International Herald Tribune: Спорот за името, има врска со кризата Грузија-Русија

Член од
9 ноември 2005
Мислења
98
Поени од реакции
4
Спорот за името меѓу Атина и Скопје, според извори во Вашингтон, има врска со кризата Грузија-Русија.

Ова, во текст на весникот „Интернешенел Хералд трибјун“ го пишува Едвард Џозеф.

Според Џозеф, потребно е на Македонија веднаш да и биде упатена покана за членство во НАТО, и со тоа да и биде испратена решителна порака на Москва.

Во меѓувреме, Атина треба да биде осудена за врските со Русија и за настојувањата да го попречува присоединувањето на Македонија во НАТО.

„Со упатувањето покана за Македонија, НАТО не само што ќе покаже дека има намера да го продолжи проширувањето, туку и ќе го заштити правото на територијален интегритет на малите држави, така што Москва ќе ја разбере решеноста на Западот во врска со „замрзнатите спорови“, било во Грузија, било во Македонија, било во Косово, каде што Русија продолжува да ги поддржува Србите, кои се против новата држава“, смета Џозеф.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606

Покана за Македонија... Под кое име?

Ако е Република Македонија, веднаш прифаќаме. Ако е под некое друго име, не вреди да се замараме.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Џозеф: Македонија итно во НАТО

Упатување итна покана на Македонија за зачленување во НАТО е најдобриот одговор за Русија по нејзиниот „напад“ врз Грузија, смета Едвард Џозеф, поранешен член на Меѓународната кризна група. Во текстот објавен на страницата за мислења на угледниот „Интернешнел хералд трибјун“ Џозеф вели дека со поканата на Москва ќе и' се испратат три пораки: дека НАТО е решен да продолжи со процесот на проширување, дека ќе испрати порака од Балканот до Кавказот за интегритетот на малите држави и конечно Москва ќе добие јасен сигнал дека Западот нема да толерира „замрзнати конфликти“ во Грузија или во македонското соседство - Косово, каде што Русија им е лојална на Србите, кои се противат на новата држава“.Џозеф смета дека во врска со прашањето за името Грција може да го спаси образот со тоа што Македонија ќе биде примена под референцата.
 
Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Абе Едвард Џозеф да не се мисли Џорџ Буш???
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.331
Поени од реакции
46.387
:) Хазар скапан,сеа му текна откако се напативме :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Се обидуваат да ја искористат ситуацијата со Грузија, како причина повеќе со засилен аргумент да издејствуваат приклучување на Украина кон Нато и Македонија, со што би се утврдиле Американските интереси за доминација во регионот.

По се изгледа.... Грција ќе биди следната Грузија :)
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.017
Поени од реакции
598
Се обидуваат да ја искористат ситуацијата со Грузија, како причина повеќе со засилен аргумент да издејствуваат приклучување на Украина кон Нато и Македонија, со што би се утврдиле Американските интереси за доминација во регионот.

По се изгледа.... Грција ќе биди следната Грузија :)
Море да не бидиме ние следната Грузија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Море да не бидиме ние следната Грузија.

Не не. Толку беше нашето. :)

Си знаат Грците дека нема неказнето да поминат како Руски “Тројански Коњ“ во НАТО. И далеку се поранливи..само потребно е Хазарите и Америте да се фатат за работа...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Не не. Толку беше нашето. :)

Си знаат Грците дека нема неказнето да поминат како Руски “Тројански Коњ“ во НАТО. И далеку се поранливи..само потребно е Хазарите и Америте да се фатат за работа...
Во секој случај Македонија пак ќе биде “курбан“,немој да мислиш дека некој ќе се тепа за “камењарот“ окулу Атина.
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Да не шпекулираме, треба само будно да следиме.
Единствен начин на кој Гејлада ќе го јаде стапот е ако нешто конкретно се открие во однос на соработките Гејлада-Русија. Ако не некој со актовка ќе намине во Брисел и се ќе се среди.

Е дури сега треба чекање од народот и прецизни мали удари од политичарите.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Мене се ми се чини дека ние може да бидеме следната Грузија.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Мене се ми се чини дека ние може да бидеме следната Грузија.
Повеќе би било Грузија да биде следна Македонија одколку обратно како што тебе ти се чини.Македонија всушност нема што повеќе да изгуби освен името а со тоа и идентитетот Македонски.Грузија започна да губи територии како Македонија пред 100 години.:toe:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Повеќе би било Грузија да биде следна Македонија одколку обратно како што тебе ти се чини.Македонија всушност нема што повеќе да изгуби освен името а со тоа и идентитетот Македонски.Грузија започна да губи територии како Македонија пред 100 години.:toe:
Не сакам да бидам параноичен, но еве една паралела:

Македонија доби вето за НАТО - Грузија не ја примија, поради премолчено вето од Русија.

Македонија веќе има (имаше) проблем со 25% население кое сака да се оддели за да се спои во Голема А....... - Грузија има исто проблем со сепаратисти, кои исто така сакаат да се одделат.

Бидејќи не е во НАТО, на Грузија нема кој да и помогне освен повременото лаење на Американците и дел од ЕУ, но Русите не ги е.бат ни 2% - Бидејќи Македонија не е во НАТО, во случај на повторен конфликт, агресија од Косово на пример (како што се прикажуваше во 2001), нас никој нема да ни помогне освен повременото лаење на странските дипломати.

Така што, ако Осетија и Абхазија добијат независност, веројатно е и кај нас да се јави такво сценарио.
Можеби славиме Рамковни договори и слични глупости, но сеуште има вжештени глави кои чекаат поволен момент за реализација на Илирида.
А и како не би планирале, кога живееме во држава која стагнира и не оди никаде. Глувците бегаат од бродот кој тоне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom