"Guardian" Macedonia statue: Alexander the Great or a warrior on a horse?

Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
For intellectuals, who have become increasingly incensed that their capital is being turned into a mini Las Vegas, the scheme is the embodiment of "retarded nationalism" by a conservative government bent as much on giving the metropolis a facelift as changing the nation's history. "It is not only kitsch, it smacks of social engineering," says Sasho Ordanoski, a prominent political analyst. "What we are seeing is a typically populist regime building a nationalist superstate. By trying to reform our ethnic identity, to say we are not Slavs but hark back to an older age, they have resorted to a process of antiquitisation."
Petar Arsovski, another commentator, said: "We never grew up hearing about the feats of Alexander the Great. If there was any mention of him, it was very obscure. Gruevski is turning this city into a theme park, a place that looks a bit more like Las Vegas every day."
But across town, in the communist-era headquarters of the Macedonian Academy of Arts and Sciences, Professor Blaze Ristovski disagrees. The silver-haired academician has spent a lifetime studying the history of his beloved country and for him the statue-building amounts to a "very useful" exercise.
http://www.guardian.co.uk/world/2011/aug/14/alexander-great-macedonia-warrior-horse?INTCMP=SRCH
Националистички кич или македонски одговор
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8FFBBA9395770A41B4D68CD00DD0F6E5
Меѓу големите облаци прав, огромни булдожери постојано ја „глодаат“ земјата, додека оваа поранешна југословенска република спроведува еден од најголемите урбани планови за обновување во Европа. И сето тоа се случува во заднината на 20-годишниот спор со нејзиниот северен сосед Грција околу поседувањето на името Македонија. Скулптурата, која е дел од градежната треска со која се поставија готски зданија, грандиозни мостови и триумфална порта, се означува како крунисана гордост на проектот.

За отворено националистичката влада во Скопје, овој ремонт е поелоквентен отколку кое било друго пропагандно средство во долгата битка со Грција за името на земјата и правото да се тврди дека Александар е национален херој. Во услови кога Грција е во економска криза, не можеше да се случи во подобро време.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
says Sasho Ordanoski, a prominent political analyst. "What we are seeing is a typically populist regime building a nationalist superstate. By trying to reform our ethnic identity, to say we are not Slavs but hark back to an older age, they have resorted to a process of antiquitisation."
овој заменик на милчин нешто или?
цела историја од вакви си патиме, не е ова од вчера
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Кога гледам од кој е написов, ми се гади...Хелена Смит, тежок националист. Кога ќе прочитам па колку бугарите као бора бора се загрижени за мојата татковина...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Кога гледам од кој е написов, ми се гади...Хелена Смит, тежок националист. Кога ќе прочитам па колку бугарите као бора бора се загрижени за мојата татковина...
А што мислиш Лурц , има ли вистина во написот?

НЕ сметаш ли дека Воинот на коњ одекна многу лошо надвор од границиве наши напатени?

Се е во интерпретацијата на нештата, а не во нивната вредност.

Можеме да мислиме колку сакаме дека сме во право за се, ако тоа не знаеме да го презентираме надвор и да здобиеме симпатии, џабе е се. На тоа поле нашите јужни соседи се велемајстори (ај валда помина тоа:P).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
А што мислиш Лурц , има ли вистина во написот?

НЕ сметаш ли дека Воинот на коњ одекна многу лошо надвор од границиве наши напатени?

Се е во интерпретацијата на нештата, а не во нивната вредност.
Знаеш, кога Хелена ќе напише за национализмот (ова подразбира дека во темата се работи за официјална политика, а не за улични пресметки и инциденти) кон македонците и градбата на исти вакви споменици кај нив, кога бора бора ќе напише нешто за постојаните напади од официјални лица од Бугарија (директори на институти и разноразни вип личности) дека не постои македонска нација, дека Охрид е нивни, дека Филип 2 во име на национализмот го изградиле во Бугарија...кога секој од нив ќе почне да си ги признава своите национализми...ќе сфатат дека кај нив а не кај нас постои (барем официјален, не фудбалски или мрежен) национализам.

а за што е таа хелени и грците во право, а ние не по ова прашање? Едно е што се набутани на куп на плоштад, личат или не личат...од стилски, вкусовен аспект... друго е кое чие е и зошто е. Тие грци се за жал продолжена рака на големите. Ако падне или официјално се демантира дел од историјата, истите тие големи сили ќе си ја демантираат својата историја. Затоа и ја изградија и (во јужниот дел, со бомби) ја одбранија. Од ископините, наодите, неолитските населби...се забележува (без разлика што не сум историчар) дека многу нешта во англиската историја не штимаат.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Знаеш, кога Хелена ќе напише за национализмот (ова подразбира дека во темата се работи за официјална политика, а не за улични пресметки и инциденти) кон македонците и градбата на исти вакви споменици кај нив, кога бора бора ќе напише нешто за постојаните напади од официјални лица од Бугарија (директори на институти и разноразни вип личности) дека не постои македонска нација, дека Охрид е нивни, дека Филип 2 во име на национализмот го изградиле во Бугарија...кога секој од нив ќе почне да си ги признава своите национализми...ќе сфатат дека кај нив а не кај нас постои (барем официјален, не фудбалски или мрежен) национализам.

а за што е таа хелени и грците во право, а ние не по ова прашање? Едно е што се набутани на куп на плоштад, личат или не личат...од стилски, вкусовен аспект... друго е кое чие е и зошто е. Тие грци се за жал продолжена рака на големите. Ако падне или официјално се демантира дел од историјата, истите тие големи сили ќе си ја демантираат својата историја. Затоа и ја изградија и (во јужниот дел, со бомби) ја одбранија.
И како некоја државичка како нашава ќе се спротивстави на големите сили? Веројатно никако. Чаре?

И кој дел од историјата по тебе би бил демантиран или има основа д абиде демантиран, и што ние добиваме од тоа демантирање?

Некаде по другите теми имав напишано една мисла на Френклин Делано Рузвелт пред да стане претседател на САД 30 тите години:
"Тешко на оној народ што се врти кон своето минато и историја, а не кон својата иднина".
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
И како некоја државичка како нашава ќе се спротивстави на големите сили? Веројатно никако. Чаре?

И кој дел од историјата по тебе би бил демантиран или има основа д абиде демантиран, и што ние добиваме од тоа демантирање?

Некаде по другите теми имав напишано една мисла на Френклин Делано Рузвелт пред да стане претседател на САД 30 тите години:
"Тешко на оној народ што се врти кон своето минато и историја, а не кон својата иднина".
но грците врз основа на таа историја се палат да ни сменат име...бугарите (конкретно Атака) врз таа историја се пали да го земе струмичкиот регион...историјата дал на балканот или погоре...не е за одбацити.
И кој дел од историјата по тебе би бил демантиран или има основа д абиде демантиран, и што ние добиваме од тоа демантирање?
во подфорумот историја постојано се постираат наоди, анализи и проекти...види таму. Ако сакаш конкретно, последно за цементот...на англиските сајтови ќе најдеш дека првин грците а потоа римјаните се служеле со цементот. Но на други кои не се под влијание на англосаксонските конструкции (како и дарвинизмот) ќе најдеш податок дека се работи за македонци, а не за грци.
Еве и свеж пример...битката кај Пидна и нелогичностите, постирано од луѓе како кои тоа го знаат и/или работат
http://forum.kajgana.com/threads/Битката-кај-Пидна-1-jуни-139-г-пне.53133/

И како некоја државичка како нашава ќе се спротивстави на големите сили? Веројатно никако. Чаре?
можеби и никако, но тоа не е причина да се согласам со хелена и сличните и да кажам -да така е, ние сме националисти или без основа Александар е поставен во Македонија...а зошто сме ние националисти? зошто е споменик на Александар националистички чин?

Ти дали пример се сложуваш со овој нејзин текст? еве дел...
For the overtly nationalist government in Skopje, the overhaul is more eloquent than any other propaganda tool in its long battle with Greece over the country's name, and the right to claim Alexander as a national hero.
и слични ставови на хелени?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
но грците врз основа на таа историја се палат да ни сменат име...бугарите (конкретно Атака) врз таа историја се пали да го земе струмичкиот регион...историјата дал на балканот или погоре...не е за одбацити.
во подфорумот историја постојано се постираат наоди, анализи и проекти...види таму. Ако сакаш конкретно, последно за цементот...на англиските сајтови ќе најдеш дека првин грците а потоа римјаните се служеле со цементот. Но на други кои не се под влијание на англосаксонските конструкции (како и дарвинизмот) ќе најдеш податок дека се работи за македонци, а не за грци.
можеби и никако, но тоа не е причина да се согласам со хелена и сличните и да кажам -да така е, ние сме националисти...а зошто сме?

Ти дали пример се сложуваш со овој нејзин текст? еве дел...
и слични ставови на хелени?
Види многу тешко за верување е дека Бугарија ќе го земе регионот кој го наведуваш, дека Грција и со промена на името ќе избега од многу парадоксални идни моменти. 21 век е.

Тие наоди и анализи од историјата нека си продолжат, јас само велам дека конечно треба да се завртиме кон иднината, ама очигледно тешко оди тоа, бидејќи најлесно е да се контролира толпата преку величење на историски моменти и претци (се надевам ми ја сфаќаш поентата).

Ќе се појават многу Хелени понатака како оваа од текстов, не можеш да ги спречиш. Искрено не ни читам такви текстови, ме заинтригира насловот. ТОј цитат што си го навел нормално е не се согласувам со него. Но воопшто не ми значи како таков ама баш ништо. Имало, има и ќе има такви цитати.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Никој не вели дека не треба да гледаме во иднината, но конкретно збориме за текстот, неговата содржина и "фактите" со кои располага. Доколку излезеше сличен текст со обратна содржина (за грчкиот национализам и спомениците на Александар во грција) пишувана од македонец, сигурно грците ќе се потрудеа да го отстранат.
Види многу тешко за верување е дека Бугарија ќе го земе регионот кој го наведуваш, дека Грција и со промена на името ќе избега од многу парадоксални идни моменти. 21 век е.
Не е зборот дека нешто навистина ќе земат него дека соседните официјални лица се далеку поголеми националисти него ние. Соседите бараат или територија, или име, или един народ, или те блокираат со одредени одлуки во европските институции...Кога не би се случувало сето ова (а кое постојано дозирано се иницира од некои соседи), секако дека би се определиле исклучиво за иднината, а би ги оставиле археолозите и историчарите да си ја работат работата.
Ќе се појават многу Хелени понатака како оваа од текстов, не можеш да ги спречиш.
хехе :), јбг...не можам, права и слобода...ама можам да не се сложам со злобната позадина на авторката на текстот во Гардијан.
Знаеш, мило ми е што живеам во држава и што пишувам на ф. (и што ме трпат) каде смеам да дадам забелешка против некои македонски, наши потези...таа привилегија посебно грците ретко ја имаат.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Можеби со иронија ја нарекла оваа капитулантска влада “националистичка“.

Како е оваа Влада националистичка, кога спроведува политика на албанизација на македонската држава и која слави јубилеј од потпишување на капитулациски договор, се залага за негово спроведување и се откажува од своите доброволци, дополнително загорчувајќи им го и онака мизерниот живот.

Која националистичка Влада тужи поради неспроведување на антимакедонскиот договор со кој се забрануваат македонските симболи и се налага промена на име.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Никој не вели дека не треба да гледаме во иднината, но конкретно збориме за текстот, неговата содржина и "фактите" со кои располага. Доколку излезеше сличен текст со обратна содржина (за грчкиот национализам и спомениците на Александар во грција) пишувана од македонец, сигурно грците ќе се потрудеа да го отстранат.
Не е зборот дека нешто навистина ќе земат него дека соседните официјални лица се далеку поголеми националисти него ние. Соседите бараат или територија, или име, или един народ, или те блокираат со одредени одлуки во европските институции...Кога не би се случувало сето ова (а кое постојано дозирано се иницира од некои соседи), секако дека би се определиле исклучиво за иднината, а би ги оставиле археолозите и историчарите да си ја работат работата.
хехе :), јбг...не можам, права и слобода...ама можам да не се сложам со злобната позадина на авторката на текстот во Гардијан.
Знаеш, мило ми е што живеам во држава и што пишувам на ф. (и што ме трпат) каде смеам да дадам забелешка против некои македонски, наши потези...таа привилегија посебно грците ретко ја имаат.
Ако требаше да се разговара околу самиот текст јас се повлекувам:)
Воопшто не ме интересира некој текст напишан од којзнае кого, којзнае каде.

Во принцип сакав да доловам дека крајно време е македонскиот народ да се сврти кон иднината. Доста е вековно малтретирање и животарење. Јас лично сметам дека еконмскиот напредок на оваа земја и овозможување подобра животен стандард на граѓаните е ДАЛЕКУ ПОБИТЕН од било кој споменик на Аце, татко му, од било која додавка на "библиското" име Македонија.

Неспособноста и немањето желба на оваа, а и претходните влади, секогаш се затскрива зад наједноставните 2 аргумента за контрола на толпата: национализам и величење на минатото.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Види многу тешко за верување е дека Бугарија ќе го земе регионот кој го наведуваш, дека Грција и со промена на името ќе избега од многу парадоксални идни моменти. 21 век е.
А реално ли е дека Македонија ќе ги земе останатите два дела?

Тие наоди и анализи од историјата нека си продолжат, јас само велам дека конечно треба да се завртиме кон иднината, ама очигледно тешко оди тоа, бидејќи најлесно е да се контролира толпата преку величење на историски моменти и претци (се надевам ми ја сфаќаш поентата).
Доколку ја заборавиме историјата ризикуваме да ни се повторат грешките од минатото, би сакал да почнеш со преобразување од Евреите.

Доколку ги изоставиме нашите видни историски личности ќе го изгубиме и примерот на кој треба да се огледуваме, начинот на кој треба да се бориме за нашите човечки права, нашиот јазик, правото на сопствена држава.

Александар не претставува само воен стратег. Но сите тие славни моменти би биле недостижни доколку го немал најдобро образование, од најдобрите учители, доколку не бил воспитан да биде дисциплиниран и трудољубив, упорен и лојален.
И кон тоа треба да се стремиме.

Ќе се појават многу Хелени понатака како оваа од текстов, не можеш да ги спречиш. Искрено не ни читам такви текстови, ме заинтригира насловот. ТОј цитат што си го навел нормално е не се согласувам со него. Но воопшто не ми значи како таков ама баш ништо. Имало, има и ќе има такви цитати
А зошто не ти значи извитоперувањето на историјата и демонизирањето на Македонците?

Зошто овие автори и сите т.н. “Кризни Групи“ не се зафатат со една Белгија во која е престолнината на ЕУ, земја која цела година е без формална Влада со што убедливо го држи светскиот рекорд и која е на работ на распад, но ете... сепак никој не пишува за Белгија.
Сите се преправаат дека кај нив се функционира супер, а постојано се фокусираат на држави како Македонија кои се дежурните лоши момци.

Гревот на Македонците е што во ЕУ гледаат како на Светиот Грал и доколку тоа не се промени самите ќе се турнеме во амбисот каде сите сакаат да не видат.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. А реално ли е дека Македонија ќе ги земе останатите два дела?

2. Доколку ја заборавиме историјата ризикуваме да ни се повторат грешките од минатото, би сакал да почнеш со преобразување од Евреите.

Доколку ги изоставиме нашите видни историски личности ќе го изгубиме и примерот на кој треба да се огледуваме, начинот на кој треба да се бориме за нашите човечки права, нашиот јазик, правото на сопствена држава.

Александар не претставува само воен стратег. Но сите тие славни моменти би биле недостижни доколку го немал најдобро образование, од најдобрите учители, доколку не бил воспитан да биде дисциплиниран и трудољубив, упорен и лојален.
И кон тоа треба да се стремиме.

3. А зошто не ти значи извитоперувањето на историјата и демонизирањето на Македонците?

Зошто овие автори и сите т.н. “Кризни Групи“ не се зафатат со една Белгија во која е престолнината на ЕУ, земја која цела година е без формална Влада со што убедливо го држи светскиот рекорд и која е на работ на распад, но ете... сепак никој не пишува за Белгија.
Сите се преправаат дека кај нив се функционира супер, а постојано се фокусираат на држави како Македонија кои се дежурните лоши момци.

4. Гревот на Македонците е што во ЕУ гледаат како на Светиот Грал и доколку тоа не се промени самите ќе се турнеме во амбисот каде сите сакаат да не видат.
1. Секако е дека е нереално и никој не се ни плаши од тоа.

2.Дали мислиш дека Македонија како држава се стреми кон болдираното? Јас мислам далеку сме од такво нешто и затоа е мојот револт.

3. Ова е типичен став за човек кој мисли дека се знае, дека владее со светската историја беспрекорно и дека се што прави светот прави против него. Пријателе ти не си ни свесен како живеат во Белгија. Пред 3 месеца бев во Белгија.Ним не им треба влада за да функционираат беспрекорно. Никој бе пријателе не се фокусира на МАкедонија. ГИ боли таквото за нас. Нас ни треба нивниот фокус да излеземе од оваа беда и сиромаштија. Половина не знаат ни кај с енаоѓа оваа држава а камоли да се напрегаат да не демонизирата и слично.

ТОа се приказни конструирани за да се затскријат сите криминални дејствија и немањето желба да се оди економнски напред.

4. Каков Свет Граал бе пријателе. Каков амбис. Во АМБИС СМЕ 6 векови веќе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
А што мислиш Лурц , има ли вистина во написот?

НЕ сметаш ли дека Воинот на коњ одекна многу лошо надвор од границиве наши напатени?

Се е во интерпретацијата на нештата, а не во нивната вредност.

Можеме да мислиме колку сакаме дека сме во право за се, ако тоа не знаеме да го презентираме надвор и да здобиеме симпатии, џабе е се. На тоа поле нашите јужни соседи се велемајстори (ај валда помина тоа:P).
Да ти кажам мене, ме заболе од трите подолгото како одекнал споменикот надвор од границите. Ако не им се бендисува, ич такво не ме боли, нивни проблем си е тоа, не наш...
Исто ко сега да земам во дворот дома кајсија да посадам и ми дојди комшијата ми мрчи зошто кајсија, тој иста таква имал, па да ме тера да ја корнам...
Само на странски платеници, шпиуни, пропагатори и останати малодушни суштества им е гајле шо ќе речат другите.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да ти кажам мене, ме заболе од трите подолгото како одекнал споменикот надвор од границите. Ако не им се бендисува, ич такво не ме боли, нивни проблем си е тоа, не наш...
Исто ко сега да земам во дворот дома кајсија да посадам и ми дојди комшијата ми мрчи зошто кајсија, тој иста таква имал, па да ме тера да ја корнам...
Само на странски платеници, шпиуни, пропагатори и останати малодушни суштества им е гајле шо ќе речат другите.
Хаха у принцип е точно ова што го кажуваш:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom