Го ѕирнав на демото, на почеток е повреден, ама конечно еден одличен лев бек, а да не кошта 3 милијарди. Мислам на почеток може да се земе за 16-20 милиони што е пристојна цена (е за другите сезони не знам, тоа кога ќе играм фул верзија).David Alaba e must - buy.
Иначе кога сме кај трансферите, веројатно доста од вас го видоа Џагоев кој за фри се зима во јануари, после Демба Ба можеш да го лапнеш за 8 милиона и добиваш добар напаѓач (а може да игра и лево крило), а одличен е за тимови од калиброт на Тотенхем пример. Интересното е што цената му е околу 15 милиони, а можеш да го купиш за точно 8 ( и не можат да ти одбијат ). Исто таква е ситуацијата и со еден бразилски младич, Wellington Nem, (цена околу 11, се купува за 4). Искрено не го знам каков фудбалер е, али според тоа што викаат скаутите, екстра играч за таа цена, природна му е AMC, а може да игра лево/десно крило и напаѓач. Тие се трансферите кои се интересни. Тука можеби би ги вбројал и Андерсон/Албиол (од трансфер листа), секако во зависност од тимот со кој играш, буџетот и за која позиција ти треба играч. А да, да не заборавам. Можете да го позајмите Ел Шарави и да ставите future fee 15-20 милиона ( ова е супер посебно ако играш со побогат тим, а и за едногодишна позајмица секако е добар).