FIFA Ballon d'Or 2014

Најдобар играч и тренер во 2014 година?


  • Вкупно гласачи
    174

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
На 12 Јануари 2015 година ќе се одржи свечената гала во Цирих каде ќе се доделат награди за најдобар играч во календарската 2014 година, како и за најдобар тренер, најдобар гол и воедно ќе се објави идеалната 11ка FIFPro World Eleven.

Минатата година наградата ја освои по втор пат Кристијано Роналдо и ја прекина рекордната низа на Меси од 4 последователни златни топки. Роналдо според букмејкерите е главен фаворит и оваа година (1.15 коефициент). Бидејќи има тема за Пушкаш наградата за најдобар гол, тука нека стојат најбитните награди, за најдобар тренер и играч.

Номинирани тренери:
Јоаким Лев
- Светско првенство

Карло Анчелоти
- Лига на Шампиони, Копа дел Реј, УЕФА Супер Куп

Диего Симеоне
- Ла Лига, финале во Лига на Шампиони, Шпански Супер Куп.



Номинирани играчи:
Кристијано Роналдо
- Лига на Шампиони, Копа дел Реј, УЕФА Супер Куп
- Златна копачка, топ стрелец во Лига на Шампиони (со рекорден број голови), UEFA Best Player, топ стрелец во Ла Лига.

Лионел Меси
- Финале на Светско првенство, финале на Копа дел Реј
- Најдобар играч на Светското првенство, ги турна и рекордите на Зара и Раул во Ла Лига и Лига на Шампиони.

Мануел Ноер
- Светско првенство, Бундес Лига, Германски Куп
- Најдобар голман на Светско првенство

Коефициенти
Роналдо 1.15
Меси 8
Ноер 9



Има и за жени.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Диего Симеоне е прекрасен тренер и заслужува за прекрасна година ...
Кристијано Роналдо исто така одлична сезона ,глас дадов за овие двајца ...
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.248
Поени од реакции
5.213
Има и за жени.................... и рец :pos:

Роналдо треба да земе пошо беше боље од Меси ако се земе цела година, башка на Меси му дадоа на светско награда незаслужена доста му е една. Од трењери Симеоне мора да земе прошлава година беше убедливо најдобар трењер би рекол поише направи и од Лев ако се земе предвид какви играчи имаа и двата трењери на располагање.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
За Меси немало што да се пише и ги турнал рекордите. :icon_mrgr: Рекордите се труд од целата кариера на Меси, а не од 2014 година. Мислам дека Роналдо треба да ја освои наградата, беше убедливо најдобар фудбалер оваа година. Може некако да ја добие и Нојер ради СП, ама тешко. Меси мислам дека нема шанса. :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја гласав за Мануел Ноер, реално треба да му се даде признание т.е Златна Топка, веќе 3-4 сезони е убедливо најдобар голман у свет, има освоено се што може да се освои за тој период. Кога можеше Канаваро да добие Топка во 2006та година, не гледам причина зошто Ноер не би земал.

Тренер гласав за Чоло иако мислам дека сепак на Лев ќе му ја дадат пошто е Светски шампион, нешто слично како Дел Боске пред 2 години.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.220
За Меси немало што да пише и ги турнал рекордите. :icon_mrgr: Рекордите се труд од целата кариера на Меси, а не од 2014 година.
А шо да прам :D Tрофеи такоџе пишував во горната графа, па за него пишав финалиња. Ако остаев празно ќе бев субјективен. :D
Инаку ич не ме изненадува номинацијата на Меси, чак и очекувам втор да биди. ;)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Според мене, наградата за најдобар тренер мислам дека треба да оди кај веќе докажаниот Анчелоти, тренер со голем квалитет кој секоја екипа би го посакала. Не сакам Диего да го ставам во сенка, тој беше доста добар изминатата сезона на клупата на Атлетико, но Анчелоти со својот супериорен тим го надигра во финалето на ЛШ. Не се одредувам според победата во финалето туку по прикажаното во цела година. Анчелоти ми беше подобар од Диего.

Наградата за најдобар фудбалер според мое мислење треба да ја зеде Мануел Ноер, доста квалитетен голман, тоа ни е добро познато. Одлично се прикажа изминатата сезона а и мислам нема да биде интересно нон-стоп Роналдо - Меси да си ја мењат, треба промени.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
За тренер иако мислам дека има најмалце шанси, мојот избор би бил Симеоне, од проста причина што сметам дека заврши најголема работа минтата сезона. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Би гласал за Анчелоти и не би било незаслужено ако освои со оглед на тоа дека ја донесе најпосакуваната титула на најверојатно најпосакуваното место, во Реал , каде што цела деценија се фрлаа огромни пари за да се земе оваа 10та ЛШ и на крај тоа му успеа на Анчелоти а не на Мурињо,Капело итн итн....

Но мислам дека повеќе ќе му значи наградава на Симеоне поради тоа што од еден не толку познат тим(по имиња) успеа да им земе домашно првенство на Реал и Барса а и се пласираше во финалето на ЛШ, значи максимално го исцеди тој тим што го имаше ама и страшно ги мотивира играчите бидејќи забележаа феноменални успеси.

За играч гласав за Роналдо бидејќи според мене искина, не дека Ноер не ја заслужува туку напротив тој е најдобриот голман дефинитивно ама пак Ронално си е Роналдо.
 
Ф

Флеш

Гостин
Според мене, наградата за најдобар тренер мислам дека треба да оди кај веќе докажаниот Анчелоти, тренер со голем квалитет кој секоја екипа би го посакала. Не сакам Диего да го ставам во сенка, тој беше доста добар изминатата сезона на клупата на Атлетико, но Анчелоти со својот супериорен тим го надигра во финалето на ЛШ. Не се одредувам според победата во финалето туку по прикажаното во цела година. Анчелоти ми беше подобар од Диего.

Наградата за најдобар фудбалер според мое мислење треба да ја зеде Мануел Ноер, доста квалитетен голман, тоа ни е добро познато. Одлично се прикажа изминатата сезона а и мислам нема да биде интересно нон-стоп Роналдо - Меси да си ја мењат, треба промени.
Имаш поента , но екипа која ја имаше Симеоне во споредба со гиганти на Реал и Барса и да освоиш лига и до финале да однесеш екипа ,би требало Симеоне сите заслуги ....
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
За тренери јас би рекол Симеоне.И Германија и Реал беа едни од главните фаворити во натпреварувањата а ретко кој очекуваше Атлетико да освои Ла Лига и да стигне до финале на ЛШ дури и за влакно ќе ја освоеше.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
1.939
Поени од реакции
1.930
Kaко влага Меси у конкуренција уопште не им е јасно... Роналдо/Симеоне
 

Kajgana Shop

На врв Bottom