GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Да се самоцитирам од темата за култни класици што не ви се допаѓаат:
Баш супер што имало и ваква тема каде што можеш да кажеш свое мислење и во рок од 5 мин да добиеш 50 одговори како се ненормален што не ти се свиѓа некој филм :D

Шала на страна мене не ми се допаѓа ептен A Clockwork orange.
Мислам дека е ОК филм ама далеку од тоа да е најдобар филм на сите времиња како што многу луѓе викаат. А нормално кога ќе погледнеш некој филм што според многумина е најдобар на сите времиња влегуваш со големи очекувања.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Многу ми се допаѓа филмот пред се од аспектот како да се среди криминалот во општеството.Кога затвор не успева(и да си на доживотна пак ништо) ниту смртна не помага(тоа само ќе го засили криминалниот бран) зошто не прејдеш на трета опција(перење мозок,па макар таа идеја била осудувана како неморална/античовечна/шотијазнам).

Филм каде Малколм Мекдауел објасни што значи одлична глума+како и најголемите силеџии знаат да ценат класична музика. :D

Интересно е што Кјубрик умее нашиот негативец да го смени од корен,па како што на почеток навиваме да му ја скршат секоја коска на крај ќе навиваме да не му се случи карма.

ПС: Кјубрик немаше намера да го стави Алекс како централен лошко,тоа место го чуваше за државата/општеството,а таа намера ја криеше се до последната сцена кога
посланикот на владата сакаше да се договори со Алекс овој да не ја тужи владата поради фијаското со новата програма за одвикнување од криминалот,а нели Алекс не смее да стори лошо дело.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Clockwork Orange главниот акцент го става на моментот дека е побитно луѓето да живеат според својата воља, како тие сакаат, и самите да научат што значи да се биде добар човек, него да бидат умствено контролирани т.е. форсирани да бидат позитивен дел од општеството, затоа на крајот симболично се прикажува како Алекс сепак повторно во својот ум има перверзни мисли со што Кјубрик сака да истакне дека само ние себеси можеме вистински да се смениме, дури ни најнапредната технологија не е кадарна за тоа.

Длабоко и филозовски гледиште, како и секогаш на најголемиот на сите времиња.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Мислам дека е првиот филм што заслужи десетка од мене. Едноставно, предобар е. Атмосферата во филмот е феноменална и многу ми се допадна глумата на Алекс. Исто така и дијалозите се многу интересни. Највоодушевен бев кога се лошо му се враќаше особено кога го давеа полицајците.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Филмот ми е еден од омилените и затоа би сакал да напишам нешто повеќе. Rocknrollaa убаво ја има поставено дискусијата, па затоа одиме по ред:

Што мислите за него?
-Го обожавам.

Дали е доловена потребната поента?
-За мене, да, ќе објаснам подолу.

Кои се дупките во приказната?
-Појма немам, можеби нема дупки, а можеби не сум забележал. Во секој случај, ако ги има, би сакал некој да ги посочи.

Се играло ли намерно на карта шок, за да му се издигне гледаноста или тоа е составен дел од приказната?
-Експлицитноста во филмот не е употребена туку-така, за публицитет, туку со цел подобро да се истражи природата на моралот и слободата. Не можеш да влечеш поента од ваков филм ако ги цензурираш работите. Едно е гледачот да слушне за злоделата на Алекс, а друго е гледачот да ги види истите. Нормално, тоа го прави филмот тежок за гледање, но поради тоа и влијанието врз публиката е посилно.

Во кој временски период е поставена приказната, кое е општеството кое се критикува, а кое всушност не е ни доволно прикажано во филмот, туку има само една единка со неколку човечки сателити?
-Дејството се случува во некоја блиска иднина, каде општеството е во фаза на колапс. Интересно е што иднината на Кјубрик не е прикажана преку напредни технологии, туку преку чудни облеки, чудни звуци, чуден вокабулар. Општеството кое се критикува е секое општество. Затоа не е ни прецизирано, бидејќи не е ни битно. Опкружувањето е универзално.

Дали ви се допаѓа или не и зошто?
-Зошто ми се допаѓа? Пред се’ бидејќи филмот не се плаши да го постави прашањето: ‘Што ќе се случи ако на човек му се одземе правото на избор и дали со тоа му се одземаат сите морални елементи’. Нашата личност се состои од работите кои ги правиме како резултат на инстинкт, она кое се случува кога размислуваме за нашите постапки. Моралот сам по себе настанува како резултат на нашата слобода да правиме што сакаме И кога бираме да го направиме правилното. За да постои моралот мора да постои и правото на слободен избор.

Во случајот со Алекс, елементот наречен ‘избор’ е тотално отстранет . Неговите постапки и размислувања не произлегуваат повеќе од слободата. Преку перењето мозок, Алекс не ги прави работите кои тој мисли дека се правилни, туку постапува според она што државата и општеството сметаат дека е правилно. Поради тоа, со отстранувањето на правото на избор и слободата, на Алекс му е исто одземен и моралот. Ако на човек не му се даде избор да направи лоша работа, ништо нема да се постигне. Целта е, кога ќе му се понуди таков избор, тој да го одбие сам од себе. Во спротивно, однесувањето му е по нарачка и нема врска со слободата. Поентата е дека вистинската добрина мора да дојде сама по себе, а не преку насилство, без разлика дали физичко или психичко. Во спротивно, насилството ќе роди ново насилство.

Отстранувањето на правото на избор филмот го извршува преку перењето на мозок и наметнувањето добрина. Од филмот е јасно дека перењето мозок не функционира. Еве, да ги занемариме неправедните работи кои му се случија на Алекс откако излезе од затвор. На крајот ќе дојдеме до заклучок дека Алекс повторно си се вратил на старото, на она вроденото. Интересно е што не знаеме точно зошто Алекс се враќа во старата состојба. Можеби дури бил во болница докторите повторно му менувале работи во мозокот, или пак поради стресот на организмот при соочувањето со смртта. Нејасно е што се случило во меѓувреме, но не е ни важно, бидејќи поентата е веќе доловена. Тоа е дека природата на една индивидуа не може да се промени на никаков начин, особено не на вештачки.

Пред да продолжам, мала пауза со една култна сцена, за мене една од најморничавите на сите времиња:



Океј. Друга работа која A Clockwork Orange го прави ремек-дело се измешаните чувства кои ги предизвикува. Многупати сум го гледал филмот и интересно е што секогаш ми е нејасно дали Алекс заслужува да го сожалувам. Секако, неговите злодела од почетокот на филмот имаат токму спротивна цел. Не ми смета кога е предаден од друштвото и кога ќе го уапсат, дури и ми е мило, бидејќи тоа е резултат на неговите претходни постапки. Сожалувањето започнува откако државата ќе му го испере мозокот, кога излегува во вистинскиот свет и кога ќе започне да страда. Сите настани кои следат будат сочувство кај публиката. Сепак, реалноста е јасна - Алекс е зол човек кој во животот направил страшни работи и не заслужува никој да ги оправдува неговите постапки. Не можам да го сожалувам и што му го испраа мозокот, бидејќи и тоа е негов избор. Финтата е што нуспојавите од експериментот како да го перат човекот кој претходно нанесол толку болка околу себе. Тука е иронијата. Филмот буди човечки чувства кај публиката преку еден нечовек. Односно, докажува дека во секој од нас се крие вродено чувство на добрина, додека истовремено тврди дека во секој од нас се крие некакво зло, народски кажано лошотилак.

Ваквата манипулација на Кјубрик ме води до една друга тема, а тоа е... манипулацијата. Погоре видовме како можеме да бидеме манипулирани од државата и од општеството, но дали може да се манипулираме сами од себе, кога некој сожалуваме, или пак од сопствените верувања. Во денешно време ова е многу важно прашање. Нормално, рекламите секојдневно знаат да ни влијаат и да ни ги променат нашите мислења, како на пример, дека Gillette е подобар од Wilkinson, а не е. Но, дали постои вистинска, поопасна манипулација, онаа која може да ни ги промени животите? Нашите верувања и вредности можат да не’ натераат на добри работи, еве на пример, да отстапиме место на бремена жена во автобус. Сожалувањето може да не’ натера да му помогнеме на човек кој повреден лежи на патот. Овие работи можат да не’ поттикнат на прости нешта, но можат со себе да повлечат и страшни последици. Честопати не сме способни да претпоставиме колку нашите добри (според нас) дела се опасни. За тоа е доказ филмот, кога Алекс влегува во туѓ дом манипулирајќи со чувството на сожалување кај луѓето. Страдањата во домот настануваат токму поради нивната добрина. Овој елемент е ретко присутен во филмовите бидејќи е премногу искрен, а повеќето филмови се плашат да поставуваат вакви директни прашања бидејќи истите не водат кон хепи енд. Лесно е да зборуваме дека во светот има многу добрина, но малку е заебано ако почнеме да даваме примери како таа добрина може да биде извор на зло.

Толку од мене за сега. Филмот го сакам многу и би било добро ако се развие некаква дискусија. Се надевам и дека ќе се вклучат луѓето кои го спомнаа во темата за класици кои не им се допаѓаат.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Филмов испаднал оваков само поради Кјубрик.
Значи сигурен сум дека кој и да бил друг режисер на филмов, филмот ќе се одвивал во некоја дурга насока. Како прво немало да биде толку експлицитен
И да како што кажа VLJ додека го гледав филмот единствено нешто што ми идеше во глава е дали да навивам на крај да преживее или да навивам на крај да умре. Кога неговите стари другари го давеа во бунарот, навивав и за двете страни. Навивав за нив, да го удават бидејќи такво суштество кои што ги направило сите тие работи во животот не заслужува да биде на слобода, без разлика дали е излечен, дали ќе направи уште злочини или нема. Видовме како неговите дела влијаеле врз писателот, тој останал инвалид, а жена му умрела. Можеме само да замислиме како и било на фамилијата на жената која што беше убиена. Е сега мала дупка според мене има тука, бдејќи она се јавува на полицијаа, кажува дека мисли дека истите оние кои што го напднале писателот се кај неа пред куќа, а Алекс добива само 14 години затвор и тоа е осуден само за убиство, за ништо друго повеќе, а и добива многу мала казна затвор. Тука имаат мала дупка во сценариото, бидејќи сепак сомнежите на жената сигурно не требало одма да бидат исфрлени. Ама да не навлегувам до толку во детали во филмов.
Е сега во исто време додеа го дават навивам и за него да успее да се отргне и да избега, бидејќи колку е крив он за силувањето и тепањето на писателот толку се криви и неговите другари без разлика што он беше нивниот водач.
Е сега на крајот видовме дека всушност неговиот мозок се врати на старото, сексот, насилството и деветата симфонија на Бетовен не му беа одбивни, а сето тоа требаше да биде искористено за политички цели. Тука се доаѓа дека Кјубрик сака да покаже какви се всушност владите на државите и дека ќе направат се што е можно само за да останат на власт, дури и да го мачат сеуште еден млад човек кој само што пробал да се самоубие.
И да едно е мислам како факт: Филмов или го обожаваш или го мразиш.....трето нема!!!
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.874
Поени од реакции
6.702
Филмот е добар. Не е генијален ( гледан денес, мада за тоа време сигруно бил) али е добар филм. Е сеа тоа што има цела фурија од дечиња што ги величат режисери ко Мајкл Беј и филмови пуни со lol another random cgi explosion е друго, па не би ме зачудило филмов да има многу хејтери.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Епа луѓе, следен филм кој сакам да го дискутираме на темава е ремек делото на браќата Коен(ови), филм кој сметам дека е еден од оние за кои може да пишува од многу различни агли на видување.

Barton Fink



Симболиката што ја носи генерално овој филм и генерално - Холивуд низ призмата на еден "генијалец" преку кој всушност сфаќаме колку е пластичен, неинвентивен и работи според одредени формули.
Од друга страна, се работи за внатрешниот конфликт на истиот тој генијалец кој живее за да го задоволи обичниот/просечниот човек, и вели дека работи и се посветува на него, додека доживува ментална блокада и се соочува со таа замислена проекција на идеалност отсликана во ликот на Џон Гудман.

Џон Туртуро, заедно со Гудман го носат овој филм во рангот на оние ремек дела кои треба да ги анализираш подоцна, да мислиш на нив и да им го откриваш секое значење, сите елементи во една сцена.
А Бартон Финк изобилува со таква алегорија кај која не знаеш од каде да почнеш.
Би пишувал повеќе, ама низ другите постови, за воведов да не испадне премногу долг, затоа што има многу да се пишува за филмов, нели?
Сигурен сум дека на многу членови на форумов (оние кои го гледале) не ги оставил рамнодушни и напротив го вметнуваат меѓу омилените филмови.
Јас ги обожавам браќата Коенс, и искрено не можам да одвојам кој филм повеќе им го сакам, ама за Бартон Финк можам да кажам дека е еден од најдобрите филмови, не само од нивните, туку воопшто направени.

Кое е вашето видување на филмот?
Како ја разбирате симболиката за огнот, девојката од сликата, кутијата која Бартон Финк никогаш не ја отвори и идејата за "the common man"?

Ајде, бујрумте. :D
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
^
Се согласувам во целост. :) И мене „Бартон Финк“ ми е меѓу омилените филмови и повеќеслојноста ме фасцинира. Имам и читано интерпретации од филмолози и секоја успева да открие нешто ново. Но јас не сум филмолог, а филмов навистина е премногу богат за краток коментар (има што да се каже за секој лик и секоја сцена ако се тргне од почеток), па во кратки црти ќе се обидам да дадам свое видување.

Сметам дека главна тема во филмот е улогата на уметникот во современиот свет. Бартон Финк е уметник кој се залага за достоинството на посиромашните, или the common man, но токму тие на крај ќе го изгазат (во сцената со игранката). Тој е уметник кој се впушта во светот на комерцијалата, каде уметноста се девалвира, но затоа џебот се полни, а без тоа не се живее. Но во тој свет на почеток не може да твори, оти тој свет е лажен - може и затоа хотелот беше прикажан како еден вид на пекол за неговата креативност. Единствено нешто што му остава впечаток е сликата од девојката на плажа, бидејќи во неа има нешто вистинито, убаво и искрено. Затоа и одговорот на девојката на крајот од филмот, кога Финк ќе ја праша "Are you in the pictures?", е "Don't be silly". Иронијата на сево ова е што гледачот, всушност, гледа - филм.

Кутијата е сложен симбол, а јас ја гледам како симбол за неговата креативност. Потребно му е тоа за да твори - да не знае што има во неа, да не знае што следно ќе се случи (наспроти шаблонското сценарио што треба да го напише за филмот).

На крај само да додадам, за оние кои мразат да интерпретираат работи и би помислиле дека е досаден, дека филмот е всушност и многу забавен. Баш и затоа толку многу го сакам. Не е воопшто artsy-fartsy како што некои филмови знаат да бидат, ако е сложен, и затоа им го препорачувам на сите. ;)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Filmov me potseka na Psyside. :D

Ooodamna go zborese I predlozuvase, ama nikoj ne oddeli vreme da go zirne, konecno vo temava ke go zabelezat poveke luge I se nadevam ke mu dadat sansa.
Inaku licno, ne mi se po keif brakata Coen I mislam deka imaat premnogu sreka so filmovite, ama kako I da e, filmov go zasluzuva vnimanieto od sekoj filmski fanatic pa I posirokoto. Zasega ke ostanam na temava samo so ova mislenje kako predlog, troa go imam podzaboraveno pa da se potsetam. :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Го гледав филмот уште кога се преименуваше темава, ама не стигнав да пишам. Генерално ми се допадна, и тоа многу, иако Fargo останува мој омилен филм од браќата. Од само едно гледање не знам колку успеав да ги разоткријам симболите, метафорите и сл. ама не би имал против да го гледам повторно. Најверојатно филмов е од типот на оние кои при секое повторно гледање нудат нешто ново и интересно поради својата комплексност.

Како што реков, некои работи на крај ми останаа не толку јасни. Особено оние главните, како на пример што всушност беше вистинито, кои ликови беа реални, а кои функционираа само во мислите на Бартон Финк. Поентата, а воедно и појдовната точка од која тргнува филмот е барем кристално чиста. На уникатен начин ни се овозможува да се најдеме во кожата на еден сценарист. Попрецизно, во умот на еден креатор (негови зборови), кој сака да напише некаква си грандиозна приказна, а не може, се чувствува ограничено, при тоа губејќи допир со реалноста.

Очигледно Финк е сложен лик, толку сложен што несвесно, во себе, си создава други ликови кои би му помогнале да се справи со предизвиците кои ги носи професијата, особено кога станува збор за недостиг од инспирација. Е, таа инспирација Финк очекува да ја црпи кај обичниот човек. Мислам дека тој искрено пројавува желба за ваквите луѓе и барем свесно не прави никому лице. Затоа и не му беше проблем да престојува во дупка, наместо во елитен хотел. Барем тој така мислеше. Сепак, теоријата е различна од праксата, што се виде уште првата вечер кога се смести и кога се пожали од вревата во соседната соба. Барем јас од ова сфатив дека тој сака да биде помеѓу обичните луѓе, но дека сепак не покажува којзнае какво разбирање за истите. Исто и кога ликот на Гудман му повторуваше 'I could tell you some stories', а овој си тераше како да не е баш заинтересиран. Чарли е создаден, иако потсвесно, токму со цел да го претставува обичниот човек. Еден вид инструмент со чија помош би се надминала креативната криза, но и покрај тоа Финк не успева да го разбере. Поради тоа и репликата на крајот: 'It is because you didn't listen'.

Од друга страна пак, тука е измислениот лик на Одри кој има тотално поинаква цел. Според неа нема ништо лошо во клише сценаријата напишани според веќе проверена формула. Си ги замислувам Одри и Чарли како во цртаните филмови, кога на некој лик ќе му седи ангелче на едното рамо, а ѓавол на другото и кога ќе почнат да се препираат за доминација над нивниот сопственик. Така и во овој случај, на Чарли очигледно му пречеше обичноста на Одри која е се`, само не креативна и поради која Бартон би станал уште еден обичен холивудски писател. Нејзиното убиство е обид да се убие излитениот начин на создавање приказни. Можеби ако неа ја нема, Бартон би пробал подобро да го слушне обичниот човек.

Друга поента која мислам дека филмот сака да ја впротне, помеѓу милионите други работи нели, е дека не постои обичен човек. Чарли, она кое требаше да преставува синоним за the common man, на крај испадна сериски убиец. Всушност, секој човек е обичен поради својата необичност. Чарли е обичен продавач на осигурителни полиси, исто колку што Бартон е обичен писател, или пак исто колку што Одри е обична асистентка. Никогаш нема да можеме да ја идентификуваме „обичноста“ кај луѓето бидејќи за тоа треба стопроцентно да ги познаваме, а тоа е невозможно.

Исто се согласувам дека филмот е критички насочен кон Холивуд, каде филмската уметност се` повеќе губи од својата вредност, на сметка на штанцањето филмови за масовна употреба чија единствена цел е брза заработка. Метафорички кажано во филмот, ваквата средина вештачки создава блокада кај сценаристите/ писателите со цел тие да прават филмови кои само би им ги полнеле џебовите на фаци како Волис Бери, што претпоставувам е нешто како Мајкл Беј на 40-тите. Не сум читал за почетоците на Коенови, ама можеби со ваквата тематика во филмот сакаат да ги прикажат предизвиците со кои тие се соочиле кога дошле во Холивуд.

Океј, околу прашањата.

Претпоставувам дека оганот го симболизира пеколот кој Чарли го создава во потсвеста на Финк. Откако овој повеќепати одбива да ги слушне приказните за обичниот човек, Чарли решава да му демонстрира што се случува кога 'he doesn't listen'. Можеби Чарли е ѓаволот кој седи на едното рамо, визуелна претстава и симбол за она со кое Финк треба да се занимава во своите приказни, но и зафркнат непријател ако Финк одбие да го стори тоа.

Опседнатоста на Бартон со сликата и со девојката ја сфаќам како негово прифаќање и приспособување кон холивудскиот стандард. Самата слика ми изгледаше прилично ефтино, како оние штампаните од Интернет кои ги ставаат на тезгите кога продаваат рамки за слики. Во неа нема ништо посебно, не нуди никаква уметност, но сепак за Бартон е убава. Нејзината убавина станува се` поприфатлива со секој нов ден поминат во едноличноста на Холивуд. На крај, во последната сцена, Бартон тотално се сплотува со ефтината слика. Последната сцена ми е една од најнејасните од целиот филм и според моето скромно мислење, таа ја симболизира врската помеѓу реалноста и уметноста. Во текот на филмот, Бартон е принуден да се адаптира и да прави компромиси, наметнати од новата средина. Без разлика дали станува збор за намалување на уметничките стандарди, или пак толерирање на гласниот комшија. Девојката на сликата ја сфаќам како персонификација на сите внатрешни превирања кои го мачат Бартон.

Кутијата сметам дека е инспирацијата која на крај му овозможува на Бартон да продолжи да пишува. Таа е средство кое ја поттикнува неговата имагинација, но само ако остане неотворена. Поради тоа можностите се бесконечни, со што Бартон повторно станува способен да истражува нови работи, да создава нешто од ништо. Кутијата е неисцрпен извор на приказни, нешто слично на Чарли.


Ова се некои мои претпоставки и обиди да си разјаснам what da fak гледав пред некое време. Мило ми е што филмот се најде во темава бидејќи го немав гледано претходно, а и бидејќи сакам да слушнам други толкувања.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
VLJ и Old Possum, одлични мислења, уживав додека ги читав.
Не стигнав да пишам порано на темава, а дека го гледав пак филмот и е во тазе сеќавање, само штета што има мала заинтересираност за него, да беше топик на денот Skyfall досега ќе беа испишани триста страни, за Бартон изгледа нема да има ни една. Ама океј, очекувано е.

Моето видување на филмот, надоврзувајќи се на претходниот мој пост:
На почетокот го гледаме Бартон како го доживува најуспешниот миг во неговиот живот, за кој подоцна дознаваме нели, дека е единственото нешто што го направило "голем" за Холивуд, и единственото нешто кое било добро.
А додека го откриеме тоа во филмот, го изедначуваме Бартон со генијалец, човек, како што вели - испратен за да го сфати и да го прикаже the common man, а што е тоа што него го прави баш над обичниот човек? Бартон Финк ми е симпатичен лик, се додека како трае дејствието сфаќаш дека е преценет, арогантен и тежок егоист. Цитатот кој те тера да мислиш на тоа, сцената кога му вели на ликот на Гудман - работам и пишувам за обичниот човек, за некој како тебе.
Се додека тој обичен човек не му го направи животот пекол. И можеби тоа е најдобрата претстава за огнот која сите ја знаеме алегориски - пеколот. Тоа што Финк го доживеа во тој ефтин хипстерски хотел. И после се прашуваме што беше вистина, а што не.
За мене се беше вистина и ништо не беше. После размислувам малку поинаку и мислам дека се беше точно, освен дека Финк во потсвеста креира неколку ликови и настани, ги креира Гудман и жената на писателот (која подоцна умре), двајцата полицајци, и проследено со тоа ги измисли убиството и огнот.

Она што е интересно, од друга страна пак, е тоа што Бартон не сакаше да гледа на работите онакви какви што навистина се. Не се ни трудеше да дознае нешто за нив. Како тапетите на ѕидот, сакаше само да не ја гледа внатрешноста, туку да ја замислува, да копнее по тајното кое го инспирира, исто како и сликата на ѕидот. Финк можеби и не сакаше да го дознае идентитетот на девојката, затоа што таа со својата мистериозност го возбудуваше, го замислуваше и можеби инспирираше. Кога на крајот на филмот ја виде цела, постапи многу рамнодушно, како никогаш да не бил вљубен во неа (а беше, само не во неа, во проекцијата за неа која тој ја имаше замислено во главата).

Бартон Финк е всушност браќата Коен лично. Тоа го дознав од други истражувања поврзани за филмот и дека инспирација за филмов добиле кога доживеале блокада пишувајќи го сценариото за Miller's Crossing, и дека Blood Simple. (нивниот прв филм) е единствениот успех што го доживеале и поради тоа се влечат во Холивуд, исто како Финк. Но разликата е тоа што браќата и ден денес се активни, а Бартон Финк, којзнае...
Јас мислам дека тој лик заврши тука, на плажата, исчезнал без да ја отвори кутијата, а кутијата беше можеби симбол на една надеж или инспирација. Нели не ја отвори никогаш, туку само ја носеше со себе, не беше љубопитен да види што има во неа, туку соочувањето со непознатото него го возбудуваше и мислеше дека го прави на некој начин посебен.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
^
Интересно, не го знаев ова за блокадата на Коенови. Да, еден успех може да те дигне во А-листата и потоа да се шлепаш со години. Ова секако не важи за браќата, ама важи за други режисери, на пример М. Најт Шајамалахаланватевер.

Во филмов истото му се случува и на Бартон. Тој не е којзнае каков гениј, туку едноставно е писател кому му се посреќило да напише успешна претстава, како што дознаваме отпосле. Таквиот рапиден успех оттука го привлекува вниманието на јавноста, фрчат честитки на сите страни, прослави во елитни ресторани. Ова не може да помине незабележано и во Холивуд, кој будно следи што се случува надвор, за веднаш да го зграби талентот и да го искористи за свои цели. Имам гледано документарки за Холивуд во 40-те и 50-те, каде машинеријата била доста поразлична од она што е денес. Темата беше дека филмските студија во тоа време биле претерано моќни. Актерите, сценаристите кога веќе ќе потпишеле договор, ја губеле слободата. Играле како што директорите ќе им свират, народски кажано. Можеби затоа браќата Коен ја сместиле приказната во овој период. Не дека во денешно време студијата се душички, ама порано било речиси невозможно режисер или актер да се откаже од некој однапред договорен проект поради „креативни разлики“ или други причини. Во сегашно време ова се случува често.

Поентата на ова од горе е што оганот т.е. пеколот може да се протолкува и како ментален крах на Финк поради притисокот од Холивуд, во овој случај претставен преку ликот на Бери. Чарли вели дека пеколот е казна поради тоа што 'не го слушал', но можеби е и казна што воопшто се нафатил да си има работа со луѓе кои сакаат да го ограничат човекот кој има желба да создава.

Друга работа поврзана со Холивуд е што не е за џабе потенцирано дека Финк е задолжен да работи на филм од Б-класа. Еве што има на интернет за ваквиот тип на филмови:
This distinctive class of low-grade feature film developed early in the Depression with the emergence of double billing and the general need to economize production. B movies were made quickly and cheaply, with second-rate stars and running times of about sixty minutes. They were ruthlessly formulaic, designed to play double bills in the subsequent-run market.
Иронично е што Бартон во еден момент ужива во успехот на претставата, за во наредниот да е принуден да работи на филм од никаква вредност. Филм кој нема да му донесе успех, туку само ќе збогати некои други луѓе. Значи не само што Холивуд не е подготвен за Бартон, туку и Бартон не е подготвен за Холивуд, барем не во ваква форма. Тој за себе има изградено високо мислење, се смета себе си за повеќе од другите (сцената на игранката кога вели 'I create' и за возврат добива по фаца) за одеднаш да се соочи со компримиси кои резултираат со просечност. Сметам дека на Бартон и му треба некоја ваква средина која ќе го спушти на земја, наместо да лета во облаци. Точно е дека Холивуд е прикажан како заебано место кое бара отстапки на сметка на креативноста, но истовремено делува и полезно со тоа што на некои луѓе искрено им плеска во фаца дека не се ништо посебно и дека се заменливи. Очигледно ваквото соочување со реалноста му е неопходно на Бартон. Холивуд и во денешно време е
познат по својата површност, ароганција и надменост. Бидејќи Коенови за филмот црпеле инспирација од своите искуства, претпоставувам дека преку филмот сакаат да им порачаат на некои луѓе да не се трескаат многу од земја бидејќи не се ништо посебно.

Што се однесува до тоа што е вистинито во филмот, а што не, што е почетокот, а што крајот на она кое се случува во умот на Бартон - се` уште немам појма. Најверојатно тоа и им е замислата на режисерите. Зошто филмот да има едно толкување, кога може да има сто. Токму неограничените можности го прават филмот посебен и го тераат гледачот да го гледа повторно, во случај да испуштил нешто претходно. Во принцип немам проблем со недефинирани работи во филмовите, особено во ваков случај, кога изведбата е феноменална.

Сакав и нешто друго да спомнам, ама треба да си легнувам. До некоја наредна прилика.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Ќе менуваме филм. Овој пат мислам дека ќе има поголем одзив со оглед на тоа што ќе го дискутираме Silver Linings Playbook.

Го гледав филмов пред недела дена и морам да признам дека добив убаво чувство додека го гледав и после тоа. Мислев на него подолго време (што значи дека ми оставил голем впечаток) и сега ми текна - зошто и да не го дискутираме овде. Има одлични до детаљ рецензии на оваа страна и ако сте ги промашиле, тогаш насловот на темава сигурно ќе ве поттикне.

Не станува збор за типичен "љубовен" филм, дури би го вметнал и во темата Неконвенционални љубовни приказни затоа што станува збор за нешто што не се гледа често. Филм кој варира и меша емоции, од среќни до најтажни, притоа прикажани на многу интересен и уникатен начин.

Дејвид Расел е режисер за кој мислам дека многу далеку ќе стигне во неговата кариера. Стои и зад одличниот I Heart Huckabees, чиј дел од тука како да го почувствував во Силвер Лајнингс.
Сакам да кажам дека начинот на кој Расел не внесува во приказната е многу уникатен, ни остава нам како гледачи да ја пополнуваме приказната. Додека немаме појма зошто ликот на Бредли Купер бил таму и што му се случило, полека си ги склопуваме коцките, дел од она што ни го кажува филмот, дел од она што ние самите го сфаќаме.

За на крај да ја погледнеме замислената проекција на Патрик, Ники - затоа што низ цел филм го чувствуваме нејзиното присуство иако не ја гледаме. На крај Расел ни го дава и тоа и на некој начин ни остава сами да "пресудиме" како гледачи. Затоа мислам дека филмот е несекојдневен и направен пред се со многу љубов и внимание. Внимание на секој детаљ, како оној кој сигурно го забележавте три пати во филмот, како сите кои го среќаваат Патрик кажуваат една реченица - Извини што не дојдов да те посетам, бев зафатен.
Се гледа дека приказната е скроена од почетокот до крајот најсовршено како што сигурно и била замислена.

Немам никакви замерки околу филмов, не се обидов да наоѓам маани, затоа што едноставно - уживав и се внесов во него. И тоа ми беше доволно.

Ајде бујрумте. Се надевам има и некој на кој не му се свиѓал филмов или мисли дека е преценет, чисто колку да имаме две страни на дискусијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom