Huawei Ascend P6

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Дај бе турете некоја слика од камерата на Пи 6-ката...како сте задоволни за вечерна слика, панорама, макро...пофалете се малку :D
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Таман пред две недели го купив, ми го украдоа. :(
За тие две недели, бев задоволна, поприлично задоволна. Не кочеше, супер си беше.
Ама толку ми била среќата...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
малите кинези се потрудиле да направат квалитетен телефон со ниска цена кој во наредните години ке биде бум во светски размери и сериозна конкуренција на Samsung i Iphone.

Треба прво да помине покрај LG, HTC, Nokia, Sony, Motorola, Нексусите, па дури тогаш кај двата најглавни играча.
Напнавте со телефонот ко да е којзнае каков, дури и за таа цена се наоѓа каде-каде подобро. Oppo e дури посолидна фирма од овие
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Треба прво да помине покрај LG, HTC, Nokia, Sony, Motorola, Нексусите, па дури тогаш кај двата најглавни играча.
Напнавте со телефонот ко да е којзнае каков, дури и за таа цена се наоѓа каде-каде подобро. Oppo e дури посолидна фирма од овие
Јас реков за наредните години не дека одма ке ги стигнат. За LG Nokia Motorola Nexus ке ги поминат уште со овој модел а со Sony i HTC ке се борат за 3 место наредната година.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Јас реков за наредните години не дека одма ке ги стигнат. За LG Nokia Motorola Nexus ке ги поминат уште со овој модел а со Sony i HTC ке се борат за 3 место наредната година.
Друже ако го имаш телефонот немора да го правиш дека е БРОЈ 1 ... мислам си знаеме нели
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Друже ако го имаш телефонот немора да го правиш дека е БРОЈ 1 ... мислам си знаеме нели
Не бе друже не го правам Бр 1 него гледам дека доста се потрудиле кинезите а и давам мое мислење за понатаму бидејќи мислам дека нема да застанат тука и ке се трудат да одат кон врвот. Тука сме ке правиме муабет за некоја година па ке видиме кој ке биде во право.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
За тие што го имаат телефонот инсталирајте ја најновата верзија Б119, има многу подобрувања во траењето на батеријата и брзината на лоцирање на ГПС.
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
За тие што го имаат телефонот инсталирајте ја најновата верзија Б119, има многу подобрувања во траењето на батеријата и брзината на лоцирање на ГПС.
Друже ај ако сакаш објасни малце подетално.
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Веке го имам телефонот дваесетина дена и ред е да пишам импресии. Најпрво уште од пакувањето на телефонот се гледа дека во неа се крие нешто вредно. Спакуван е во една кутија во форма на книга и излегува со влечење. Внатре најгоре е сместен телефонот обезбеден од паѓање. Под телефонот се сместени и останатите работи. Останатиод дел вклучува полнач и кабел, слушалки, заштитна гума и упатство за работа. Полначот со кабелот и слушалките се добро завиткани во нешто како пластични кеси. Материјалите од кој се изработени сите делови во пакувањето се со одличен квалитет, а не како што сме научени обично од кинеските производи.
Спецификациите за телефонот веке ги знаете, а за тие што не ги знаат можат да ги погледнат тука.
4.7 инчен дисплеј дава одличен преглед над се што се случува на екранот но може да ви зададе проблеми во носењето во џеб. Дебелината или поточно тенчината од 6.22mm го прави лесен за ракување. Работи со micro sim картичка што значи дека ако го купувате телефонот веднаш побарајте и микро сим картичка. Слотовите за мемориската и сим картичката се сместени странично а батеријата е затворена.
4 јадрениот процесор 1.5 GHz како и 2 GB ram одлично си ја вршат својата работа и го прават телефонот вистински флеш во однос на брзината на обработка на податоците. Во овие дваесет дена што го користам телефонот нема ми се случено ниту малце да засецка. На него ги имам инсталирано сите најпопуларни апликации за комуникација како и некој помошни алатки и сите си работат одлично без никакви проблеми. Како тест ја ставив играта револт 2, бидејќи мислам дека е некој репер за брзината на телефонот, и играта си тера без никаков проблем. Во претходен пост некој пиша дека е no name процесорот и џабе е и да е 12 јадрен и неможе да се споредува со останатите, јас според моето искуство досега не се слагам со ова мислење.
Внатрешна меморија има 8GB од кој 4.4 се на располагање што е сосема доволно засега (и наредните неколку години). Има слот и за мемориска картичка, но картичката ке мора сами да си ја купите. Камерите 8 и 5 мегапиксели повеќе нема што да коментирам за нив. Батеријата како и кај другите смартфони при нормално користење 1 ден, при поголемо оптеретување и двапати полнење во текот на денот.
Лично јас од телефонот сум презадоволен. Останува сега на времето да видиме како ке се однесува понатаму и колку ке издржи, а како што имам слушано до сега нема се вратено телефон на сервис (да не му правам уроци сега :D). Тоа се отприлика моите импресии од телефонот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.769
Поени од реакции
12.990
Го земав вчера и многу сум задоболен од телефонот. Форевер Јунајтед пишал одлично ревју се согласувам со се.
Него едно нубско прашање. Каде се наоѓа влезот за слушалките ? Или ја сум полуретардиран мравојад :)icon_lol:) или многу добро го скриле.
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Го земав вчера и многу сум задоболен од телефонот. Форевер Јунајтед пишал одлично ревју се согласувам со се.
Него едно нубско прашање. Каде се наоѓа влезот за слушалките ? Или ја сум полуретардиран мравојад :)icon_lol:) или многу добро го скриле.
Па како ја стави сим картичката? :D Местото од кај што ја вадиш буцката ти е место за слушалките.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.

Kajgana Shop

На врв Bottom