GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Z

zmej gorjanin

Гостин
Не е желба за прељуба и за одмазда ,туку обид да се прекине љубовна врска,преку кратко задоволство и секс, што на крај и двајцата ќе сфатат дека нивните души се до тоа ниво поврзани ,што секој таков обид ,би имал контраефект ,односно би ги носел на уште повисоко ниво на љубовта (ова е принципот на взаемно снабдување со енергија кај двајца што се сакаат безусловно).
Значи да се разбереме, ако мислиш на зборовите на Алис дека во моментот кога имала сексуални фантазии за офицерот, тогаш нејзината љубов кон Бил станувала се понежна и пожална, ова повеќе го сваќам како сожалување на Бил а не безусловна љубов. Додека пак Бил во својот сон никогаш не ја помина црвената линија односно не ги прифати многуте понуди за секс иако ги сонуваше (што уствари значи дека и тој на некој начин ги посакувал), па дури и во сонот почна да плаче пред нејзе, што значи дека кај него постоела таа безусловна љубов. Од тој аспект ако ги анализираме двата лика тогаш Алис е таа која е попромискуитетна а Бил е поверниот, меѓутоа тоа нема никаква врска со поентата тука. Во реалноста, на првата забава и двајцата беа на праг да изневерат, но не го направија тоа, тука на дело се покажува нивната безусловна љубов. Она што сакам да го кажам е дека сепак постоеше љубомора и желба за прељуба, кај Алис тоа се манифестираше преку ситуацијата кога намерно му ги кажа своите сексуални фантазии за морнарот, а беше испровоцирана од помислата дека Бил имал секс со двете манекенки на забавата, додека кај Бил тоа се виде во неговите соништа, испровоцирани од сексуалните фантазии кои што му ги кажа жена му. Во тие соништа тој ја изживеја целата вечер и сите случки вклучени во таа вечер. Нивната љубов одсекогаш постоела и била силна, само што била малку подзаспана или недоволно возбудлива. Тоа може да се увиди во моментот кога Бил ја прашува Алис што треба да прават, таа му одговори - We should fuck.

Како и да е we're missing the point here, сценариото на овој филм се базира на новелата Traumnovelle by Arthur Schnitzler или Dream Story. Сценариото од филмот е буквално ископирано од оваа новела. Мојата теорија е дека Стенли Кјубрик си нашол совршена приказна преку која на филм би ги опишал Илуминатите, и дека приказната со Илуминатите е всушност неговата скриена порака, поради што и не можеше самиот да го доврши својот филм, за што сметам дека и самиот бил свесен кога се нафатил да работи на овој проект.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Дечки, да не се фиксираме дека е двосмислено па да решаваме невидлива загатка.
Заборавате дека и Камерон имаше сонови и фантазии. Еве, прегледајте го дијалогот уште еднаш: Мaybe I think.. we should be grateful. Grateful.. that we've managed to survive through all of our.. adventures.. whether they were real.. or only a dream. Гледаме колку понизно прифаќа да стави се' зад нив in order да бидат среќни. Значи може дијалогот да е буквален, ги преживеале авантурите, безразлика дали се сон (на Диаз соновите и фантазиите) или не (авантурите на Том). И поради што тоа на Том било поголемо, пореално.. ја прашува потоа дали е сигурна (во смисол да му прости и продолжат). Значи, може на многу начини да се интерпретира последниот дијалог. Just sayin..

Дај гледајте ја Гумата, премногу е комплексен овој, ми се анализира баналност повеќе. :pos:
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74

:aplauz: За првиот дел од постот ,скоро да се согласувам со се ,освен со делот за тоа кога Алис всушност му раскажува на Бил дека сакајќи односно посакувајќи да го изневери-никогаш претходно не добила толку нежни и тажни чувства кон него дотогаш. Значи почувствувала дека тоа истовремено ќе ја раскине нивната поврзана аура и самата помисла на тоа ,неа пак ја враќа кон љубовта кон Бил,што логично е да се помисли дека ова е сепак безусловна ,прекрасна љубов . Алис му е и бипот на Бил ,тој постојано се навраќа на нејзините скриени мисли и тоа го распарчува ,го носи до се подолно и подолно ниво.Ако ти текнува во таксито ,кое е премин од една сцена во друга или од една лоша ситуација до полоша,тој постојано си замислува сцени од неа и морнарот. Дефинитивно ова е една од најубавите прикази на искрена љубов, а тоа за Кјубрик -се сомневам дека масоните биле оние кои се ставени пред голем рефлектор во филмов,затоа што ништо посебно не обелоденува за нив,што сите ние не го знаевме и претходно. А на крај краева,кој може да докаже дека тоа е навистина така со масоните? Сепак се се сведува само на шпекулации за тоа дали Кјубрик бил отстранет од нивна страна, јас лично не го сметам него за нивна закана .Па и Ден Браун многу работи разоткри за Илуминатите,па еве уште жив си е ,ама тоа е веќе друга тема не сакам да навлегувам понатаму.
Кјубрик е познат по правење филмови ,за кои не може да престане да се дискутира,човекот знаел што прави, а на нас е само да погодуваме и да си создадеме сопствена слика за филмовите ,затоа што едноставо те тераат да мислиш.
 
Н

'Никола'

Гостин
Дај гледајте ја Гумата, премногу е комплексен овој, ми се анализира баналност повеќе. :pos:
Не бе брат, абер немаат.:) Иначе пробав, ама не е за мене гумана.:)
 
Малку си ги помешал Кидман и Камерон Дијаз. За последниот болд се сложувам, може на различни начини да се интерпретира тој дијалог. Дали се работи за сон или сепак за реалност? Јас во претходните постови напишав зошто мислам дека се работи за сон, постојат два настани кои укажуваат на тоа. Во дворецот, на забавата на илуминатите, проститутката која ја запозна Том од првата забава, успеа да го препознае кој е дури и преку маска. Вториот настан е моментот кога тој се враќа дома, и жена му почнува да му раскажува за нејзиниот чуден сон. Како таа и тој се нашле во некаков напуштен град сосема голи. Кога Том отишол да ја бара облеката таа легнала во некаква градина и наеднаш се појавиле многу луѓе кои што почнале да прават оргии. Таму таа го видела морнарот и почнала да се ебава со него, а потоа и со останатите. Всушност таа му ги раскажа настаните кои што него му се случија претходната вечер, ова е дефинитивно dreamlike element. На крај краева и новелата на која се базира овој филм се вика Dream Story, тоа доволно говори дали се работи за реалност или фикција.

:aplauz: За првиот дел од постот ,скоро да се согласувам со се ,освен со делот за тоа кога Алис всушност му раскажува на Бил дека сакајќи односно посакувајќи да го изневери-никогаш претходно не добила толку нежни и тажни чувства кон него дотогаш. Значи почувствувала дека тоа истовремено ќе ја раскине нивната поврзана аура и самата помисла на тоа ,неа пак ја враќа кон љубовта кон Бил,што логично е да се помисли дека ова е сепак безусловна ,прекрасна љубов . Алис му е и бипот на Бил ,тој постојано се навраќа на нејзините скриени мисли и тоа го распарчува ,го носи до се подолно и подолно ниво.Ако ти текнува во таксито ,кое е премин од една сцена во друга или од една лоша ситуација до полоша,тој постојано си замислува сцени од неа и морнарот. Дефинитивно ова е една од најубавите прикази на искрена љубов, а тоа за Кјубрик -се сомневам дека масоните биле оние кои се ставени пред голем рефлектор во филмов,затоа што ништо посебно не обелоденува за нив,што сите ние не го знаевме и претходно. А на крај краева,кој може да докаже дека тоа е навистина така со масоните? Сепак се се сведува само на шпекулации за тоа дали Кјубрик бил отстранет од нивна страна, јас лично не го сметам него за нивна закана .Па и Ден Браун многу работи разоткри за Илуминатите,па еве уште жив си е ,ама тоа е веќе друга тема не сакам да навлегувам понатаму.
Кјубрик е познат по правење филмови ,за кои не може да престане да се дискутира,човекот знаел што прави, а на нас е само да погодуваме и да си создадеме сопствена слика за филмовите ,затоа што едноставо те тераат да мислиш.
Значи ајде да се потсетиме што таа му кажува на Бил, таа му вели - Доколку тој морнар ми дадеше било каков знак јас ќе го прифатев неговиот непристоен предлог па макар и ако ги изгубев и сопругот и детето, и макар ако тоа беше само за една вечер. Потоа му вели - Додека водевме љубов, страста за него ми стануваше се поголема, додека љубовта кон тебе стануваше се понежна и пожална. Дефинитивно ова јас не го сваќам како безусловна љубов туку како сожалување упатено кон својот сопруг. Во однос на Илуминатите јас кажав дека е тоа моја теорија која не мора да ја прифатат сите како точна. Во филмот постојат многу симболи кои од претходно беа познати како Илуминати симболи, само не би сакал да навлегувам сега во теории на заговор. Што се однесува на Кјубрик, тој почина четири дена одкако го предаде финалното сценарио на Ворнер Брадерс, при што се шпекулира дека неговата верзија на сценариото била малку поинаква, доста сцени од маскенбалот биле исфрлени. Официјалната причина за неговата смрт е срцев удар, интересна е и изјавата на жена му која не ја прифаќа оваа причина за смрт велејќи дека нејзиниот маж не бил срцев болесник и бил потполно здрав. Додека Ден Браун е блокбастер писател кој измислува приказни и потоа ги продава.
 
Член од
17 октомври 2009
Мислења
148
Поени од реакции
10
Мислам дека премногу филозофски и генерално го истумачи филмов. Ова толкување може да се примени и за дузина други филмови со слични тематики. Суштината лежи во самиот наслов, Eyes wide shut или поточно сон. Главната финта во филмот е да определиш кога тој сон започнува а кога завршува. Ако се сеќаваш на разговорот помеѓу Бил и Алис, по забавата на која тие присуствуваа, Алис започна расправија околу флертувањето и поентата и беше да не биде толку сигурен во неа дека таа му е целосно верна. Притоа му кажа за фантазиите кои ги имала за одреден морнар кој го видела во хотел додека заедно биле на одмор, и дека доколку тој и понудел нешто таа би била спремна да изгуби се, и мажот и децата, макар и за една ноќ. Е ова е клучен момент во филмот, ова искажување на Алис всушност ја инспирира подсвеста на Бил кој започна да го сонува она што му се случуваше во текот на ноќта. А сонот започна точно во моментот кога заѕвони телефонот и Бил беше повикан да ја утврди смртта на некој негов пријател. Одтогаш Бил почна да добива разни понуди за секс и се уствари понатака се вртеше околу секс, тоа беше неговата подсвест која што беше полна со љубомора и желна за промискуитет, желна тој да спие со друга жена за да се одмазди за зборовите кои му ги кажа жена му. Постојат и други елементи кои укажуваат на тоа дека се работи само за сон. На пример кога пристигна на забавата на Илуминатите, проститутката Аманда го позна веднаш преку маска дека е баш тој, доктор Бил. Потоа на почетокот кога на забавата на Циглер, Бил флертуваше со двете манекенки, тој ги праша - Каде ме носите девојки - а тие одговорија - Онаму каде што завршува виножитото. Ако се сеќаваш, авантурата на Бил почна кога тој отиде да си купи костум од Rainbow Fashion, се тоа се знаци кои му ги дава неговата подсвест во сонот, сигурен сум дека ќе најдеш и други знаци кои укажуваат на тоа дека се работи за сон доколку внимателно го гледаш филмот. Кога сонот завршува Бил ја гледа маската на креветот, на перницата до неговата жена. Тука маската ја симболизира вината, грижата на совест која што Бил ја носи во себе поради помислата да ја изневери својата жена, поради тоа тој почнува да плаче и и раскажува се, во тој момент сонот веќе заврши. Па дури и на крајот кога тие двајца разговараат Алис му кажува на Бил дека - Без разлика дали е ова сон или не, постои голема вистина во сево ова. Значи ова е филм кој генерално се занимава со брачната врска, со моногамијата и со верноста. Па дури и лозинката за влез во куќата беше Фиделио што на латински означува верност или лојалност. Меѓутоа тоа е површинската приказна под која се крие другата приказна на која Кјубрик алудира, а тоа е приказната за една заедница на богати и моќни луѓе чие постоење се шпекулира и токму Кјубрик сакал преку филмов да ги опише нивните начини. Овој филм е доста метафоричен и двосмислен, баш последниот дијалог го докажува тоа, тој дијалог се однесува и на двете приказни.
секоја чест .. дури и ти завидувам со каква леснотија си го простудирал филмов .. јас го гледав пред недела дена и едноставно не ни се обидов да размислувам надвор од кутијата :) едноставно ме нервираат и уште повеќе провоцираат .. сите тие благодети, моќ, раскош, сета таа маса на луѓе кои се замислуваат богови, богови со маски .. филмот во кој живеат .. само како би изгледале, сите тие старци во оргии .. голи, со млитава кожа и ќелави глави .. кој филм еј :) .. кој страФ:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
секоја чест .. дури и ти завидувам со каква леснотија си го простудирал филмов ..
Не знам зошто упорно им реплицираш кога е очигледно дека ти си тој што со леснотија го простудирал: има голотија-го пере мозокот- не чини. И секој пост ти е комбинација од истото. Јас лично не верувам дека работите се како што ги опишува Амброзија ама барем Амброзија и Trelkovsky се потрудиле да навлезат во филмот, додека ти го гледаш крајно површно.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Јас морав да го сменам насловот на темава со друг филм за да ви текне да дискутирате, а? :)

Продолжете...
Овој пост ти е типичен принцип за крадење на енергија како во EWS , таман реши да ставиш друг филм да се коментира, на нас ни опадна енергијата затоа што ни се допаднал филмот (барем на мене),не сакавме да се разделиме од коментирањето за него и не можевме да се сопреме со коментарите :duel:
Извини за оф топик, нема веќе да коментирам за EWS, ќе го гледам Rubber (или ќе се обидам) , па ќе продолжам.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Не, таман работа, дискутирајте колку што сакате за EWS, гумата ќе биде топик следниве 10-тина дена, сеуште нема кворум за дискусии нов е филмот.
 
Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Излезе гумата денес 720p па ајде сите што не сме го глеале да видиме што е финтата...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575
Мене ми се чини дека два филма се во прашање. Ова е филм за снимање на филм, т.е. за уништување на филмот од оние кои го прават и тотална негрижа за публиката која го гледа. Значи, филмот е за група луѓе (режисер, продуцент, актери итн...) кои снимаат филм за една гума што се тркала и прави бељи. И покрај тоа што режисерот им кажува дека филмот течел добро но оди во погрешна насока, тие тотално го игнорираат, со цел побрзо да завршат (да скратат трошоци, да ја завршат работата итн...) Дури и кога им кажува дека филмот не е готов и има уште материјал да продолжи, да биде повозбудлив, тие си заминуваат. Филмот е украден од режисерот и склопен од луѓе кои не се доволно компетентни. Публиката се разбира добива болки во стомакот.

Можеби најмногу симболика има сцената во која шерифот им објаснува дека ништо не е вистинско, но трупот на жената е обезглавен. Сепак, тој им вика: дај размрдајте ја малце :pos: Овој момент на некој начин означува немање чувство на луѓето кои ги прават филмовите, дека публиката треба да се соживее со филмот, навистина да почувствува дека тој што го убиле е мртов и тн... а не да се одвојува од филмот (убава симболика со двогледите).

Како ми се виде мене, ова е нискобуџетен филм за комерцијалните филмови, т.е. за негрижата кон нив од луѓето кои ги прават.

Исто така, одлична воведна цена.

И јас, немам појма што оцена да му дадам, меѓу 2 и 9 е. Беше необично искуство во секој случај :)
Јас мислам дека филмот е for no reason. Гумата го крши шишето, for no reason, ја следи женската for no reason, гумата е жива: for no reason!...
Доста му е засега...

На ова твоево, би можело да се надоврзе и коментаров на имдб:
A mixed crowd of society's cross sections, not too much unlike the basic groups and eccentric individuals in a typical movie audience (slightly older know it all guys, obnoxious teens, thoughtful pre-teen, elderly folks overwhelmed by it all, video camera toting bootlegger, non-conformist cynic, etc.)
 
devil!

weirdo
Член од
19 јули 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
462
Јас мислам дека филмот е for no reason. Гумата го крши шишето, for no reason, ја следи женската for no reason, гумата е жива: for no reason!...
Доста му е засега...

На ова твоево, би можело да се надоврзе и коментаров на имдб:
Баш напротив филмов е teaser за хорориве( сцената со обезглавената жена ) што се праат и стандардната публика у денешно време.
Исто така интересно беше она на крајот во комбито сцената.. Убаво прикажано with no reason :) ги завлекуваат краевите на филмовиве и од ситуација која може многу лесно да се реши праат глупости.
So there is a reason x)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Речено сторено. Еве го K-PAX, ставен е за дискусија.

Дискусијата можеме да ја отвориме со најбитното прашање. Што мислите дали Порт беше луд или навистина потекнува од друга планета?
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Речено сторено. Еве го K-PAX, ставен е за дискусија.

Дискусијата можеме да ја отвориме со најбитното прашање. Што мислите дали Порт беше луд или навистина потекнува од друга планета?
Дека беше од друга планета...тешко.....ама делот каде што ги остави научниците подзинати ми беше врв.....не знам каков заклучок да донесам бидејки кога и да помислам дека беше само луд тогаш од каде ги знаеше сите тие работи...Па си го објаснувам сето тоа со реченицата дека "Помегу генијалноста и лудоста линијата е многу тенка"-реченица што не објаснува ништо но барем има реченица.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле многу јак филм! Овој ми се свиѓа! :pipi:

А иначе уште сум у недоумица и не сум сигурна како да одговорам на ова прашање. Додека го гледав филмот до крај бев убедена дека е од друга планета, после почнав да се колебам и останав на тоа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom