- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Наскоро на Сител - турската хит серија "ЃУМУШ"
***
Ѓумуш е турска романтична теленовела, која со самото појавување во арапскиот свет во 2008 година предизвика огромно внимание и заинтересираност, станувајќи културолошки феномен за кој се уште се зборува. "Ѓумуш" стана водечка турска синхронизирана серија во земјите од арапскиот свет, па затоа беше лансиран и посебен канал во партнерство со Showtime Tv Arabia, специјално посветен на фановите на серијата кои секојдневно ќе може да ги следат авантурите на убавата девојка Ѓумуш која влегува во светот на богатите. Просечната гледаност на серијата на Истокот беше околу 3-4 милиони гледачи, а последната епизода беше гледана од 85 милиони Арапи во август 2008. Поради незапаметената популарност на еден ваков формат (сапуница), беше дополнително снимен и филм со буџет од 3,5 милиони долари. Во основа на приказната и судбината на ликовите е муслиманската религија и традиција, но прилагодена на соврeмени и секојдневни сфаќања.