John Cage

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.241
Џон Кејџ (1912-1992) е еден од најпознатите композитори на авангардната музика чии креативни и невообичаени идеи ќе извршат големо влијание на музиката од 20тиот век.

Џон Кејџ е син на иноватор, кратко студирал на Pomona College, а потоа извесен период живее во Европа. Кејџ во САД се враќa во 1931, започнува музички студии, а негови ментори се Арнолд Шенберг (кој го опишал Кејџ како "генијален иноватор") , Хенри Кауел, Ричард Булог и Адолф Вајс. Додека предава во Сиетл, Џон Кејџ организира ансамбли за перкусии кои ги изведуваат неговите композиции. Тој исто така експериментира и со дела за танц, со кореографот Мерс Канингам.

Делата од раната фаза на творештвото на Џон Кејџ се напишани по 12 тонскиот метод на неговиот ментор Арнолд Шенберг, но во 1939 Кејџ започнува да експериментира со звуците и со повеќе необични инструменти (како "препарираното пијано" -- модифицирано пијано на кое меѓу жиците има ставено предмети од типот штрафцигери и вилушки со цел да произведат удирачки и необични звуци). Кејџ екпериментирал и со магнетофони, грамафони и радија, да провлече границата надвор од границите на западната конвенционална музика. John Cage - Water Walk

Во следните години, преку неговите студии по индиска филозофија и Зен будизам во доцните 40ти години, Кејџ доаѓа до алеаториката и музика водена од шансата, техники кои ги користи од 1951 година. И Чинг, антички кинески класичен текст за промената на настаните, станува стандардна композициска алатка на Кејџ до крајот на неговиот живот. Во овој период Џон Кејџ ја создава и познатата 4′33″. 4′33″ се изведува во потполна тишина и отсуство на било каков намерен звук. -- John Cage Interview on Silence and Music

Ќе издвојам некои од моите омилени дела од Кејџ, Dream (1948), Six Melodies (1950), Thirteen Harmonies (1985), In a landscape (1948). Некои критичари сметаат дека музиката на Кејџ нема некоја важна артистичка вредност и дека неговата вредност е во иновативните идеи.

john-cage-paris-1981.jpg
Еве и еден одличен текст за Џон Кејџ од Панде Шахов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom