работат на него. Компјутерите, бар во моето школо ги уклучија во второ полугодие, и тоа само на некои места, до тогаш си седеа така и служеа само за криење кога препишуваш. Деца ко деца, кога им е досадно и имаат нешто што може да се уништува пред нив ќе го уништат. Да почекаа и уште одма да ги пуштеа, и да почнеше да се работи на нив, верувам помали ќе беа штетите.

Али, сега неможе ништо да се рече, владата ви даде компјутери, вие ги искршивте. Ефтин трик, сега нека земат уште компјутери, за да повторно да украдат пари, и повторно да имаат оправдување.

Образованиево смрди.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Доколку беше на почеток ставено на хартија и прочитано на учениците дека секоја штета ќе го плаќаат тие самите и да дадеа такво ливче да го потпишат родителите, немаше баш вака да излезе да фалат толку делови. Учениците меѓу себе ќе се пазеа. А и родителите.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Доколку беше на почеток ставено на хартија и прочитано на учениците дека секоја штета ќе го плаќаат тие самите и да дадеа такво ливче да го потпишат родителите, немаше баш вака да излезе да фалат толку делови. Учениците меѓу себе ќе се пазеа. А и родителите.
Кажано беше на почеток, и записници се правеа. Џабе е се тоа.
Кај сме ние за комјутери во школо, тоа се става каде што децата одат да научат, и кај што ги ценат помагалата за тоа.

Има поважни работи да се направат во школите, не е убаво да ти врне на глава а да имаш high-tech компјутер.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Кажано беше на почеток, и записници се правеа. Џабе е се тоа.
Не сум знаел за ова.


Има поважни работи да се направат во школите, не е убаво да ти врне на глава а да имаш high-tech компјутер.
Децата од основното кај нас не можат во вц да отидат, плива во..., а во ходникот-во главниот хол молат бога да не подзаврне :) инаку школото е надвор од ламарина, а внатре од некој картон, поклон после земјотресот. Сега потставија малку паркет инаку деца се сопињаат кога играат во фискултурната сала. Хорор...основно школо.
Во Орце можеа да стават нови клупи-пошироки-за да ги збере мониторите. Во прозорите да инвестираа ќе заштедеа енергија за греење. И така натаму. Трендот е можда компјутеризација, идење во чекор со технологијата, но...приоритетите се малку подруги...во наши услови.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
125
Поени од реакции
8
Абе тие комјутерите во скора иднина нема да ги гледаме пред нас оти во то училиште во кое има компјутери нема клупи за нив нема а пак во друго обратно клупи има ама компјутери нема.
 
S

StormRage

Гостин
E добро сеа кабли неколку зедов ради шо ми требее а ионака не се пушта звук па немаше потреба од нив :) е сеа не е баш некое решение порано моравме да го слушаме професорот ради шо ретко имаше шо да се прајт... сеа Мајбрут се матит на мртво и некој несаглам игри па се караме некој да исклучи та да не сецка кај другиот... не ја бива
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Кажано беше на почеток, и записници се правеа. Џабе е се тоа.
Според оваа вест, истото nајверојатно било спорно, но...изгледа се е спорно во оваа активност :)
Проектот „Компјутер за секое дете“ од самиот почеток беше следен со проблеми и недоречености. Прво Владата ги набави компјутерите, па потоа увиде дека во училиштата нема ниту соодветна електрична инсталација, ниту просторни услови за нивно поставување. Потоа не се знаеше кој ќе биде одговорен за евентуалните штети, па имаше обид целата одговорност да падне врз децата и родителите.
Подолу следи написот од Дневник
Компјутерите побрзи од струјата

Владата набавува нови 65.000 компјутери, иако над 40 проценти од претходно набавените 100.000, поради несоодветна инфраструктура и лошата електрична мрежа не се во функција

Владата набавува нови 65 илјади компјутери за основните училишта во земјава, иако над 40 илјади од претходниот тендер се' уште не се инсталирани. Од Министерството за информатичко општество ни потврдија дека тендерот е во тек, како втора фаза од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“. За нив не е спорно што над 40 проценти од претходно набавените 100 илјади компјутери, поради несоодветна инфраструктура, се' уште не се во функција, бидејќи, како што велат, тој проблем ќе го решеле најмногу за два месеца.

Во Министерството за информатичко општество не можеа да кажат колку државата ќе ја чини втората набавка на компјутерите, бидејќи прво мора да се видат понудите на заинтересираните фирми, кои треба да бидат доставени до 30 септември.

- Новите компјутери што ќе ги набавиме се наменети за основните училишта, со што целосно ќе биде заокружен проектот за компјутеризација на образованието. При првата набавка 55 илјади компјутери беа поставени во средните училишта, а другите 45 илјади требаше да бидат поставени во основното образование. Поради лошата електрична мрежа и недоразбирања со ЕВН тие компјутери уште не се инсталирани. Реализацијата е при крај и очекуваме тоа да се реши за најмногу два месеца - вели Антонио Атанасов од ресорното министерство.

Тој вели дека, иако компјутерите досега стоеле во магацин и е поминато повеќе од една година од нивната набавка, нивната вредност не е воопшто или многу малку е намалена, бидејќи тие многу лесно може да се надградат.

Неофицијалните процени се дека втората набавка ќе чини над 10 милиони евра, бидејќи при набавката на првите 100 илјади се потрошени 21 милион евра. Пратеничката група на ЛДП во петокот писмено побара од Владата да објасни зошто се прават вакви штети на државниот буџет и зошто „непромислено“ се трошат парите на граѓаните, кога изминатиов период се докажа дека овој проект на Владата доживеа целосно фијаско.

- Јавноста е добро запознаена со дебаклот што го доживеа проектот „Компјутер за секое дете“. За жал, голем дел од компјутерите фаќаат прашина и целосно се неупотребливи. Компјутери не само што не се користат, туку на децата им пречат бидејќи им зафаќаат голем дел од клупата. Зачудува што Владата продолжува со овој проект, иако самата признава дека голем дел од нив не се инсталирани. Исто така беше најавено дека учениците ќе користат електронски учебници, а од нив ништо нема. Колку и да не сакаме, останува сомнежот дека единствениот мотив е да се префрлаат државните пари во приватни џебови - вели Андреј Жерновски, потпретседател на ЛДП.

Од Министерството за информатичко општество велат дека со компјутеризацијата ќе бидат опфатени сите основни училишта во кои има настава од прво до осмо одделение. Без компјутери ќе останат училиштата во руралните средини, каде што се одржува настава само од прво до четврто одделение.

Проектот „Компјутер за секое дете“ од самиот почеток беше следен со проблеми и недоречености. Прво Владата ги набави компјутерите, па потоа увиде дека во училиштата нема ниту соодветна електрична инсталација, ниту просторни услови за нивно поставување. Потоа не се знаеше кој ќе биде одговорен за евентуалните штети, па имаше обид целата одговорност да падне врз децата и родителите.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Абе целиот проект е катастрофа, и служи само за да можат да кажат дека вовеле компјутери во школите. За ништо друго не вредат.

На компјутерите нема апликативен софтвер приспособен за нашите образовни програми. Професорите не се обучени за да работат и да ги користат при предавање, така да употребата на компјутерите се сведува само на тоа ученикот да има друга заебанција дур професорот предава. Да не излезе дека зборам на памет, лани имавме само во една училна уклучени компјутери и никој не се замараше ни со учење ни со пратење на настава на тој час. Одлични ученици добија кецови баш ради компјутерите.

Убаво пишале, проектов смрди надалеку. Но можеме да се пофалиме дека ни се комјутеризирани училиштата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom